92% од РМ сака во НАТО, 95% сака во ЕУ!

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нестабилноста (от сите категории) плаши големите инвеститори.
:vozbud::pos2:Се јави најпаметниот...ајт гитла таму....уште од татар солење памет ни фали...
 
P

Princ

Гостин
Погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името, мултинационалните корпорации ќе се испотепаат да инвестираат кај нас.
Погрешно е да се мисли дека некој во Македонија сака да го смени името, затоа не започнувај воопшто со таков цитат. НИКОЈ не сака промена на името, ама затоа пак СИТЕ (ок, 90% од населението) сака членство во НАТО и ЕУ. Испаѓа дека секој што сака членство во нато и еу како да сака промена на името, а тоа воопшто не е така. Дали знаете дека во источна и западна Македонија месечна плата за обичното население е околу 5.000 денари? Скопје се нешто подобри работите (па затоа имаме повеќе од третина од населението кое живее или работи во Скопје).
Имам впечаток дека намерно се изгради еден став "кој е за нато - е против името" од страна на политичарите само за да го покријат нивниот пораз или заебување. Што ќр ни требаше воопшто привремена екстензија да прифатиме? Што ни требаше да ги продолжуваме преговорите? Кажи ми како обичниот селанец од Свирипичино да не сака членство во нато и еу (членството во еу ќе му овозможи поширок пазар за неговите пиперки) кога секоја власт што ја одбра во минатото или го смени името, или преговараше за нејзино менување?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Нестабилноста (от сите категории) плаши големите инвеститори.

земјотреси пожари........така е!

ама има нешто абе СУМЊИВО во оваа анкета имено ако ТОЛКУ народот беше запален за ЕУ и НАТО(%се големи)па требаше СДСМ да победи.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името, мултинационалните корпорации ќе се испотепаат да инвестираат кај нас.

Нема да се испотепаат, далеку од тоа. Влезот во Европа би бил само првиот чекор. Ние после тоа би биле во конкуренција со сите останати територии.. Ама реално - Македонија и да биде дел до ЕУ, платите нема да можат да еволуираат премногу брзо. Што значи како пазар на работа (неквалификувана) би биле силна конкуренција. А тоа што за нас би важеле нормите и регулациите на ЕУ, ќе направи за разлика од Кина (глуп пример, знам) да сме посигурна дестинација. Мене ми изгледа како win-win позиција, што знам... Секако, не е вака просто како што го напишав, ама не треба многу мозок за да се направи да функционира...
И да појаснам, тука зборувам за економија, не навлегувам во тоа дали би менувале име или не...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Погрешно е да се мисли дека некој во Македонија сака да го смени името, затоа не започнувај воопшто со таков цитат. НИКОЈ не сака промена на името, ама затоа пак СИТЕ (ок, 90% од населението) сака членство во НАТО и ЕУ. Испаѓа дека секој што сака членство во нато и еу како да сака промена на името, а тоа воопшто не е така. Дали знаете дека во источна и западна Македонија месечна плата за обичното население е околу 5.000 денари? Скопје се нешто подобри работите (па затоа имаме повеќе од третина од населението кое живее или работи во Скопје).
Имам впечаток дека намерно се изгради еден став "кој е за нато - е против името" од страна на политичарите само за да го покријат нивниот пораз или заебување. Што ќр ни требаше воопшто привремена екстензија да прифатиме? Што ни требаше да ги продолжуваме преговорите? Кажи ми како обичниот селанец од Свирипичино да не сака членство во нато и еу (членството во еу ќе му овозможи поширок пазар за неговите пиперки) кога секоја власт што ја одбра во минатото или го смени името, или преговараше за нејзино менување?

Затоа јас уште на почетокот на темата кажав дека прашањето не е коректно поставено...И никако не ја дава реалната слика...
И мене да ме прашаш сакаш ли во ЕУ (да или не) ќе кажам Да...
Но ако ме прашат сакаш ли во е у со променето име одговорот ќе биде спротивен...
Така да оваа анкета го покажува само расположението на народот за или против еу, притоа не земајки ги предвид евентуалната цена која би требало да се плати...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Погрешно е да се мисли дека некој во Македонија сака да го смени името, затоа не започнувај воопшто со таков цитат. НИКОЈ не сака промена на името, ама затоа пак СИТЕ (ок, 90% од населението) сака членство во НАТО и ЕУ. Испаѓа дека секој што сака членство во нато и еу како да сака промена на името, а тоа воопшто не е така.
Принц, кампањата која се води за да се промени името ја вклучува таа интеграција во НАТО и ЕУ.

Името се става како уцена за влезот, а благосостојбата се проектира преку тоа членство.

И срамниот избор кој ни се остава е меѓу две суштински работи:
1. Достоинство и
2. Благосостојба

или уште 'заборави го своето потекло за да имаш неизвесна иднина'.
 
Абе не ми се расправа сега што и како, само ти замерив на цитатот
"Погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името...".
Доколку го смениме името само по себе крив стап не значи. Ни инвестиции ни бутур. Зборуваме за интеграција на земјава во НАТО и ЕУ. Да не се заебаваме со термини "погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името...".
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе не ми се расправа сега што и како, само ти замерив на цитатот
"Погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името...".
Доколку го смениме името само по себе крив стап не значи. Ни инвестиции ни бутур. Зборуваме за интеграција на земјава во НАТО и ЕУ. Да не се заебаваме со термини "погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името...".
Никој не се заебава со термини, на народот му се сервира тезата дека со влезот во НАТО и ЕУ ќе дојдат инвестициите кои ќе овозможат подобар живот, а за да влеземе треба да го смениме името.

Овде не гледам грешка во она што го напишав претходно.
 
P

Princ

Гостин
Никој не се заебава со термини, на народот му се сервира тезата дека со влезот во НАТО и ЕУ ќе дојдат инвестициите кои ќе овозможат подобар живот, а за да влеземе треба да го смениме името.
Има ОГРОМНА разлика од претходниот дел што ти го цитирав за кој се фатив како слеп за стап, до овој цитат, ама ај да не го тупам :)
You won, I гледам порно... Let's call it a night :)
 
yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ako e tolku arno vo MKD, a vo EU ne cini, so tolku gasterbajteri ima?
 
P

Princ

Гостин
Добро прашање... башка што грубо речено половина од дискутантите на темава се надвор од семјава :icon_lol:
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Добро еве малку дефетизам. И да го смениме името, и да влеземе во НАТО, во ЕУ, да бидеме Северна Македонија (знам дека на некои ова многу им се допаѓа), и да дојдат инвестиции, пет-шест од тие мултинационалните, и да имаме 800ЕУР просек плата со 10% невработеност.
Дали нашиот проблем како нација Р.Македонија или Р.Северна Македонија ќе се смени? Ќе играме повторно со сојузници како Албанија, Косово и Србија (чудно, но вистинито) и ќе се бориме со Бугарите и Грците, кои и во тој случај нема да не прифаќаат како еднакви (да не зборуваме за тие од европскиот север). Во ЕУ и НАТО ќе имаме повеќе кеш, повеќе можност да се правиме паметни ташаци, но битката како нација нема да заврши. А, како што гледаме нашата нација е многу поделена, што по националност, што по политичко убедување, што по религија, што по тоа од кај ни е дедото...
- Мислите тогаш нема да ни наметнуваат теми за тоа колку нашиот багаж како Македонци (по националност, не по етникум) сме зад цивилизираните од таа страна на Алпите? После како Бугарите ќе не претставуваат како тоалет на Еуропа на уметнички инсталации по Брисел...
- Јас искрено не сакам да бидам член на било кое друштво (ЕУ, НАТО) кое не признава дека јас (како единка, етникум или нација) сум на исто вредносно ниво како него.... Затоа повторно - НЕ БЛАГОДАРАМ!
 
Мислиш дека подобро не гледаат знаејќи дека сме единствената земја најверојатно која ПРЕГОВАРА за своето име со соседна земја?

Јас не се согласувам.
 
yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Добро еве малку дефетизам. И да го смениме името, и да влеземе во НАТО, во ЕУ, да бидеме Северна Македонија (знам дека на некои ова многу им се допаѓа), и да дојдат инвестиции, пет-шест од тие мултинационалните, и да имаме 800ЕУР просек плата со 10% невработеност.
Дали нашиот проблем како нација Р.Македонија или Р.Северна Македонија ќе се смени? Ќе играме повторно со сојузници како Албанија, Косово и Србија (чудно, но вистинито) и ќе се бориме со Бугарите и Грците, кои и во тој случај нема да не прифаќаат како еднакви (да не зборуваме за тие од европскиот север). Во ЕУ и НАТО ќе имаме повеќе кеш, повеќе можност да се правиме паметни ташаци, но битката како нација нема да заврши. А, како што гледаме нашата нација е многу поделена, што по националност, што по политичко убедување, што по религија, што по тоа од кај ни е дедото...
- Мислите тогаш нема да ни наметнуваат теми за тоа колку нашиот багаж како Македонци (по националност, не по етникум) сме зад цивилизираните од таа страна на Алпите? После како Бугарите ќе не претставуваат како тоалет на Еуропа на уметнички инсталации по Брисел...
- Јас искрено не сакам да бидам член на било кое друштво (ЕУ, НАТО) кое не признава дека јас (како единка, етникум или нација) сум на исто вредносно ниво како него.... Затоа повторно - НЕ БЛАГОДАРАМ!

Toa e mnogu podobro od ovaa stapka na nevrabotenost koja denes ja imame i koja ja tera mladinata da se kriminializira i prostituira, a povozrasnite generacii da umiraat od infarkti vo svoite 50ti godini od zivotot.

So vakvo tempo, za 200-300god nema ni da ima Makedonci koi bi go nosele Makedonskiot gen voopsto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom