Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Левицата како идеологија е глобално распространета и е исклучително широк поим, и затоа е невозможно да се опише еднозначно, па затоа, во овој пост, ќе се задржам исклучиво на македонската левица, како политичката така и интелектуалната - експертска.
Ако ги разгледате еволуциите на ставовите на македонските политичари кои себеси се нарекуваат левичари, како и на лево ориентираните интелектуалци и „интелектуалци“ во нашата земја, како основна константа, како нешто што сите го имаат заедничко (без оглед на нивнитие разлики) е – стравот од стандард или неприфаќањето на репер. Што значи ова?
Стравот од стандард означува упорно и речиси патолошко одбивање во општествените односи да се постави некој стандардизиран лик или појава или идеја според која ќе се проценуваат другите општествени ликови, појави или идеи.
Најсвеж пример кај нас е ликот на Александар Македонски, човек кој македонската левица да може (да е на власт) би го избришла од македонската историја. Александар Велики е нашиот историски стандард, нашиот лидерски репер, според чии достигнувања можеме да ги мериме и да ги оценуваме другите лидери во нашата историја.
Погледнете ги околните земји. Територијата на Бугарија некогаш не се викала Бугарија (т.е. Б’лгарија) туку била составена од два речиси неповрзани региони, Тракија и Мизија. Албанија некогаш не се викала Албанија (т.е. Шкиперија) туку заедно со голем дел од Црна Гора се викала Илирија. Косово не се викало Косово, туку Дарданија (ова значи „земја на крушите“ ако не сте знаеле). Македонија од друга страна, пред безмалку 30 векови се викала исто како што се вика денеска – Македонија. Зошто е тоа така? Кој е „крив“ за тоа?
Крив е Александар и неговите достигнувања. Народите кои ја населувале Тракија, Мезија и Илирија никогаш не дале некој значаен лик во својата историја поради кој целиот свет би ги запаметил како родни места на тој значаен лик. Но, Македонија го дала и тој не само што е најзначајниот лик во нашата историја, туку и еден од најважните и највлијателните личности во светската историја.
И токму затоа тој им пречи на денешните наши левичари. Затоа што во споредба со него, во споредба со тоа време, нивните политичко – лидерски достигнувања делуваат бедно и патетично. Се разбира, во однос на Александар Велики, сите македонски лидери од тогаш па наваму делуваат млако, но барем некои од нив (Јустиниан, Самуил, Карпош, Илинденците, АСНОМците...) се обиделе да копираат дел од неговите карактеристики и со тоа барем малку да се доближат до неговиот успех, до стандардот што тој го поставил.
Нашите левичари кога беа на власт беа сфатиле дека немаат никаква шанса да направат било што што би помогнало да заличат нивните напори барем малку на оние на најголемиот Македонец, пред сѐ поради тоа што беа длабоко мрзливи и страшливи пред странците (од Белград и од Брисел) па затоа, за да не заличат во очите на народот кој го водеа мизерно, тие направија сѐ во годините на едноумието да го запостават неговиот лик и дело. Бидејќи споредени со него и неговите следбеници, тие и нивните следбеници делуваа смешно.
Затоа е сега таа борба да се исфрли Александар од нашиот идентитет. За да немаат Македонците стандард на вистински успешен водач спрема кој ќе ги споредуваат денешните свои водачи.
Стравот од стандард македонската левица ја тера и да биде против црквата и религијата воопшто. Зошто? Бидејќи суштината на религијата е во нејзините морални стандарди – строги норми кои кажуваат што може да се прави и тоа да биде сметано за добро, а што не смее да се прави оти тоа ќе биде сметано за лошо.
Левицата бега од стандард и сака себеси да се постави за единица мерка, за репер за политичка идеја. По таа основа, левицата бара да се заборави сѐ друго кое има морална поука и да се прифати флуидната дневнополитичка „моралност“ на левичарските идеолози.
Ако ги погледнете десетте божји заповеди и ги споредите со ставовите на левичарските политичари од било која земја и било кој период на историјата ќе забележите дека тие се во директна спротиставеност. Левицата го отрфла Бога и на негово место за обожавање го става Големиот Водач (Ченин, Сталин, Тито, Мао...), левицата посакува она што е туѓо да го земе и стави под контрола на колективот (т.е. државата), левицата ја деградира забраната против прељуба со деградирањето на институцијата брак, забраната за убивање ја деградира преку логорите за неподобните оштествени класи, забраната за лажење (т.е. лажно сведочење) ја деградира преку забраната на слободата на печатот и непрестајната пропаганда од државните медиуми на кои единствено им е дозволено да постојат...
Стравот од стандард ја тера левицата да се противи и на развојот на слободниот пазар. Бидејќи, само на слободниот пазар, каде што секој има шанса да покаже колку „му сече ак’лот“ и да направи свој бизнис и да просперира или да банкротира, само во таков систем може да се покаже кој е паметен за економија, а кој не е. Но, токму тоа ги плаши левичарите. Оти во такви услови, на слободна конкуренција, тие ни приближно (поради својата мрзливост и суетност) не можат никогаш да се надеваат дека ќе се докажат како успешни.
Сонот на левицата е државата активно да ги контролира економските текови во општеството, со цел да се спречи било кој, само затоа што е паметен бизнисмен, да се збогати. За левицата, неправедно е оние кои работат паметно да заработуваат повеќе.
За левицата, државата мора да воведе едно чудно дозволи, контингенти, прогресивни оданочувања, бордови за акредитација, субвенции за непрофитабилните бизниси – со цел оние левичари кои не можат да просперираат на слободниот пазар (професори, академици, „авангардни“ уметници...) да можат да преживеат и со добиената плата од државата да глумаат економски успех.
Левицата бега и од размислувањето со своја глава и независното истражување токму поради стравот од стандард кој е длабоко всаден во нејзиниот идеолошки карактер. Бидејќи, ако им дозволите на луѓето да истражуваат, да размислуваат, да докажуваат дека можеби официјалната верзија на некој настан е погрешна, тогаш се руши догмата која левичарските режимски академици, историчари или економисти ја дефинирале како вечна и непогрешлива.
Силата на догмата е во авторитетот – ако некој овчар од Монголија зборува за економската политика во Македонија, никој нема да го слуша, но ако некој професор доктор академик од некој овдешен економски факултет каже нешто за истото прашање, тогаш неговите ставови се поприфатливи оти тие се изречени од „признат авторитет“.
Но, прашањето е кој ги признал авторитетите кои ги признаваат авторитетите кои треба да нѐ учат што е правилно а што неправилно? Историчарите од постарата генерација кај нас се сите со тапија од УДБа, која пак по директива од Белград на времето имала за задача да го задуши било кој изблик на македонската национална гордост.
Економистите од постарата генерација, со чест на ретки исклучоци, сите учествувале како советници и експерти во приватизацијата од средината на ’90ите кога беше изведена најголемата пљачка во Македонија. По кој основ, овие акедемици, професори, доктори на науки се релевантни да зборат за економија сега?
Сепак, најголем авторитет, непобедилив и неуништлив е логиката! А логиката, пуста останала, е секогаш логична и нема потреба да се потпира на некој авторитет за да биде прифатена за точна. Таа е евидентна, очигледна, конзистентна и разбирлива за секој кој има барем просечна интелигенција.
Логиката е најсилниот стандард и токму затоа од неа левицата беа како ѓавол од крст. До логички конзистентни одговори на многу прашања од нашата историја, култура, политика и економија може да се дојде само преку поставување под знак прашалник на авторитетноста на авторитетите. Т.е. на лажните авторитети. А ако ги поставите под лупа нашите авторитети од гореспоменатите области, добивате догми и митови. Нема логика.
Затоа во образованието левицата се противи на зголемување на бројот на фалкултети и на приватизацијата и ширењето на алтернативните начини за едукација. Оти, кога човек учи од независни извори, кога своите заклучоци ги добива по долго трагање и оценување на спротиставени теории и интерпретации – тешко му паѓа потоа да ги цени и возвишува догмите на „авторитетите“.
И така, дојдовме до прашањето од насловот: „зошто левицата никогаш на може да биде патриотска?“. Затоа што патриотизмот е пред сѐ љубов кон татковината, а не кон владеачката партија, не кон грст политиканти кои во тој период ја држат власта. Кога човек е искрен патриот, тој своите политички ставови и одлуки (на избори) ги донесува според тоа што е добро за неговата земја, а не за неговата партија.
Нашите гласачи се патриоти, во најголемиот дел. Тоа обајснува зошто кај нас никогаш не успеала да се наметне ултралева партија или ултрадесна партија. Затоа што екстремните политички движења не водат кон прогрес и по таа логика, гласачите ги отфрлаат редовно на избори.
Пред седум години, СДСМ дојде на власт со 500.000 гласови од луѓе кои сметаа дека партијата на Љубчо Георгиевски не работела во текот на својот мандат во интерес на државата. Денеска, СДСМ не може да се надева ни на половина од тие гласови, а и таа бројка полека се топи со секои наредни иозбори. Истовремено, Љубчо, жигосан уште во 2000та на локалните избори кога доби само 150.000 гласови, по излегувањето од ВМРО-ДПМНЕ си основа нова апритја, која исто така потона.
Луѓето чуствуваат дека сегашната гарнитура која раководи со десницата кај нас работи, колку толку, во интерес на татковината. Работи на развој на правна држава, на општество на знаење, инвестиции и економски просперитет. Воедно, го чува националтното достоинство, колку што тоа го дозволуваат условите.
Ако утре раководителите на десницата се зафатат со продавање на националните интереси со цел да си го наполнат џебот свој, ќе им се случи истото што му се случи и на Љубчо. Никој не гласа за Груевски затоа што е многу убав, висок и елоквентен, туку затоа што тој работи во интерес на македонскиот напредок. Ако утре тој го батали тоа, народот ќе го батали и него.
И конечно: токму затоа левицата наша не може да биде патриотска. Затоа што таа е неспособна да работи за македонските национални интереси, поради своите незнаење, мрзливост и злоба, поради желбата за збогатување на сметка на некој друг т.е. народот. Тоа сѐ повеќе луѓе го согледуваат и затоа тие не можат да пркнат и после два изборни порази и престојниот трет.
Затоа и толку напрно работи на уништување на патриотизмот и било кое национално чуство кај Македонците. Оти кога човек е патриот, тој ги става интересите на Македонија секогаш пред интересите на Партијата, било која и да е таа партија.
Затоа левицата мора да ја избрише Македонија од мислите на Македонците. Затоа што Македонија, кога ќе ја нема, кога ќе го нема стандардот кон кој ќе се стремиме, кога немаме историја која ќе нѐ инспирира, кога немаме религија која нѐ учи да бидеме добри и морални личности – тогаш единствениот авторитет е Партијата и Големиот Водач.
Преземено од блогаташ.