Партијата на Селмани ќе ја бојкотира инаугурацијата на Иванов

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
400.000 гласови од 2.000.000 жители. Мнозинство.
На изборите беше мнозинство и сега што и да речете е залудно Иванов ни е претседател на државата и ја има поддржката од мене.
А селмани не да бојкотира ако сака и нека штрајква со глад, си го покажа вистинското лице.
 
Та више преку таквото со таа инаугурација, ко да крал крунисуваме, абе ова не е нормално, овој ќе дошол, оној нема да дошол, тој бил поканет, оној не бил поканет, цела недела веќе само со тоа се занимаваат медиумите, сите вести со тоа почнуваат и со тоа завршуваат, зар запре животот за сите други работи.....ај ќе пројде и ова....:tapp:
 
а каква врска има косово овде....и нема логика барањето на албанските партии за присуство на косовски претседател албанските партии треба да присуствуваат и да докажат дека се дел од политичкиот напредок на македонија како и дека ги застапуваат албанците во македонија не косоварите:tapp::tapp::tapp:
 
Пратениците од Нова демократија предходно врз основа на информација дека „во последен момент е испратена покана и е потврдено доаѓањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во Македонија“, најавија свое присуство на инаугурацијата.

Извор А1...

Мислам дека Селмани многу лошо изигра овој пат и не само што ги изгуби симпатиите во македонскиот блок , туку мислам дека и македонските Албанци ке му забележат на нерешителноста...
Така политички поени не се собираат...
И навистина не ми е јасно каде живеат со мислите албанските партии, веројатно само физички се во Македонија...
Јас разбирам да се сугерира , меѓутоа да се доведува во прашање кредибилитетот на претседателот на СВОЈАТА држава на сметка на претседател од некоја друга држава, милам дека многу кажува...Особено што Албанија најнормално е поканета, а ниту пак некој од Косовските политичари особено се возбуди...
Косово сеуште лебди во воздух и потребно е време и стрпление за да стане нормална држава, тоа очигледно на сите им е јасно , на сите освен на нашите политичари кои на секој начин се трудат да ги освојат гласовите на Косовците што живеат во Македонија...а тоа е можно само со радикализам...
 
400.000 гласови од 2.000.000 жители. Мнозинство.

Македонија има 2.000.000 жители ама сите немаат право на глас ако не си знаел...

И BTW што кревате толку прашина за Селмани? Ако му се оди на инаугурација нека оди ( барем ќе си апне нешто горе на Водно ) ако го мрзи тогаш тоа е негов проблем никој на сила нема да го вика или што, да не сака од дома да одат да го земат? :tapp::tv:

Во колку часот ќе ја даваат инаугурацијата, и на која телевизија?
 
Елементарна политичка култура во една суверена земја е да се почитува институција претседател. На страна каков е и како е идеолошки ориентиран, мора да постои некаква почит инаку системот тежнее кон колапс.

Ваквите ставово не покажуваат политичка зрелост и дипломатска перфидност.
 
Пратениците од Нова демократија предходно врз основа на информација дека „во последен момент е испратена покана и е потврдено доаѓањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во Македонија“, најавија свое присуство на инаугурацијата.

Извор А1...
Abe kur se trese u ladno u voda...:) :toe:
 
Едно прашање: На инаугурацијата го видов Селмани, а косовскиот претседател не го видов. Ко што знам и видов беа на Хрватска, Црна Гора, Србија и Турција си имаше пратено претставник од името на претседателот.
Беше човекот или јас не го видов? Или само му замачкаа очи на Селмани? :toe:
 
Ne bese.

Nikoj ne mu macka oci na Selmani be, tipot zamackan si e cel po priroda.... pa cela fabrika za ulje ima ebago.... :):):):toe::toe:
 
Сакам да ја одбележам изјавата на Селмани што ја даде по повод говорот на Иванов во Парламентот во која тој кажа Македонија и нејзината државност се потпираат врз Крушевската Република, одлуките на АСНОМ и Рамковниот договор, што е сосема коректна изјава од еден албански политичар, кој само пред еден ден го ставаше под знак прашалник своето присуство на инаугурацијата на Иванов наведувајќи го како причина непоканувањето на Косовскиот претседател. Веројатно се сети дека тој претендира да биде политичар кој ке смета на гласови и од Македонците.
 
Добра изјава на Селмани (можеби и за да им се додвори на сите граѓани на Македонија), штета што за денешна Македонија, Срамковниот е УСТАВ на државата како за Албанците, така и за Македонците кои мора да го спроведуваат и почитуваат.
 
Дефинитивно Селмани се игра топло, ладно...
Ако брзо незавземе цврст став „ПРЕГОРЕ МУ ЛОНЧЕТО„...
 
Добра изјава на Селмани (можеби и за да им се додвори на сите граѓани на Македонија), штета што за денешна Македонија, Срамковниот е УСТАВ на државата како за Албанците, така и за Македонците кои мора да го спроведуваат и почитуваат.

Горка реалност но мора да се почитува и тој договор се додека не се смени. Мислам дека Селмани ќе згрешеше ако не присуствуваше на свеченоста од проста причина што ќе го оставеше истиот впечаток како и Тачи. А секако Селмани не сака да прави нешто како Тачи.
 
Алал да им е на ти Македонци што гласаа за него а замислете да добиеше немајте верба во куче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom