Избрано новото раководство на СДСМ
На вонредниот 10. конгрес на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија што денеска се одржа во Охрид, партијата преку своите 530 делегати ги избра новите членови на Централниот и Надзорниот одбор, каде веќе не членуваат некои истакнати партиски имиња.
Во Централниот одбор кој брои 90 членови, над 80 проценти се нови имиња со просечна возраст под 38 години. Меѓу новите членови, кои во најголем дел се со високо образование, има пет доктори на науки, 13 магистри и неколку докторанти, истакна на брифингот за новинарите Емилијан Станковиќ.
Тој е еден од неколкумината млади кадровици кои влегоа во Централниот одбор на партијата, каде од актуелните високи партиски членови се уште и доскорешниот в.д. лидер на партијата Зоран Заев, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Љубомир Јанев и Андреј Петров, а меѓу избраните е и Наташа Савова, соработник на лидерот Црвенковски од периодот кога тој ја извршуваше претседателската функција.
Во Централниот одбор влегуваат и амбасадорите Александар Тавчиовски, Виктор Димовски и Тихомир Илиевски и докторите на науки, универзитетскиот професор Рената Дескоска, Људмил Спасов, Ана Павловска - Денева и Татјана Прентовиќ, а меѓу избраните членови има и припадници од други етнички заедници, посочи Станковиќ.
Тој информираше дека во Централниот одбор веќе ги нема истакнатите партиски членови Владо Бучковски, Радмила Шеќеринска, Никола Поповски, Горан Минчев, Ѓорѓи Спасов, Никола Ќуркчиев, Благој Ханџиски, Илинка Митрева, Димитар Бузлески, Илија Илоски, Горан Зечевиќ, градоначалниците на Охрид и Куманово, Александар Петрески и Зоран Дамјаноски.
„Со тоа сите шпекулации во кои се споменуваа сите овие имиња се покажаа како неточни“, рече Станковиќ.
Веднаш по изборот на новите членови Централниот одбор на СДСМ одржа конститутивна на која за секретар на партијата е избран Андреј Петров, а за потпретседатели Гордан Георгиев, Зоран Заев и Зоран Јовановски.
Избрани се и 17 членови на Извршниот одбор на партијата - Дане Талевски, Драган Тевдовски, Наташа Савова, Виктор Димовски, Игор Ивановски, Емилијан Станковиќ, Магдалена Несторовска, Јово Деспотоски, Јани Макрадули, Рената Дескоска, Људмил Спасов, Пецо Стојановски, Орце Јордановски, Виктор Цветкоски, Марија Костова, Наташа Петровска и Митре Велјаноски.
Извор
Гоч, мислам дека твоите апетити помалку или повеќе се задоволени

или не ?