Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
На која од поранешните југословенски републики најмногу им одговараше распадот на СФР Југославија?
Во текот на последните 18 години една од омилените теми на разговор е како некој од страна или некој од внатре успеал да ја растури државата Социјалистичка Федеративна Република Југославија? Целите се некако матни - од Велика Србија, до американска контрола на Хрватска (!???), ватикански заговор за доминација (Opus Dei), еврејското ционистичко-банкарско лоби, германски обид за нов продор на Балканот (Drang Nach Osten)....
Чија беше поранешната СФР Југославија? Кој ги контролираше работите? Прв одговор е дека Србите имаа целосна контрола, сите пари одеа таму, се се одлучуваше во Белград, останатите републики немаа вистински глас . Од 8 федеративни едники, Србите контролираа прво 4 (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Војводина), а потоа со превратот во Косово 5. Невозможен е идеалот на СФРЈ во ваква ситуација.
Некои (посебно Србите) тврдеа дека Југославија се контролира од моќните луѓе во Хрватска и Словенија, прво Тито, потоа Кардељ, потоа луѓе како Стане Доланц, Милка Планинц, Стипе Шувар... Дури и кај нас во Македонија секогаш остана тој мит дека Словенците се посебно себични и мислат само на себе, дека со сите други (Срби, Босанци, Црногорци, дури и Хрвати) можеш да најдеш заеднички јазик, но дека Словенците го гледаат само својот интерес. Српското САНУ дури излезе со тоа дека Југославија е хорор-приказната на српскиот народ во која нивните интереси стратегиски и постојано се поништуваат.
По златното доба од 1970-тите, како и секаде во светот дојдоа 1980-тите, во кои имавме и светска рецесија, која наликува на оваа, парите се намалија, растот запре (во 1977 СФРЈ и Јапонија имале ист БДП!), репресијата на националните идентитети (освен српскиот) беше зголемена. И тогаш тргна се наопаку, се испотепавме, понекогаш политички понекогаш со топови (од Вардара па до Триглава) и од СФРЈ станавме СФРЈ-Словенија+Албанија, или популарно Југоисточна Европа....
Но, кој навистина политички "ќари" од бившите републики?
1.Словенија 10/10. Мислам дека навистина нема сомнеж дека на Словенците и без СФРЈ им е добро. Високи плати, висок стандард, фабриките се уште во државни раце, не-криминална транзиција и приватизација... Сега однеднаш тие се фактор во политичката игра, каков што не беа во СФРЈ, сите од новиот термин Југоисточна Европа им завидуваат на моќта, сакаат да се партнери со нив, скијаат на скии Елан, чуваат храна во фрижидери Горење, а дури и сакаат мебел од Мебло... Уште Хрватите да дадат малку од морето да може да се тера бизнис, се би било совршено.
2.Хрватска 4/10. Веќе сите пари од туризмот не одат во Белград, ама во Загреб. Далмација пак го мрзи Загреб, Славонија пак ги смета за пониски Далматинците, а Загреб повторно се гордее што се вика Аграм... Србите ги протераа, па не мораа да прават рамковни договори и сега лека-полека земјата си ја продаваат (за добри пари) на Германците, Австријците и Унгарците. Како во стара добра Австро-Унгарија. Регионален фактор ко Сан Марино.
3.Босна и Херцеговина 1/10. Босанците ко по вицовите секогаш заебани. Политичка креатура од една федерација+една Република Српска, во која главната моќ ја има "намесникот" пратен од Запад - повторно идентичен австро-унгарски рецидив (од 1878-1918). И покрај тоа што економски се еднакви со РМ, сепак некој на кого уште можеме да му се потсмеваме за недостатокот на моќ.
4.Црна Гора неидентификувано/10. Црна Гора и така во СФРЈ беше единка без која можеше да фунцкионира федерацијата. Тука е Ловќен, тука се гуслите, синото море, шверцот... Ништо не е сменето (освен Титоград-Подгорица). Црногорците секогаш биле само-доволен елемент.
5.Србија+Војводина 3/10 . Српскиот сон за големина се распрсна, загубија во сите битки, но како што велат "издали ме пријатели, издао ме брат - изгубила све сам битке, но још водим рат". Се уште од бившите републики најмногу печатат, најмногу читаат... И решени се да се пазарат и преговараат со Западот... Сепак, амбициите од 1990 споредени со резултатите во 2009 значат само едно - дека не успеале.
6.Косово 8/10. Албанците, или Косоварите како што сакаат да се кажуваат, можеби се најголемите добитници. Успеаја зад себе да ги донесат НАТО и САД, да ја интернационализираат својата агенда и со сомнителни, но исклучително храбри потези да стигнат блиску до целта. Ако со толкава упорност со која ја имаа зацртано својата цел (Република Косово), продолжат да работат, оцената од 8/10 може да прерасне и во 9/10. Го добија тоа што го сакаат - каква/таква независност.
7.Македонија ??????/10.
Дајте оценка - дали на Македонија, како држава и на Македонците како народ им е подобро или полошо. Која е оценката за нас? Колку сме биле моќни политички во 1989, колку сега? Како живеевме во 1989, како сега?
П.С. Помладите кои не се сеќаваат на тие денови исто така можат да дадат оценка од нивна перспектива.