Тоа што го говориш е ОК, сепак треба да земеш предвид дека во Македонија работите сеуште не се регулирани до таков степен...
Твоето е добро како предлог за во иднина...
Мегутоа проблемот е СЕГА и ВЕДНАШ (шо вика Љубе) така да сега и веднаш треба да се решава...
Државата мора да им излезе во пресрет на овие луге...
Како што кажав 10.000 евра не се малку , сепак мислам дека треба да им се реши и стабено прашање , да се вработи еден од фамилијата и да се обезбеди бесплатно школување за тие деца...
Мислам дека не е многу...
Не. Проблемот не е Сега и Веднаш. Проблемот е Вчера, Утре, Задутре, и после 5 ГОДИНИ ист...
Абе човек, се додека се крпиме чекор по чекор никаде, АМА никаде не идеме. Верувам дека тие загинати мировници биле вработени во АРМ. На нивно име биле платени придонеси XX број на години. Пресметај тоа по 12 месеци, пресметај тоа по пример 10.000 денари. Таа сума, дај им ја на рака, и чао пријатно. Нема тука што државата да дели екстра пари за тие луѓе.
Знаеш колку глупо така изгледа? Знаеш зошто? Што ако лекар умре на работно место утре?
Затоа плаќаме придонеси!!! За пензија. За вакви случаеви!!! Зашто тие пари паметно не се користат!
Верувај, секој од тие мировници имале на нивно име уплатено придонеси кои што горе доле би се движеле од 10.000 па можеби и повеќе иљадници евра.
Има друг фактор тука. Доколку ја земаат целата сума одеднаш, тогаш не би требало да им следува пензија. Доколку не ја земат целата сума, тогаш ќе си земат пензија се дур сопругата е жива, или децата станат полнолетни (исто како што пензијата се дели досега за сите починати корисници на пензија).
Работата е што во пензискиот фонд не сакаат да се замараат многу па сега да пресметуваат, да одделат пари, да ги дадат на луѓево, па ај...навикнати сме ние. Државата е крива. Власта е крива.
Не ми родило бостанот годинава. Власта е крива. Не ми се дигнал два дена по ред. Власта е крива. Треба да престанеме веќе со такви работи.
Затоа, власта треба пак паметно да изигра, да донесе РЕАЛНИ закони, а не закони по личен (групен, партиски, семеен) интерес. Закони кои што ќе не појачаат во стабилна економска држава. Држава каде што утре и да ми загине дете како војник, јас гордо ќе го погребам, ќе го пофалам пред внуците дека татко ви беше херој, и пензијата што ја зимате, е негова.
А тоа дека некој се теши со 10.000 евра, небаре школувања дрн дрн...знаеш и самиот дека само едно дете троши до 10.000 евра за високо образование. Ако сакаш и ќе ти пресметам колку треба за 5 години фармација/стоматологија.
Така да...лекот постои. Само треба да се применува. Жалам што темата е сензибилна по себе, но со сентименталност проблеми не се решаваат, туку со здрав разум. Денеска се овие жални луѓе, утре недај боже некоја друга случка, а ние ќе си се крпиме од ден на ден...
Споредбава ти е
Па тој шофер за кој викаш кур ти е двор ти е,не го пратила ДРЖАВАТА НА МИСИЈА ВО БОСНА
Овие војници кои беа на мисија во Босна ги испрати ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА.
А беа на мисија за да ни влезе.......МАКЕДОНИЈА во ЕУ и НАТО.
Ќе кажам само дека НИТУ ЕДНА ЦЕНА не може да го надомести изгубениот живот.
Да, дека тие војници беа ВРАБОТЕНИ од државата Македонија, и зимаа плата. Тие војници после немилиот настан, си имаат платени придонеси, им следува пензија, и тоа е тоа што државата може да го направи за нив.
НО!
Семејствата, поединечно, можат да го тужат Министерството за Одбрана, за неажурирање на хеликоптерите, неисправни делови, или што и да било причината, па од таа приватна тужба да добијат ОШТЕТА.
Кога би почнувале да ги разликуваме тие поими, тогаш можеби и пореално би се решавале поимите. Но, кај нас никој нема муда да поднесе таква тужба. Уште па помалку судии кои што ќе пресудат такво нешто.
И цело време, во круг...во круг...во круг...