Метла за околу 30.000 привремено вработени во администрацијата

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Метла за околу 30.000 привремено вработени во администрацијата



Владата сака да се ослободи од десетици илјади привремено вработени лица во државниот сектор, тврдат владини извори за „Нова „Македонија“. Работните места им висат на околу 30.000 лица со договор на определено време, бројка со која оперира опозициската СДСМ и која, како што тврдат од таму, е добиена од пресметките што ги правеле земајќи ги предвид сите министерства. Официјално, ниту една институција во земјава не кажува колкав е вкупниот број на привремено вработени во државниот сектор. Според Државниот завод за статистика, вкупниот број вработени во јавната администрација е 120.000 лица.


Извор и цел текст:

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=390&top=1&ArticleID=24245



Грдо звучи кога се отпуштат луѓе ама мислам дека тоа ни е неопходно...

Ќе и честитам на Владата ако навистина изврши едно коректно и непристрасно чистење на Администрацијата...поради кои сите тупкаме у место , а и ако тие луге се реални едноставно треба да сватат дека нема кој да ги плака ниту па ќе има кој да им ги плаќа пензиите...
Ова лудило во администрацијата мора да заврши...
 
моментално 120 000 вработени, негде читав дека оптимална бројка ни се 60, значи уште 30 треба да се летнат за да ја биде работава.
Сеа тие 30 000 што ќе летаат осеќам дека ќе бидат тие од СДС вработени, ама аj :)
 
Им дадоа по една плата колку да гласаат и ајде дома : ))
 
Не е до толку глуп Грујо,да му даде на поклон 30.000x4=120.000 гласови на Бранко!!!:tv:
 
ke mora da oglupi,pritisnat e od krizata,steta za site mladi koi se ponadevaaa,ama ke se snajdat
 
Не е до толку глуп Грујо,да му даде на поклон 30.000x4=120.000 гласови на Бранко!!!:tv:
За отпуштањата не одлучува Гвујо туку ММФ наложи да се направи чистка во администрацијата ако сака нашата влада да добие парични средства од Светската банка:toe:
 
За отпуштањата не одлучува Гвујо туку ММФ наложи да се направи чистка во администрацијата ако сака нашата влада да добие парични средства од Светската банка:toe:
Абе брат они у рок од 10 години нека направат и 60.000 административна чистка....

Ама у рок од 2-3 месеца ако заебат 30.000 души...е дури тогаш Груевски слободно може да му го предаде владиното столче на Б.Ц!!!

Па добро бе луѓе свесни ли сте ако се деси оваква пиздарија...колку штрајкови и хаоси низ државава ќе има....со спомениците ли ќе го теши народот после???
 
За отпуштањата не одлучува Гвујо туку ММФ наложи да се направи чистка во администрацијата ако сака нашата влада да добие парични средства од Светската банка:toe:
E sega kasa popara ja napravi i ti. :toe:

On:
Gvujo ke otpusta 30 iljadi administrativci?!!!!

Da cujes da ne verujes....:toe:
 
Тоа нема да бидат отпуштени работници вработени во администрацијата која брои фрапантни 140 000 официјално вработени.Овие 30 000 не се ни официјално вработени туку се со договор на дело,што значи дека само ќе им го прекинат продолжувањето на договорите,додека ММФ или Светска Банка не ги даде парите за да им ги продолжат истите договори веќе следниот ден.На тој начин ниту Грујо ќе потпише некаква пресуда,ниту пак ќе има некакви штрајкови,се разбира одкако потенцијалните 30 000 предходно ќе бидат добро информирани до кога ќе бидат на “одмор“ од државна цицка.:toe:
За реално решение на проблемот треба државата да се откаже од услугите на минимум 60 000 официјално вработени во најгломазната администрација на светот а не од некакви 30 000 фантоми кој фигурираат и на списокот од невработени и на списокот од административни работници кој според некои сознанија е прилично голем и се манипулира со бројки од 150-170 000 во зависност од предизборниот период кога тој список би се правел.:toe:
 
Ако отпушти дел од неговите лепачи на плакати (партиски војничиња) секако дека ќе загуби од рејтингот. Тие секако не се надеваат на отпуштање туку на решавање на нивниот статус, т.е. на трајно вработување. И протести секако дека ќе има. Затоа што се организирани. За разлика од реалниот сектор каде што секојдневно се отпуштаат поради кризата (до сега околу 35 000) а нема масовни протести.
Но баш и не ми се верува, Грујо да ги стави државните пред партиските интереси. А опозицијата да не ја искористи ваквата шанса (наместо да даде поддршка). Така да тенденцијата сите да станеме административни работници најверојатно ќе продолжи. И тонењето поради товарот на огромната државна администрација.

Но да почекаме и да видиме што ќе се случи. До наредните избори има повеќе од 3 години. Така да ако не сега, кога друг пат ќе почнеме да го решаваме овој проблем?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom