Поради постоењето на повеќе лиценцирани спин-оф верзии на Britain's Got Talent низ светот од кои секако излегуваат таленти кои заслужуваат да бидат забележани, од модераторите ќе побарам темата да биде преименувана во Got Talent series.
За да темава не биде само обично лепење клипчиња од Youtube и да биде префрлена во Чек Дис Аут, ќе ве замолам и да си го искажувате своте мислење околу целиот концепт на шоуто генерално, мислења околу вашите фаворити, критики кон тие кои не ви се допаѓаат. Можете да дискутирате на теми како на пример „Дали навистина ова шоу може да им го промени животот на оние кои успешно ќе се прикажат?„ или „Дали вакво шоу и треба на Македонија?„.
Еве ја мојата понуда за сега:
1. Ова е еден од најфаворизираните учесници на America's Got Talent која е во тек. Случајот со човеков е донекаде сличен со оној на Сузан Бојл. Човекот си е најобичен американски сељак........... барем додека не запее.
2. Девојкава е Sand-artist, победничка на украинската верзија на шоуто. Во клипчево ја насликува Втората Светска Војна, од гледната точка на тамошниот дел на светот која е особено трогателна.