Героски: Секој следен предлог ќе биде полош од Северна Македонија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Героски: Секој следен предлог ќе биде полош од Северна Македонија




Бранко Героски, главен уредник на новиот магазин „Сега“ и еден од најгласните поборници за решение на спорот со името зборува во интервју за А1.
Героски, денеска во „Шпиц“ најавувате засилени активности во правец на решавање на спорот со Грција. Од каде таквиот впечаток?
- Информациите што ги слушнавме денеска, посетата на Штајнберг, иницијативата од минатата недела кога Американците јасно посочија на двете страни да се фокусираат на решавање на името и само за името, зборуваат дека станува збор сепак за една нова енергија што се обидува новата американска администрација да ја внесе во процесот.
Мислам дека попрецизно би било да се каже дека тоа е почеток на една нова иницијатива, која ќе трае секако неколку месеци.
Но, тоа се пораки од меѓународните фактори, каква е состојбата дома?
- Состојбата дома е прилично хаотична, како што и се очекуваше дека ќе биде. Груевски и Иванов заминаа во една кратка европска турнеја, од која се вратија со еден тотално нејасен резултат и се разбира, со еден нов помагач во процесот, тоа е господинот Саркози.
Од друга страна, нивните советници постојано испраќаат пораки дека Македонија останува цврсто на својата непроменлива позиција, така што мислам дека ситуацијата во овој момент е нејасна и тоа би бил најпрецизен одговор на прашањето.
Еден од советниците на Иванов, амбасадорот Никовски денеска изјави дека името Северна Македонија е апсолутно неприфатливо за Македонија. Што мислите Вие?
- Јас мислам дека предлогот Северна Македонија беше добар предлог и не сум сигурен дека било кој следен предлог што би бил искамчен од наша страна ќе биде подобар.
Во вакви има едно правило кое е многу непријатно за послабите страни, а тоа е дека секој предлог што ќе го добивате следен ќе биде полош од претходниот.
Изјавата на господинот Никовски за мене е очекувана, тој не кажува ништо ново од она што го изјавуваше претходно. Позицијата на другиот советник на Иванов, господин Мирчев, дека Македонија треба да ги напушти преговорите со Грција во рамките на процесот Нимиц е исто така позната.



Celo intervju:


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=108647


Kako mu go secat moralot na narodot toa e neverojatno...
I toa samo posle nekolku saati od izjavata od Kabinetot na pretsedatelot deka Severna Makedonija ne e dobar predlog i deka treba da izlezeme od pregovorite...
Gerovski sekako ne zaboravi da go kaze onaa koe so kodini ni bese kazuvano deka: SME POSLABATA STRANA...

Ne gospodine Geroski nikako nema da prifatam deka sum poslabata strana ...
NAprotiv....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
овие па у А1 ... кој релевантен гостин го канат ...
да ни соли памет ... :kesa::kesa:
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
:toe: нешто ново е ова ????
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
ABC, коментар?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Kako mu go secat moralot na narodot toa e neverojatno...
I toa samo posle nekolku saati od izjavata od Kabinetot na pretsedatelot deka Severna Makedonija ne e dobar predlog i deka treba da izlezeme od pregovorite...
Има предлог да ги прекинеме преговорите? Ако е вистина ова е најдобрата вест што ја имам слушнато во последно време.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Има предлог да ги прекинеме преговорите? Ако е вистина ова е најдобрата вест што ја имам слушнато во последно време.


Никовски: Република Северна Македонија апсолутно неприфатливо


Предлогот за името, Република Северна Македонија, апсолутно го игнорира и директно и индиректно го загрозува постоењето на македонскиот народ“.


link:
http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/13339.html
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Соросоидот Геровски воопшто не е релевантен, но тој ни е наметнат односно се наметнува во медиумите со сила за да ја гледаме неговата ружна муцка (за предавничката политика ич да не зборам).

Ко да сме дебилни, демек “Северна Македонија’’ земете сега или полошо ве чека.Треба да ги одјебеме и да излеземе од преговорите. Соросоидите нека најдат друг извор за заработување.
 

Branko is Back

Im The Best
Член од
16 мај 2009
Мислења
114
Поени од реакции
8
Соросоидот Геровски воопшто не е релевантен, но тој ни е наметнат односно се наметнува во медиумите со сила за да ја гледаме неговата ружна муцка (за предавничката политика ич да не зборам).

Ко да сме дебилни, демек “Северна Македонија’’ земете сега или полошо ве чека.Треба да ги одјебеме и да излеземе од преговорите. Соросоидите нека најдат друг извор за заработување.
Стабилизирај се малце, можеби сега си млад и ти врие крвта и не размислуваш рационално. Северна Македонија е одличен предлог.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
И после комуњарите биле патриоти за Македонија. Чист пример е постот на комуњарот Branko is back
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Стабилизирај се малце, можеби сега си млад и ти врие крвта и не размислуваш рационално. Северна Македонија е одличен предлог.
Република Македонија со македонски јазик и идентитет е одличен предлог
се останато нечини
 

Kajgana Shop

На врв Bottom