За Инвестициите во Културата

ДАЛИ ГИ ПОДРЖУВАТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО КУЛТУРАТА ?

  • ДА

    Гласови: 33 64,7%
  • НЕ

    Гласови: 18 35,3%

  • Вкупно гласачи
    51
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Ти или си луд или се правиш луд. Не гонаправив крив споменикот туку владата. Не реков да не се гради туку да не се гради сега. Проектот можеше слободно да се гради по 2-3 години.
Васка Глигоријевиќ...
Сега ќе се гради, поточно летоска, бидејќи веќе се обезбедени средствата уште од 2008.

И тоа нема да го влоши глобалното затоплување ич да не се секираш :)
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Васка Глигоријевиќ...
Сега ќе се гради, поточно летоска, бидејќи веќе се обезбедени средствата.
Средства се обезбедени да од буџетот. Ама не сите и веќе ти го кажав ова. Се плача на рати на повеќе години со причина.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Средства се обезбедени да од буџетот. Ама не сите и веќе ти го кажав ова. Се плача на рати на повеќе години со причина.
Сите средства се обезбедени и тргнати на страна.
плаќањето на рати ќе се врши од истите тие средства кои се тргнати на страна уште со буџетот во 2008.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Сите средства се обезбедени и тргнати на страна.
плаќањето на рати ќе се врши од истите тие средства кои се тргнати на страна уште со буџетот во 2008.
Не верувам ама нема везе. Не значи тоа ништо. Договорот е потпишан па и да ги немаме од г*з ќе ни ги извадат.
И да имаш пари на сметка не значи дека треба и да ги расфлаш. Треба да се види малку да се испланира кога за што е време.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Не верувам ама нема везе. Не значи тоа ништо. Договорот е потпишан па и да ги немаме од г*з ќе ни ги извадат.
И да имаш пари не значи дека треба и да ги расфлаш.
А што ми е мене гајле ти дали веруваш или не веруваш.
Тодоровиќ вчера тоа го кажа, исто ко што кажа дека све што е потребно е обезбедено, а единствено нешто што претходно фалело било градежна дозвола од трифун костовски тоест од град Скопје. Сега и таа ќе се добие бидејќи Коце е новиот градоначалник

парите за културата не се расфрлање. Повеќе од било што траат низ вековите.

Та там кога ќе се прашуваат некад во иднината за нас како народ, првично на што ќе се посветат е културата на овој народ кои биле и што биле. како што ние истото го правиме со старите народи, така они со нас ќе прават.

Е та кога тие наши потомци нас ќе не анализираат не сакам да не сметаат за мајмуни без мозок за културно размислување и творење, за какви што ти ги сметаш Македонците лафејќи за пренамена на сите пари од Мин. за култура во други цели.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
А што ми е мене гајле ти дали веруваш или не веруваш.
Тодоровиќ вчера тоа го кажа, исто ко што кажа дека све што е потребно е обезбедено, а единствено нешто што претходно фалело било градежна дозвола од трифун костовски тоест од град Скопје. Сега и таа ќе се добие бидејќи Коце е новиот градоначалник

парите за културата не се расфрлање. Повеќе од било што траат низ вековите.

Та там кога ќе се прашуваат некад во иднината за нас како народ, првично на што ќе се посветат е културата на овој народ кои биле и што биле.
Од проверени извори и сигурни е значи да.:pos2:

Да ќе не памтат како народ кој немал леб да јаде но упорно градел споменици.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Од проверени извори и сигурни е значи да.:pos2:
Па колку да ти кажам од повеќе од проверени. Ипак во институтот за историја на уметност со археологија студирам. :)

Да ќе не памтат како народ кој немал леб да јаде но упорно градел споменици.
та колку да знаеш тие народи највеќе се ценат. А не оние кои не оставиле ништо зад себе та не ни знаеме нит кои се и што се.

Споменици, Музеи, археолошки истражувања, томови книги, филмови, документарци, песни, фолклор, што има лошо во тоа ?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Па колку да ти кажам од повеќе од проверени. Ипак во институтот за историја на уметност со археологија студирам. :)
Не знаев дека сте во тек со владините сметки и дека имате увид во нив извини.

Споменици, Музеи, археолошки истражувања, томови книги, филмови, документарци, песни, фолклор, што има лошо во тоа ?
Нема ништо лошо. А што има добро во Сиромаштија, питачење, 36 псото невработеност, несигурност.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Не знаев дека сте во тек со владините сметки и дека имате увид во нив извини.
Не сме во тек со владините сметки хаха. Али сме во тек со уметниците кои работат на проектот :)

Нема ништо лошо. А што има добро во Сиромаштија, питачење, 36 псото невработеност, несигурност.
Демек сега ако сме сиромашни дај ништо да не градиме. Ко којзнае колку пари се давале за култура, (2,03 % од буџет на РМ) па немој случајно народот да не осиромашел.

Едно е да си сиромашен со парата, а друго е да си сиромашен духовно. За мене е пострашно ова второво. А првото секад ќе најде пари за леб, не се секирај, не е толку лошо колку што сакаш да претставиш. Битно е да се знае како да се живее и да се направи нешто во тој живот по што идните генерации ќе те паметат.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не сме во тек со владините сметки хаха. Али сме во тек со уметниците кои работат на проектот :)
А они се во тек и ги гледаат сметките на владата?

Демек сега ако сме сиромашни дај ништо да не градиме. Едно е да си сиромашен со парата, а друго е да си сиромашен духовно. За мене е пострашно ова второво. А првото секад ќе најде пари за лебе не се секирај, не е толку лошо колку што сакаш да претставиш. Битно е да се знае како да се живее и да се направи нешто во тој живот,
Нема да станеш духовно побогат со два споменика, нема ни со илјада. Духовно побогат ќе станеш пред се кога ќе станеш хуман и кога потребите на другите ќе ги ставиш пред твоите и кога ќе земеш и сам ќе се запознаеш со своето минато ќе научиш од него и ќе го искористш за да создадеш подобра иднина. А ситуацијата е многу полоша, само некој очигледно не сака да ја види. лесно е тоа да се затворат очите, ама некои работи остануваат факти.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
А они се во тек и ги гледаат сметките на владата?
ДА запознати се со целиот проект. особено неколку професори од инст. за историја на Уметност.

Нема да станеш духовно побогат со два споменика, нема ни со илјада. Духовно побогат ќе станеш пред се кога ќе станеш хуман и кога потребите на другите ќе ги ставиш пред твоите и кога ќе земеш и сам ќе се запознаеш со своето минато ќе научиш од него и ќе го искористш за да создадеш подобра иднина. А ситуацијата е многу полоша, само некој очигледно не сака да ја види. лесно е тоа да се затворат очите, ама некои работи остануваат факти.
Кога ќе ја почитуваш потребата и правото на македонскиот народ за духовно културно творење, и ќе престанеш со гушење на истиот, та не смеел Музеј, не смееле знамиња не смееле томови литература, не смееле ова не смееле она ? Не смее да постои, не смее да дише ?

На културните работници 20 и повеќе години им кажуваат причекајте причекајте причекајте. Симон Трпочевски ли да чека, борис трајанов ? Што ќе беше Тодор проески државата комплетно да застанеше зад него, да му финасираше светска кариера ?

Лошо било и во клето турско та и пред тоа кога им сечеле глави но видиш ги имало Михајло и Ефтихије, имаме Св. наум, трескавец, јован бигорски, Св. Спас итн. што би бил ти нив да ги немаше ? никој и ништо.

А сега не е полошо од клето турско. Та може да си дозволи овој народ 2,03 % проценти од буџетот за културно творење, за да имаме нови жинзифовци, прличковци, проевци, мисирковци, манастири, споменици, книги итн итн. За да останеме некој и нешто а не никој и ништо.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
ДА запознати се со целиот проект. особено неколку професори од инст. за историја на Уметност.
Да ама имаат ли увид во сметките на владата?

Ох мори мајко. Чека цела македонија 20 години не само они. Чекааѕ и докторите, правниците, научниците генерации пропаѓаат наа кој не им се дава шанса да пробијат не само на културен туку и на научен пат.

И пак ќе кажам парите не се користат за нив. Да беа за нив немаше толку да ми пречи барем знам дека се плаќа за да се пробиваат луѓето и да остварат некоја кариера. А за да му помогнеш на некој не мора да му се даде да гради споменици може да му се помогне да се пробие. Уметникот ќе остане Македонец кај и да отиде во светот.За кого и да гради, за кого и да пее. Ова нема допирни точки со тоа. А тие луѓе потоа ќе ја рекламираат нашата земја.

Нашата култура не е мртва последниве 20-30 години не била мртва ни во турско. Си постоела и растела дури и кога била загрозена и затоа е и фасцинантна. Фала богу највеличенствените градби се градат кога земјата е во луксуз и раскош нешто што Македонија не е денес.

А за твојата лична култура ти кажав мора од внатре да дојде.

Исто утре нашите записи нема да се гледаат само по градби туку и по дела. Се е запишано и снимено и видео амтеријалот ќе има поголема порака од што и да било друго. Од таму ќе се учи која била Македонија во овој период од историјата.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Да ама имаат ли увид во сметките на владата?
Најверојатно немаат. Но најверојатно знаат до кај се работите. некои викаат дека проектите се во сам финиш. јас главно се водев според изјавата на вчерашниот прес на Тодоровиќ

Ох мори мајко. Чека цела македонија 20 години не само они. Чекааѕ и докторите, правниците, научниците генерации пропаѓаат наа кој не им се дава шанса да пробијат не само на културен туку и на научен пат.

И пак ќе кажам парите не се користат за нив. Да беа за нив немаше толку да ми пречи барем знам дека се плаќа за да се пробиваат луѓето и да остварат некоја кариера. А за да му помогнеш на некој не мора да му се даде да гради споменици може да му се помогне да се пробие. Авторот ќе остане Македонец кај и да отиде во светот.За кого и да гради, за кого и да пее. Ова нема допирни точки со тоа. А тие луѓе потоа ќе ја рекламираат нашата земја.

Нашата култура не е мртва последниве 20-30 години не била мртва ни во турско. Си постоела и растела дури и кога била загрозена и затоа е и фасцинантна. Фала богу највеличенствените градби се градат кога земјата е во луксуз и раскош нешто што Македонија не е денес.

А за твојата лична култура ти кажав мора од внатре да дојде.

Исто утре нашите записи нема да се гледаат само по градби туку и по дела. Се е запишано и снимено и видео мaтеријалот ќе има поголема порака од што и да било друго. Од таму ќе се учи која била Македонија во овој период од историјата.
Бреј неуморлив :)

Васка глигоријевиќ

Сакаш да ме убедиш и да кажеш дека 2,03 % се премногу пари за да издвои Македонија за културно творење ?

Аман бре човек па Нигерија и Конго гарант поише одвојуваат хаха

Та и во клето турско полесно се граделе цркви и споменици.

Кого правиш бре будала ?

Баш убаво. Значи викаш дека ќе имаме и видео и снимен матерјал, како соросоиди не му даваат на народот да дише, како им пречел Александар на плоштадот и тоа ко пролив го испењавиле катадневно ма каки какагодишно гушејќи го народот не му даваат да каже кој е и што е, нарекувајќи го за фашист, националист, гебелсов букефал демек коњски задник. И да според нив ќе се учи овој период од историјата. па тоа е резил бре, а не култура.

Грците уште сега тоа го документираат демек народот бил против изградба на споменик на Александар:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38581

Ајде одлепи ми се од постов ко акреп си. Пијавица. Да не речам крлеж. Остај нешто и другите да кажат.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Најверојатно немаат. Но најверојатно знаат до кај се работите. некои викаат дека проектите се во сам финиш. јас главно се водев според изјавата на вчерашниот прес на Тодоровиќ

Бреј неуморлив идиот :)

Васка глигоријевиќ

Сакаш да ме убедиш и да кажеш дека 2,03 % се премногу пари за да издвои Македонија за културно творење ?

Аман бре човек па Нигерија и Конго гарант поише одвојуваат хаха

Та и во клето турско полесно се граделе цркви и споменици.

Кого правиш бре будала ?

Баш убаво. Значи викаш дека ќе имаме и видео и снимен матерјал, како соросоиди не му даваат на народот да дише, како им пречел Александар на плоштадот и тоа ко пролив го испењавиле катадневно ма каки какагодишно гушејќи го народот не му даваат да каже кој е и што е, нарекувајќи го за фашист, националист, гебелсов букефал демек коњски задник. И да според нив ќе се учи овој период од историјата. па тоа е резил бре, а не култура.

Ајде одлепи ми се од постов ко акреп си. Пијавица. Да не речам крлеж. Остај нешто и другите да кажат.
Нигерија, Конго или Бурунди
за да ги набљудуваат мајмуните годишно трошат 2 милиони долари
,
баш на документарец на National Geographic гледав.
И тоа малце им било, се жалеа научниците...:toe:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Најверојатно немаат. Но најверојатно знаат до кај се работите. некои викаат дека проектите се во сам финиш. јас главно се водев според изјавата на вчерашниот прес на Тодоровиќ
Добро е да се знае.
Бреј неуморлив идиот :)
Навреди баво добро е да се знае до кое ниво е стигната твојата духовна култура.
Васка глигоријевиќ

Сакаш да ме убедиш и да кажеш дека 2,03 % се премногу пари за да издвои Македонија за културно творење ?

Аман бре човек па Нигерија и Конго гарант поише одвојуваат хаха

Та и во клето турско полесно се граделе цркви и споменици.

Кого правиш бре будала ?
Ма немој кои споменици се изградени во тоа клето турско кои коштале волку многу? Ај те молам кажи ми за 500 години владеење вака колку многу ги има.
Јас не верувам дека Нигерија и Конго повеќе одвојуваат. Дај бројки ако сакаш валиден аргумент.
Баш убаво. Значи викаш дека ќе имаме и видео и снимен матерјал, како соросоиди не му даваат на народот да дише, како им пречел Александар на плоштадот и тоа ко пролив го испењавиле катадневно ма каки какагодишно гушејќи го народот не му даваат да каже кој е и што е, нарекувајќи го за фашист, националист, гебелсов букефал демек коњски задник. И да според нив ќе се учи овој период од историјата. па тоа е резил бре, а не култура.
Па сега дали е резил или не дискутабилно е. Ама не мислев на такви видео материјали туку материјали за животот на граѓаните, за нивните секојдневни проблеми како и за филмовите кои се снимаат како не прикажуваат. Тоа ќе се гледа во нашата култура.
Ајде одлепи ми се од постов ко акреп си. Пијавица. Да не речам крлеж. Остај нешто и другите да кажат.
А ти не приметуваш дека имаш одговор на секојмој пост. Ако сум јас крлеж тогаш си и ти, ама можеби ти е тешко да го разбереш тоа. Сепак ако не сакаш одговори не коментирај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom