Твои, затоа што ја туркаш таа идеологија.
Како мислиш сме немале десна идеологија на власт?
"Левите" продобивки во последните 60 години во бивша Југославија беа најдобрите во светот на социјалистичките земји.
Инаку придобивките од самата 'лева' идеологија се реално многу поголеми во западно-капиталистичките земји, најмногу заради страв од нардот, во многу тие земји се применија леви методи, во образованието, здраството итн.
Јас не гледам разлика меѓу десничари и десно ориентирана идеологија. А и во крајна линија ти ги генерализираш и ги туркаш во ист кош сите и правиш две групи леви и десни.
Десничар кај треба да биди во твојте две категории?
И за крај, ако веќе нема во Македонија десно ориентирана влада, кај има во светот десно ориентирана влада која била 'попатриотска', а и баш ме интересира кој ти се критериумите на патриотизам, па да ги разликуваш кој е по патриот од друг.
Затоа и ти го наведов примерот од свештеникот.
Еве типичен пример, овде на форумов има многу 'патриоти', ама не сите и прават добро на државава и народот.
Не е многу битно што зборуваш, туку што правиш.
“Кружен тек“ во дискусијата е непродуктивен.
Имаш конкретни примери и споредби на темава, само треба да се потрудиш да ги прочиташ.
Македонците во својата историја немале можност да ја развиваат десната мисла или пак да го уредуваат своето општество според нејзините благородни начела.
Причини за ова се многу, но една од нив надвиснува над сите останати со својата битност.
Таа причина е неминовниот елемент на нашата историја како општество, а тоа е нашата неповолна позиција на народ кој бил постојано под нечија окупација.
Како што стојат работите насекаде во светот, па и кај нас, е фактот што окупатор
не работи на просветлувањето на народот кој го окупирал, туку напротив.
Бидејки слобода и индивидуализам се основните темели на десната мисла лесно може да се види зошто кај нас таа мисла се нема развиено.
Минатиот режим и неговите карактеристики исто така функционираше како окупаторски јарем бидејки во себе не само што не инкорпорираше слобода и индивидуализам туку се темелеше врз принуда и колективизам.
Како секој окупаторски режим и минатиот режим се служеше со системот за совладување наречен раздели па владеј.
Бидејки беше левичарско уредување како систем
ја казнуваше секоја појава на десната мисла.
Според ова може да се заклучи дека и социјалистичкиот период во кој живеел македонецот бил окупаторски.
Затоа не евоопшто чудно што за време на нашето осамостојување појавата на антикомунистите природно се поврза со борбата за вековниот сон на македонецот.
Тие што се бореа против социјализмот (левичарството) се бореа и за нашиот вековен идеал, самостојна македонска држава.
Не бевме видливо поробени, но не бевме ни слободни, ни самостојни.
Поинаку кажано, не бевме поробени, во класична смисла, ние бевме неслободни.
На социјализмот му успеа за
педесетина години тоа што не му успеа на ниту еден окупатор во нашето вековно ропство.
За многу кратко време успеа, како народ, да не покори.
Разлики меѓу
Десно Ориентиран и
Десничар.
Имајте на ум дека постои голема разлика.
Десно ориентираната личност, се залага за слобода, индивидуализам, правна држава и слободна пазарна економија.
Нејзините двигатели се основните и неотуѓивите права на човекот: правото на живот, правото на слобода и правото на несметана потрага по сопствената среќа.
Залагањето за овие права се воедно и цел на нивна одбрана и промовирање.
Доколку се извитоперат овие основни и неотуѓиви права неминовно ќе дојде до несакани последици во едно општество.
Преку
извитоперувањето на овие права левичарот се обидува да ги задоволи своите интереси за власт и саможивништво врз населението.
Десничарот е сличен на паразитот во природата.
Тој
само декларативно се залага за основните состојки кои ја сочинуваат благородната десна ориентираност.
Тој, како и паразитот, опстојува и се храни од домаќинот. Со полна уста слаткоречивост, истовремено користејки манипулација и мешетарење, ги злоупотребува и ги извитоперува постулатите на десната ориентираност користејки ги како параван за сопствените сурови постапки кои се поттикнати од алчност и саможивништво.
Може слободно да се донесе заклучок дека помеѓу десничарот и
левичарот не постојат суштински разлики во нивното дејствување.
Десничарот, како и антикомунистот,
не се залага за нешто.
Нивното дејствување се забележува преку тоа што се исклучиво
против нешто, особено се против левичарите, комуњарите,
само затоа што тие им се најголемата конкуренција во општеството при приграбувањето на општественото богатство.
Десничари се моментално оние политичари кај нас познати како
вториот ешалон на СДСМ кои влегоа во ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ДПМНЕ
не е партија со десна ориентираност, иако декларативно себе си се позиционира како десен-центар.
Тоа пред се' го прави за да се наметне како контра опција на левичарите од СДСМ, од кои всушност и самите произлегоа, меѓутоа неможеле да ги остварат своите “леви“ амбиции.