Дали човекот може да живее сам?

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Нели имаше едно вакво девојче... Се викало Хелен Келер и не мо=ела да гледа, да слуша, да збори... ништо.

И пак научила да комуницира. Не знам како, ама научила да пишува, да чита азбука за слепи, итн.

Значи, човек секогаш, ама баш секогаш, ќе бара начин да комуницира со други луѓе. Тоа е неизбежно.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Друго е случајот со Хелен Келер. Девојчето било родено во цивилизирана средина, а научила да чита и пишува благодарение на нејзината учителка Госпоѓа Саливан.
Таа не била оставена сама на себе како што се споменува во примерот за луѓето како Могли...
Сепак Хелен имала допир со цивилизираната средина, за разлика од Могли или Тарзан кои биле одгледани од животни:)
 
Значи - не биле сами. :smir:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Значи - не биле сами. :smir:
Но не биле ни со луѓе:)
Друга е цивилизацијата и социјализацијата кои ги нудат луѓето, а друго е развивањето на личноста само по определени инстинкти.
Тежок е, дури и невозможен процесот за социјализирње на вакви луѓе.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Живеејќи сам човекот станува странец за светот.Можеби ќе може да живее физички некако но не верувам дека ќе може да ги преживее чувствата од осаменост и одделеност и фактот дека тоа би било така засекогаш и дека никогаш нема да се промени.
Сепак ако на некого му е добро да биде сам мала ќе биде веројатноста да сака да се социјализира со другите(иако не познавам некој таков).
Точно,сите понекогаш сакаме да бидеме сами и таа слобода што ја бараме е дар но и клетва затоа што за да бидеш сам цел живот треба да имаш некој психички недостаток бидејќи нормален човек не би издржал сам засекогаш.
Потребата за да се биде сам варира од личност до личност.Природата ни наложила да се социјализираме со другите како нас,но за некого и самото членство на еден форум е доволна социјализација.
Мене ме плаши самата помисла да не направам со никого муабет...тоа неможам да го издржам.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
за да бидеш сам цел живот треба да имаш некој психички недостаток бидејќи нормален човек не би издржал сам засекогаш.
Никогаш не си го помислила спротивното, дека треба да имаш психички додаток? Додаток просветление. Всушност не додаток туку она што најприродно ни следува. :)

Едит: Антони де Мело, - мистик кој бил доволно храбар да ја согледа стварноста онаква каква што е, за да стане исполнет со чувство и љубов спрема сите живи суштества. Во последните години од својот живот, де Мело ги отфрлил сите интелектуални формули за да му се сврти на животот, љубовта, слободата - на најрадикалната самотија.
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75

А како инаку би постигнал љубов спрема сите суштества на овој свет ако не преку најрадикална самотија? :))) Тој најдобро знаел колку е тешко тоа.
Инаку, да, човекот може може да живее и сам, ама вистинското прашање е каков квалитет ќе има таквиот живот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
А како инаку би постигнал љубов спрема сите суштества на овој свет ако не преку најрадикална самотија? :))) Тој најдобро знаел колку е тешко тоа.
Да ја нема човек таа љубов во самотија туку само со луѓе, тогаш таа би била многу условена љубов а со самото тоа и невистинска. Со таква љубов која е нашата најприродна состојба човек може да биде сам, но не и осамен, туку максимално исполнет. Не го знам тоа но верувам дека е така.
А ти мислиш дека тој живеел и медитирал некаде во самотија како многу други? Не знам, можно е тоа, бидејќи хаосот што владее во умовите на мнозинството луѓе делува како зараза и затоа многу се повлекуваат во самотија, некои и на планини. Но не мора да биде нужно правило. Како што не мора да биде и со вегетаријанството... т.е. не знам.

Инаку, да, човекот може може да живее и сам, ама вистинското прашање е каков квалитет ќе има таквиот живот.
Субјективно. :helou:
 
С

Сатори

Гостин
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
Човекот е општествено суштество, рече Аристотел, функционира како политички, така социјално во нешто наречено заедница.Јас лично сум убедена дека човекот за да биде човек има потреба од други луѓе, за да преживее, за тоа му треба само тактика и сила да се прехрани, ништо повеќе од тоа.
Но, да не се одалечувам од темата, нормалото функционирање како поим е нешто многу релативно, она што е нормално за Аборџините не и за Италијанците, што значи, нема одговор на релативен поим.
:duel:

Дали ќе може да се склопи во општеството, е веќе друго прашање.Во тој случај, сигурна сум дека нема да може, секој човек има потреби, а тие не се исти за луѓе што пораснале во природа и во мини систем полн со чудни правила.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Никогаш не си го помислила спротивното, дека треба да имаш психички додаток? Додаток просветление. Всушност не додаток туку она што најприродно ни следува. :)
Мислиш дека потребата за да се биде сам е феномен на човековиот ум и дека и тоа е дел од природата?
Како што напишав во постот да,на сите нас ни треба да бидеме сами ама не одсекогаш и засекогаш.Не ми е баш нормално тоа.
И Исус бил сам во пустината ама “само“ 40 дена.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Могли и Тарзан се ликови од романите, човекот е социјалана личност, сака да се дружи, пријателува, војува, значи се е околу нас заради другите луѓе и поради другите луѓе. Човек без пријатели нема, можи само да е уморен малку од луѓето ако му е работата да работи со луѓе, ама се поправа тоа прилично лесно.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Значи, како ќе се научи детето/единката од мало, така ќе продолжи целиот живот. Ако е научен сам, ќе може да продолжи сам целиот живот без проблеми.
Ова е и мојот став.
Доколку човек од мал е научен да живее сам, ќе успее секогаш да живее сам.
Едноставно не познава друг начин..

не верувам дека ќе може да ги преживее чувствата од осаменост и одделеност и фактот дека тоа би било така засекогаш и дека никогаш нема да се промени.
Но тој никогаш предходно не живеел во заедница, дали тоа значи дека нешто ќе му недостига?
Ние никогаш не сме виделе вонземјани, не ни знаеме дали постојат.
Зар некогаш ти недостигал вонземјанин, или си се чувствувала како да си на одделена планета?
Иато како што тој “шумски’’ не ни знае дека постојат луѓе..
Како би имал чувство на осаменост и одделеност во тој случај?

Могли и Тарзан се ликови од романите
Ист случај имаше со две девојчиња кои не се сеќавам како и од кои причини биле оставени во шума.
Едната 5 другата 4 години.
Биле “одгледувани“ од волци а штом се обиделе да ги соцјализираат-умреле.
Прво помалата, потоа и поголемата.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ова е и мојот став.
Доколку човек од мал е научен да живее сам, ќе успее секогаш да живее сам.
Едноставно не познава друг начин..

Но тој никогаш предходно не живеел во заедница, дали тоа значи дека нешто ќе му недостига?
Ние никогаш не сме виделе вонземјани, не ни знаеме дали постојат.
Зар некогаш ти недостигал вонземјанин, или си се чувствувала како да си на одделена планета?
Иато како што тој “шумски’’ не ни знае дека постојат луѓе..
Како би имал чувство на осаменост и одделеност во тој случај?

Ист случај имаше со две девојчиња кои не се сеќавам како и од кои причини биле оставени во шума.
Едната 5 другата 4 години.
Биле “одгледувани“ од волци а штом се обиделе да ги соцјализираат-умреле.
Прво помалата, потоа и поголемата.
Ова ти што го кажуваш што го опишуваш како осамен човек- не е човек воопшто. Човекот е биолошка и општествена единка, а во ова нема ама ништо општествено.

Да почнеме од тоа дека само човекот од сите животни на планетата се раѓа без основен инстинкт за преживување и целосно зависи од мајката. Не може детето од мало да е научено да живее само, ептен се ретки случаевите нна одгледување од страна на животни. Самото тоа и кажува дека сме зависни од социјализација како фактор за преживување.

Не е случајот само со девојчињата. Виктор од Франција бил одгледуван исто така од војци, и кога конечно успеале да го навикнат да носи облека се разболел од бронхопнеумонија и умрел. Пази иронијава!
Човекот ако е сам, со тек на време престанува да биде човек.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Но тој никогаш предходно не живеел во заедница, дали тоа значи дека нешто ќе му недостига?
Ние никогаш не сме виделе вонземјани, не ни знаеме дали постојат.
Зар некогаш ти недостигал вонземјанин, или си се чувствувала како да си на одделена планета?
Исто како што тој “шумски’’ не ни знае дека постојат луѓе..
Како би имал чувство на осаменост и одделеност во тој случаj?
Природа е тоа.Самата природа ќе го натера да се социјализира па макар и со “нешто“-било тоа да е дрво,камен,животно,некој предмет....со тек на време ќе почне да се приврзува за нив па и да комуницира.Ете ти Могли...од кај знаел он како да комуницира со волците,самата природа го поттикнала тоа-и тоа е еден вид на комуникација.
Незнам за вас ама ете јас како мала си зборував со куклите.Не дека моите од дома ме терале...онака ми доаѓало и сум зборела со нив.Човекот се раѓа со тоа чувство и потреба за ајде да го наречам друштвен живот само главната работа е во тоа колку е поттикнато од природата.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Човекот е створен да живее во заедница , друго е ако тој сам реши да се осами ,поттикнат од некои мотиви , тоа осамувње не е за цел живот .Ако пак силом прилика е фрлен сам и не знае за друг начин на живот тој пак ќе се здружи со некое животно,предмет.По мене човекот не може да живее сам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom