Груевски и Економијата-два различни поими

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Иако Груевски по професија е економист,економијата во Македонија е на најниско ниво во последните 15 години(ако не и повеќе).Тој едноставно ја уби економијата со тоа што постоечките фабрики ги затвори...и со тоа енормно се зголеми увозот т.е. одлив на девизи.Тој истотака им направи легло на банките,казината и спортските обложувалници,со тоа ги исцрпи парите од народот,не отвора нови работни места,воведе големи казни и даноци за сите... а сето тоа води кон целосен колапс на државата.Среде економска криза и рецесија во која и јаки држави пропагаат Груевски троши големи суми на пари на глупости(споменици,реклами,тв-спотови...).Кога сите држави зимаат пари од ММФ,Груевски ги одби.Нема странски инвестиции а и веќе постоечките ги избрка.Доколку веднаш не се превземат соодветни мерки,државата ќе крахира.

Груевски до кога вака?!
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814

Кои глупави лаги си ги напишал. Појди на сајтот на НБРМ и провери ги податоците.
Македонската економија со Груевски е најдобра. Минатите 3 години имавме ек. раст од 5 до 6% на годишно ниво, највисоко во изминатите 20 години. Дојде кризава и растат е околу 2% моментално, што е одлично во споредба со ЕУ, каде имаат рецесија од -1%. За споредба, кога Бранко беше премиер, имавме рецесија од -7%, во време кога светската економија цутеше. Така што твоите обвинувања за Груевски се чисто политичко неосновано блебетање. Иако Груевски не е особено добар економист, сепак е одличен во споредба со сите останати премиери.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Иако Груевски по професија е економист,економијата во Македонија е на најниско ниво во последните 15 години(ако не и повеќе).Тој едноставно ја уби економијата со тоа што постоечките фабрики ги затвори...и со тоа енормно се зголеми увозот т.е. одлив на девизи.Тој истотака им направи легло на банките,казината и спортските обложувалници,со тоа ги исцрпи парите од народот,не отвора нови работни места,воведе големи казни и даноци за сите... а сето тоа води кон целосен колапс на државата.Среде економска криза и рецесија во која и јаки држави пропагаат Груевски троши големи суми на пари на глупости(споменици,реклами,тв-спотови...).Кога сите држави зимаат пари од ММФ,Груевски ги одби.Нема странски инвестиции а и веќе постоечките ги избрка.Доколку веднаш не се превземат соодветни мерки,државата ќе крахира.

Груевски до кога вака?!

Очигледно дека темава си ја отворил само онака колку да напишеш нешто, а бидејки гледам дека правиш исклучиво исцпрни и добри анализи објективно согледувајки ги работите би ти препорачал да почнеш да пишувам во некој Весник-јас ти гарантирам дека дури Американ Тајмс ќе биде заинтересиран со твоите колумни да бидеш застапен на нивните страници. :vozbud:
Само ме интересира како државата ќе ни крахира??? Или мислеше на економија, јас мислам дека има разлика помеѓу тие два поими.

Нејсе, нема што повеќе да кажам само ќе ти го постирам текстов за да ти покажам дека не си во право:

ИЗВЕШТАЈ НА СВЕТСКАТА БАНКА
Македонија топ-реформатор во светот за бизнис-услови
Македонија е меѓу првите 10 топ-реформатори во светот во однос на олеснувањето на условите за водење бизнис. Ова го покажува извештајот „Дуинг бизнис 2008“ на Светската банка. На листата се и Египет, Хрватска, Гана, Грузија, Колумбија, Саудиска Арабија, Кенија, Кина и Бугарија. Овие земји го поедноставија почнувањето бизнис, ги зајакнаа сопственичките права, ја засилија заштитата на инвеститорите, ги зголемија пристапите до кредити, ги олеснија даночните давачки и ги намалија давачките за надворешна трговија.

- Во Источна Европа има бум на нови бизниси, како што во минатото се случи во Источна Азија. Резултатите покажуваат дека се' повеќе стопанственици влегуваат во бизнисот кога владите ја олеснуваат бизнис-регулативата - вели Симеон Џанков, еден од авторите на извештајот.

На светската ранг-листа Македонија е на 75 место од 178 држави, што е скок од 21. место во однос на лани. Зад нас се Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Албанија. Главни критериуми во извештајот се условите за почнување бизнис, добивање дозволи, вработување, регистрација на сопственост, земање кредит, заштита на инвеститори, плаќање даноци, меѓународна трговија, склучување договори и затворање бизнис.

Најлесно е да се почне бизнис во Австралија, каде што се потребни само два дена, а во Македонија - 15. Бирократските процедури се' уште им прават проблем на бизнисмените бидејќи за да се добијат потребните дозволи за работа треба да се чека во просек 192 дена. Земјите во регионот стојат полошо во однос на овој критериум. Трошоците за вработените зафаќаат 33 отсто од платата. Највисоки се во Чешка, каде што изнесуваат 35 отсто, а најниски во БиХ - 15 отсто. За да се регистрира сопственост, во земјава се потребни 98 дена, во Бугарија се доволни само 19, а во Албанија 47. Македонија не може да се пофали со голема заштита на инвеститорите. Тие се позаштитени во Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Словенија. Стопанствениците имаат обврска во текот на годината да извршат 52 плаќања на даноци, што е релативно многу кога ќе се споредиме со Хрватска (28), Словенија (22), Бугарија (17). Процедурите за плаќање даноци не траат многу - 96 часа годишно, со што сме меѓу првите во Источна Европа. Но, даночниот товар врз профитот е меѓу највисоките во Источна Европа. Даночните давачки кај нас зафаќаат 49,8 отсто од добивката на фирмите. Во Црна Гора изнесуваат 31,6 отсто, во Хрватска 32,5 отсто, Србија (35,8 отсто), Бугарија (36,7 отсто). За разлика од повеќето земји во регионот, македонските фирми имаат поголеми трошоци при извоз отколку при увоз.

Стечајните постапки остануваат слаба страна на македонското стопанство. Тие траат 3,7 години, а во другите земји завршуваат за помалку од три години, и се прескапи бидејќи чинат 28 отсто од вредноста на имотот.

Извор: (проСДСМовски) ДНЕВНИК

Тоа е се.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од страна е смешно,ова како информација само до вас:smir:
Бластер ниту имало,ниту некогаш посакувам да има економски податоци какви што имаше до 97 година.Од 97 до 2002 се лоши,а понатаму одат во нагорна линија до 2009.Оваа година нема да бидат розови податоците,поради две причини.Лоша економска политика и светска криза.Растот не е 2%,а ќе ја завршиме годинава под нула,иако сакаме се најдобро,ама да не се лажеме.
Сити овој податок е од 2007 година:smir:Која година е репер за успешна македонска економија,односно бум.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.174
Тој едноставно ја уби економијата со тоа што постоечките фабрики ги затвори
А и ова нешто не е реално. Груевски затвора фабрики. Кога не пропаднавме 90-тите, сега ич, нема толку за затворање како тогаш. Ни оддалеку.

Тој истотака им направи легло на банките,казината и спортските обложувалници,со тоа ги исцрпи парите од народот,не отвора нови работни места,воведе големи казни и даноци за сите...
Може ли појаснување кога се грото од банките отворени во Македонија? За црпење на пари сепак народ си е сам крив за обложувалници и казина, нема никаква допирна точка со властите.
И за казните и даноците... казни за прекршоци има сегде и тие се уште поголеми во еу членките него кај нас, затоа и таму е поспастрено општеството од тој аспект. Даноците..па до вчера економските аналитичари по медиумите критикуваа за даночна евазија, е сега ако треба да се плати, зошто да се плати. Башка не се сите зголемени, данок на добивка (мислам, ако некој знае називот нека ме дополни) е многу намален-зависно од одредени услови во фирмата. Па затоа имаше како што се сеќавам мала дупка во проекцијата на буџетот од овие давачки. Јес да институциите си играат со фирмите (како на пример при поврат на данок), но тие игри се одамна, пак не се измислени од сегашниот состав. Во однос на тоа замерка е што не го спречија ваквиот начин на работа. Но глобално ова не е дел од темата.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Сити овој податок е од 2007 година:smir:Која година е репер за успешна македонска економија,односно бум.
Апсолутно, јас не викам дека не податокот не од 2007 човекот зборува дека Груевски бил лош за економија, само за потсетување дека Греувски беше Претседател на Владата на Република токму во таа 2007 кога Македонија ја доби наградата.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Апсолутно, јас не викам дека не податокот не од 2007 човекот зборува дека Груевски бил лош за економија, само за потсетување дека Греувски беше Претседател на Владата на Република токму во таа 2007 кога Македонија ја доби наградата.
Кога веќе го спомена ова,резултати за 2007 се од претходната година.Не велам дека и 2008 не беше успешна,напротив солидна година,но така одат работите овде,она што вчера си го сработил се вреднува за утре,а она што денес ќе го расипеш ќе те удри по глава после некое време:smir:
 
reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Хммм, маркетинг за г.Груевски!
Немам намери никого да навредувам,ниту пак провоцирам, само сакам да го споделам моето мислење со вас!
Нејсе, бизнис си е бизнис, како за кого!
Лажни ветувања , криминали па дури ни при умирачка не ги оставаат на мир
...луѓето умират од сиромаштија, банките и по гробишта ке почнат да ги барат долговите... “Успеси“ за г.Груевски, а жртви мнг ги има!
Мислам дека сум јасен.
Здравје, можеби во Дубаи, Панама, Хавана, Акапулко ќе имаме можност да се сретнеме со него.
Поздрав :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.174
Лажни ветувања , криминали па дури ни при умирачка не ги оставаат на мир
А што е ова чудно, кога на македонецот му било "добро"? Па споредете, прашајте го обичниот народец во изминативе години колку било добро, колку лошо? Можеби за човек не е добро, можеби продолжуваме во процесот на тонење, но дадете пример кога за човек цветале рози?
Од првиот пост не може да се види друго освен дека фирмите се сега пропаднати-јазк, дека банките Груевски ги измислил, дека казината и обложувалниците се сега воведени.
Никаков репер за Груевски и економијата. што ако не земам кредити, ако не идам у кладилница, ако не се коцкам у казино...
Едино нешто што е чудно е зошто со ММФ не се склучи аранжман. Дали имаат некоја причина... кога сите околни држави веќе влегоа во орото со ММФ.
Но другите наведени причини се чудни. Дали сега сме многу слаби (сега и не е репер, криза е во цел свет), дали со некој претходен премиер сме живееле подобро? Дајте пример каде сме имале толку пари да не сме морале да се зајмиме закниги, одмор, кола и регистрација на кола... за скоро се.
 
Ljuben

Дебел!!!
Член од
3 јуни 2008
Мислења
48
Поени од реакции
2
Иако сум млад глеам како стојат работиве и е многу јасно дека г.Г(р)уевски во горенаведената 2007год. мораше да се докаже. Како и сите големи стратези изигра на картата дека народот ја изгуби довербата во веќе "докажаните" политичари и мораше да направи нешто за да си ја утврди својата позиција. Доби на следните избори и сега се гледа неговата игра! Трошење на државни пари на скулптури(кои не личат на ништо и се џабе фрлени пари)...

И "прекрасниот" потег на одбивање на пари до ММФ, без кои можеби ќе преживееме, и редењето на пиун за претседател! Генијалните изјави на новопечениот президенте дека стои зад ставот дека преговори со грција се невозможни и губење на шансата за интеграција во NATO и EU. Така да може слободно да се каже дека не продал за поефтино и од Киро Глигоров!

Ќе го видиме за некоја година кога ќе се приклучи на г.Љубчо Ѓоргиевски со некое приватно островче и кај него во партија!

Економијата на Г(р)ујо е чудна бидејќи сите коа земаат пари и се молат да скрпат крај со крај, воведува казни за плукање, фрлање одпад, цртање графити, за професорите кои не оценуваат правилно, полициски коли на секаде и сообраќајни казни летаат...

"Економската криза нема да не фати и нас" - Цитат од господин Г(р)ујо!

2 месеци подоцна- "И ние сме во економска криза"

Пресудете дали е нешто сомнително!!!!:toe::toe::toe:
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
34
Поени од реакции
4
Груевски стварно нема појма од економија .... еден од Струмица цели 8 милион спечали без банка да уложе, е тва се вика економист
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Груевски стварно нема појма од економија .... еден од Струмица цели 8 милион спечали без банка да уложе, е тва се вика економист
Офф Топик Бранко дојде на форумов, по логиката ти треба да си отидеш, нели? :)

Иако сум млад глеам како стојат работиве и е многу јасно дека г.Г(р)уевски во горенаведената 2007год. мораше да се докаже. Како и сите големи стратези изигра на картата дека народот ја изгуби довербата во веќе "докажаните" политичари и мораше да направи нешто за да си ја утврди својата позиција. Доби на следните избори и сега се гледа неговата игра! Трошење на државни пари на скулптури(кои не личат на ништо и се џабе фрлени пари)...

И "прекрасниот" потег на одбивање на пари до ММФ, без кои можеби ќе преживееме, и редењето на пиун за претседател! Генијалните изјави на новопечениот президенте дека стои зад ставот дека преговори со грција се невозможни и губење на шансата за интеграција во NATO и EU. Така да може слободно да се каже дека не продал за поефтино и од Киро Глигоров!

Ќе го видиме за некоја година кога ќе се приклучи на г.Љубчо Ѓоргиевски со некое приватно островче и кај него во партија!

Економијата на Г(р)ујо е чудна бидејќи сите коа земаат пари и се молат да скрпат крај со крај, воведува казни за плукање, фрлање одпад, цртање графити, за професорите кои не оценуваат правилно, полициски коли на секаде и сообраќајни казни летаат...

"Економската криза нема да не фати и нас" - Цитат од господин Г(р)ујо!

2 месеци подоцна- "И ние сме во економска криза"

Пресудете дали е нешто сомнително!!!!:toe::toe::toe:
Изборите покажаа дали народот ја изгубил или ја зголемил довербата во Претседателот на Владата на Република Македонија.

Позади сите кандидати за градоначалници застана лично Никола Груевски и тој со неговиот авторитет вети успеси, проекти и реализација на ветените работи.

Народот покажа дека верува во тоа и во моментов ВМРО ДПМНЕ има:

Претседател на Влада и приближно 20тина министри, заменици министри и државни секретарија, 50тина директори на АД, ЈП, агенции и сл.
Претседател на собрание и 63 пратеници.
Претседател на државата.
57 Градоначалници на општини и Градоначалник на Скопје.

Повеќе нема потреба да дискутираме за довербата и квалитетот на работа, кога некоја друга партија ќе има ваков успех тогаш ќе полемизираме и дебатираме на оваа тема.
Г
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Дека Груевски не е кизјан каков економист највероватно точно е. Ама врската помеѓу тоа колку добар економист е премиерот и економијата ама ич нема смисла.

По твојава логика, треба Таќи Фити или Трајко Славески да биди премиер ? Оти според тебе ако Груевски е лош економист, извини ама Бранко не е никаков економист.

Не е битно колку добар економист е типот што владејт - битни се советниците.

Дека премиерот затварат фабрики тоа не заслужва коментар. Тој ни отварат ни затварат.

Тоа дека банките и казината треба да се затворат е тешка халуцинација од пред пееесет години заглавена во мозокот. Казината можда треба, ама банките ако се затвоарат... наебавме дебело...

Дека трошеше пари на глупости трошеше.. Ама сега со ребалансот се смена и тоа.

Пари од ММФ не зеде оти имаат направено проценка дека подобро ќе поминат со емисија на Еврообврзници. Тоа е стрикно техничка работа како ќе го решат финансираањето јас не знам зошто го коментираш тоа. Ако земеше пари од ММФ што ќе речеше.. "Ете зеде од тие ММФ пари крвта да ни ја пијат, која земја што зема пари од ММФ е развиена а ??? А можеше обврзници да издат!!! ааа..."

Ако некој не можи да стори нешто во врска со кризава то е Груески. Значи секој друг премиер можи поке од него.... Па ние една рака луѓе сме што продаваме тутун, железо и пиперки на Германци и Срби. Ако решат (или не можат) да не ни ги купват ќе останиме без работа. Кај е груески тука во целава работа ? Е сеа германците и србите не ни купват.. тое криза јебига

Инаку дека ке растиме со 2% мало морген. Бааѓи имат претерано со проекците од Министерство. Споредбено НБРМ до пред некој ден имаше -0.4% проекција сега ако не е и помала, а ММФ -2%. Славески рече "абе се надеваме дека ќе пораснат цените" мислам толку од ракав го истресе тоа за да ја оправдат "проекцијата" кога го пердашеа од ММФ што дете мало не можеше да му поверват.. Сите економии паѓаат со 5 -10% ние со 2% ќе растиме.. Ја мајката да не одиме обратно ние.. (па можда и да ти кажам сите ко растеа 90тите ние паѓавме главечки)

Туку да те посоветувам кој ќе ми ти дат рефератче од паритја земи прочитај подумај се малце не туку прекуцувај само.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Интересен е ставот на професорката Наталија Николовска, која што во минатото го критикуваше ММФ (и нашата соработка со ММФ). А се залагаше и за флексибилен курс на денарот.
Сега во услови на криза бара да се договори аранжман со ММФ, како помало зло.
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=8203
( види го видеото )
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Интересен е ставот на професорката Наталија Николовска, која што во минатото го критикуваше ММФ (и нашата соработка со ММФ). А се залагаше и за флексибилен курс на денарот.
Сега во услови на криза бара да се договори аранжман со ММФ, како помало зло.
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=8203
( види го видеото )
Не е само нејзин став,туку е став на цела економска мисла во земјава.Бидејќи никој не ги зема условите во кој се наоѓаме,може да и натоварат на жената дека менува став,еднаш вака еднаш така.А бидејќи вриеме од слепци,нема да ме чуди статија во која со залепени етикети и аблем од бардовци ја опишуваат.
Убаво преслушајте го видеото,а во пишана форма веќе го имате по страниве низ економија подфорум.Жално е и срамота е ваков однос кон економската мисла,жална е оваа тврдоглавост,се е жално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom