Кој од бившото СФРЈ ќари од распадот на државата?

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
На која од поранешните југословенски републики најмногу им одговараше распадот на СФР Југославија?

Во текот на последните 18 години една од омилените теми на разговор е како некој од страна или некој од внатре успеал да ја растури државата Социјалистичка Федеративна Република Југославија? Целите се некако матни - од Велика Србија, до американска контрола на Хрватска (!???), ватикански заговор за доминација (Opus Dei), еврејското ционистичко-банкарско лоби, германски обид за нов продор на Балканот (Drang Nach Osten)....

Чија беше поранешната СФР Југославија? Кој ги контролираше работите? Прв одговор е дека Србите имаа целосна контрола, сите пари одеа таму, се се одлучуваше во Белград, останатите републики немаа вистински глас . Од 8 федеративни едники, Србите контролираа прво 4 (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Војводина), а потоа со превратот во Косово 5. Невозможен е идеалот на СФРЈ во ваква ситуација.
Некои (посебно Србите) тврдеа дека Југославија се контролира од моќните луѓе во Хрватска и Словенија, прво Тито, потоа Кардељ, потоа луѓе како Стане Доланц, Милка Планинц, Стипе Шувар... Дури и кај нас во Македонија секогаш остана тој мит дека Словенците се посебно себични и мислат само на себе, дека со сите други (Срби, Босанци, Црногорци, дури и Хрвати) можеш да најдеш заеднички јазик, но дека Словенците го гледаат само својот интерес. Српското САНУ дури излезе со тоа дека Југославија е хорор-приказната на српскиот народ во која нивните интереси стратегиски и постојано се поништуваат.
По златното доба од 1970-тите, како и секаде во светот дојдоа 1980-тите, во кои имавме и светска рецесија, која наликува на оваа, парите се намалија, растот запре (во 1977 СФРЈ и Јапонија имале ист БДП!), репресијата на националните идентитети (освен српскиот) беше зголемена. И тогаш тргна се наопаку, се испотепавме, понекогаш политички понекогаш со топови (од Вардара па до Триглава) и од СФРЈ станавме СФРЈ-Словенија+Албанија, или популарно Југоисточна Европа....

Но, кој навистина политички "ќари" од бившите републики?
1.Словенија 10/10. Мислам дека навистина нема сомнеж дека на Словенците и без СФРЈ им е добро. Високи плати, висок стандард, фабриките се уште во државни раце, не-криминална транзиција и приватизација... Сега однеднаш тие се фактор во политичката игра, каков што не беа во СФРЈ, сите од новиот термин Југоисточна Европа им завидуваат на моќта, сакаат да се партнери со нив, скијаат на скии Елан, чуваат храна во фрижидери Горење, а дури и сакаат мебел од Мебло... Уште Хрватите да дадат малку од морето да може да се тера бизнис, се би било совршено.
2.Хрватска 4/10. Веќе сите пари од туризмот не одат во Белград, ама во Загреб. Далмација пак го мрзи Загреб, Славонија пак ги смета за пониски Далматинците, а Загреб повторно се гордее што се вика Аграм... Србите ги протераа, па не мораа да прават рамковни договори и сега лека-полека земјата си ја продаваат (за добри пари) на Германците, Австријците и Унгарците. Како во стара добра Австро-Унгарија. Регионален фактор ко Сан Марино.
3.Босна и Херцеговина 1/10. Босанците ко по вицовите секогаш заебани. Политичка креатура од една федерација+една Република Српска, во која главната моќ ја има "намесникот" пратен од Запад - повторно идентичен австро-унгарски рецидив (од 1878-1918). И покрај тоа што економски се еднакви со РМ, сепак некој на кого уште можеме да му се потсмеваме за недостатокот на моќ.
4.Црна Гора неидентификувано/10. Црна Гора и така во СФРЈ беше единка без која можеше да фунцкионира федерацијата. Тука е Ловќен, тука се гуслите, синото море, шверцот... Ништо не е сменето (освен Титоград-Подгорица). Црногорците секогаш биле само-доволен елемент.
5.Србија+Војводина 3/10 . Српскиот сон за големина се распрсна, загубија во сите битки, но како што велат "издали ме пријатели, издао ме брат - изгубила све сам битке, но још водим рат". Се уште од бившите републики најмногу печатат, најмногу читаат... И решени се да се пазарат и преговараат со Западот... Сепак, амбициите од 1990 споредени со резултатите во 2009 значат само едно - дека не успеале.
6.Косово 8/10. Албанците, или Косоварите како што сакаат да се кажуваат, можеби се најголемите добитници. Успеаја зад себе да ги донесат НАТО и САД, да ја интернационализираат својата агенда и со сомнителни, но исклучително храбри потези да стигнат блиску до целта. Ако со толкава упорност со која ја имаа зацртано својата цел (Република Косово), продолжат да работат, оцената од 8/10 може да прерасне и во 9/10. Го добија тоа што го сакаат - каква/таква независност.

7.Македонија ??????/10.

Дајте оценка - дали на Македонија, како држава и на Македонците како народ им е подобро или полошо. Која е оценката за нас? Колку сме биле моќни политички во 1989, колку сега? Како живеевме во 1989, како сега?
П.С. Помладите кои не се сеќаваат на тие денови исто така можат да дадат оценка од нивна перспектива.
 
N

n/a

Гостин
На државно ниво (од државите кои што настанаа после распадот на Југа) дефинитивно најмногу профитираше Словенија.
На приватен план... :)
еден `ешалон` на мешетари и профитери од сите ентитети и провиненции.

Кој изгуби најмногу?
Дискутабилно :)
The story is not over yet. :)
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
7.Македонија ??????/10.

Дајте оценка - дали на Македонија, како држава и на Македонците како народ им е подобро или полошо. Која е оценката за нас? Колку сме биле моќни политички во 1989, колку сега? Како живеевме во 1989, како сега?
П.С. Помладите кои не се сеќаваат на тие денови исто така можат да дадат оценка од нивна перспектива.
Малку фатив од СФРЈ,мислењето ке ми биде малку поповршно,затоа што сеуште не е развиена целосна дискусија.

Како и да е,мечтата наречена Југославија еден ден мораше да се распрсне.

Единственото лошо за нас е што после распадот на СФРЈ,за нас како релативно млада држава,возникнаа нови проблеми,но факт е треба да се помириме дека секоја Балканска држава по дифолт треба да измине одреден трнлив пат.

Народот можеби беше задоволен од СФРЈ,но реално системот на СФРЈ како исцело не ни одговараше нам како Македонци.

Распадот на Југославија беше очигледен уште од моментот кога Србија почна да се залага за доминација во мултинационална држава,каква што беше СФРЈ.Тој трик можеби можеше да мине успешно кај останатите ,,заспани,, нации,но кај Хрватите и Словенците таков секс не минува толку лесно.

СФРЈ можеби беше добра бајка,но со трогателен крај.А,можеби е и подобро што заврши.
 
N

n/a

Гостин
Малку фатив од СФРЈ,мислењето ке ми биде малку поповршно,затоа што сеуште не е развиена целосна дискусија.

Како и да е,мечтата наречена Југославија еден ден мораше да се распрсне.

Единственото лошо за нас е што после распадот на СФРЈ,за нас како релативно млада држава,возникнаа нови проблеми,но факт е треба да се помириме дека секоја Балканска држава по дифолт треба да измине одреден трнлив пат.

Народот можеби беше задоволен од СФРЈ,но реално системот на СФРЈ како исцело не ни одговараше нам како Македонци.

Распадот на Југославија беше очигледен уште од моментот кога Србија почна да се залага за доминација во мултинационална држава,каква што беше СФРЈ.Тој трик можеби можеше да мине успешно кај останатите ,,заспани,, нации,но кај Хрватите и Словенците таков секс не минува толку лесно..
Глеј,
кратко и јасно да се разбереме.
Се согласуем дека Југославија не требало да постои.
СФРЈ е само видоизменување на творбата на Караџорџевиќ,која доколку он малку би го слушал Војвода Мишиќ не би ни постоела никогаш.
Сметката нај на крај, од здружувањето со околните олоши ја плати народот творец на Југославија.
Меѓутоа,јас сум цврсто убеден дека никој не може да заебава 12 милиони народ заувек.
Поминуваат години,ниеден политичар не е вечен (што би рекол турскиот премиер nowdays) и идеологијата е бесмртна (што би рекол Шешељ у Хаг).
А идеологијата и патриотизмот,порано или покасно ќе ја исправат грешката на идеалистот Караџорџевиќ.

СФРЈ можеби беше добра бајка,но со трогателен крај..
За кого?
За усташите?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

4.Црна Гора неидентификувано/10. Црна Гора и така во СФРЈ беше единка без која можеше да фунцкионира федерацијата. Тука е Ловќен, тука се гуслите, синото море, шверцот... Ништо не е сменето (освен Титоград-Подгорица). Црногорците секогаш биле само-доволен елемент.
Црна Гора Милој Џукановиќ/10...

Инаку ќари најмногу еу. како организација. Тогашна југославија имаше доста солидни врски со Русија, беше една од најголемите држави со вооружување, а и огромна воена технологија која и ден денес е мистерија за остатокот од светот (подземни аеродроми, магацини, хангари, - прогуглајте подземен аеродром Жељава ако ве интересира повеќе) вклучувајки ги и државите во кои се наоѓаат тие градби.

Знаете што значи да се успее да се исситне таква сила на 8 делови? И после дел по дел како ке ви чини така “работете ги“. Каде беа во тогашно време “борците за човекови права“ на Косово? Ау да бе, заборавив, го изработуваа најквалитетниот камен извезен од Голи Оток.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ју републиките се зијан до гуша.
Лесен плен на западните хоштаплери и скоро до една се претворени во банана и патлиџан држави.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ју републиките се зијан до гуша.
Лесен плен на западните хоштаплери и скоро до една се претворени во банана и патлиџан држави.
И Словенија? А што е со Македонија? Што добивме, а што изгубивме?
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
295
Koj najmnogu kjari od raspadot na SFRJ?Mnogu lesno. B.C.
 
С

Спенсер

Гостин
аххх....сите да останевме во СФРЈ,можеби ке бевме 4та светска сила...после рисуја,сад и кина...али тоа е тоа.. моја оценка за Македонија: 5/10:vozbud:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Југославија ја распарчија Милошевиќ и Туѓман, како блиски до УСА :toe:
Откако не им беа потребни ги шутнаа, а Милошевиќ дури и го пикнаа в апсаана :jaj:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Југославија ја распарчија Милошевиќ и Туѓман, како блиски до УСА :toe:
Откако не им беа потребни ги шутнаа, а Милошевиќ дури и го пикнаа в апсаана :jaj:
Се е тоа ОК, прашањето е за МК. Како ќе не оцениш по овие 18 години и дали ќаривме или изгубивме...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И Словенија? А што е со Македонија? Што добивме, а што изгубивме?

Добивме преголема одговорност која лошо ја исполнивме.

Можевме многу да добиеме, меѓутоа освен сиромаштија и затворени фабрики не добивме ништо.

Без да ги споменувам тука дипломатските загуби на нашите тогашни лидери кои незнам дали не знаеја или намерно не се трудеа правилно да ги изменаџираат работите во наша корист.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Глеј,
кратко и јасно да се разбереме.
Се согласуем дека Југославија не требало да постои.
???

Najmnogu profitirase od raspadot UDBA koja si namesti svoi luge kako vlast vo site republiki i pokraini. UDBA kako i KGB/GRU vo SSSR gi vrsese site 'prljavi' raboti za vlasta ama samata nemase vlast (i pari). E resija da ja zemat vlasta vo svoi race i da stanat milijarderi.Starata postava od SKJ bea starci i nemaa kade. Izniknaa razni surati Elcin (pijanica,sesta postava so SSSR),Putin (kodos od KGB),Slobo (no comment),Tudjman (pisatel na titovite govori),Kuchma (kuce od KGB),Branko (zavrsil fakultet i stanal premier,wtf),Izmetbegovic (mudzahedin),Karadzic (hohstapler-prevarant po kazina) i cela galerija likovi koi uste se na vlast ili nivnite kolegi od tajnite sluzbi.
Vo SFRJ konkretno mozese da se krade ama bea vospostaveni kolku tolku stabilni standardi taka da mozese da se ukradat pomali sumi. Raspadot i tranzicijata otvorija moznosti za nevideno bogatenje.
Niedna republika ne profitira so raspadot pa ni slovenija (osven Jansa i komp. zel provizija 20 mil. evra za voena nabavka)
Platite im se nesto pomali od 1991 a cenite se mnogu pogolemi.Koj so bil tamu znae.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Добивме преголема одговорност која лошо ја исполнивме.

Можевме многу да добиеме, меѓутоа освен сиромаштија и затворени фабрики не добивме ништо.

Без да ги споменувам тука дипломатските загуби на нашите тогашни лидери кои незнам дали не знаеја или намерно не се трудеа правилно да ги изменаџираат работите во наша корист.
Намерно не се трудеа правилно да ги изменаџираат работите во наша корист. Уште истите прдљовци исто прдат- на грчки и албански грав. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom