Bratot, moja greshka e vozmozna pri bilo koja rabota, no koga e vo prashanje rabota NA SLUZBATA, NEMOZAM DA ZGRESHAM, ja prepoznavam 102%.
Ako saka da chita "realniot_07", POMEDJU REDOVI, najdobro e da gi prochita STAVOVITE NA SOVETNICITE na Ivanov.
Димитар Мирчев:
- Македонија треба да го информира генералниот секретар на ОН дека ги прекинува разговорите за името, по што дебатата ќе се води во Советот за безбедност, така што целата процедура би се префрлила на Генералното собрание на ОН (дебата на ФОН, јули 2008 година)
- Ако ние го прифатиме предлогот, а Грција не, тоа би било исклучително добро за нас. Тогаш ќе треба да го известиме Советот за безбедност на ОН дека едната страна со добра волја го прифатила предлогот, а другата не, со што се откажала од Привремената спогодба и сметаме дека натамошните преговори се беспредметни, па затоа молиме во иднина да се користи нашето уставно име (март 2008 година, „Дневник“)
- Еден од вистинските проблеми за разговорите за името почна пред години, кога Македонија прифати да разговара за варијанти на идентитетот, формата на пасошите, кирилици, латиници, и така натаму. Разговорите треба да се вратат на изворниот мандат на Обединетите нации: на името. (10 јануари 2009, „Дневник“)
Ристо Никовски:
- Нашата прва задача треба да биде преиспитување на целиот процес. Притоа, особено внимание треба да се посвети на грубото грчко прекршување на Привремената спогодба. Цврстото застанување зад двојната формула има смисла само заради враќање на процесот на самиот почеток... Во краен случај, наместо виртуелната Северна Македонија и измислените северномакедонци, поарно е уште некое време да си останеме поранешна југословенска Република Македонија!.....Со сила аир навистина не бидува. Кој сака да го витка ‘рбетот. Само, македонскиот народ нека го остават на мир. Виртуелни северномакедонци ниту сме биле ниту можеме да бидеме. Нашето достоинство не е на продажба“ (25.10.2008 година, „Дневник“)
Светомир Шкариќ:
- Предлогот „Република Нова Македонија“ е неприфатлив бидејќи со тоа се добива впечаток дека сме сосема нова држава, а варијантата „Република Нова Македонија“ е недефиниран поим....За мене е најважно името да биде на кирилица. Ако се прифати таквата варијанта на латиница, ќе има големи реперкусии при вградувањето во нашиот уставен систем и комуникацијата (март 2008, „Дневник“)
Јордан Плевнеш:
- На последниот Самит на НАТО во Букурешт беше применет нов тип на симболичка ликвидација на 2 милиони граѓани на Македонија и уште 2 милиони кои живеат надвор од нејзините граници, како правна мерка на институцијата вето. Грчкиот државен врв кога ќе го слушне зборот Република Македонија без додавка применува правно вето, а земјите соучесници, членки на НАТО, кои се определија за грчкиот ликвидаторски принцип, всушност отвораат пат за еден нов мини-Минхен во новата европска историја. Македонија беше убиена на Самитот на НАТО со бакнежот вето, наречен име. (април 2008 година)
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=394&top=1&ArticleID=24616