Понекогаш делуваш како отиден со умот.
Ние, Македонците, не должиме никому ништо освен на самите себе си.
Немаме корист од прифаќање на транснационализација на идентитетот или влегување во постнационална доба каде на прво место ќе е индивидуалниот идентитет пред националниот идентитет.
Главната причина поради која денеска се соочуваме со сите опструкции на нашиот идентитет е бидејќи дека националните, партикуларните егзистенции во минатото не биле рамноправни, па сега не можеме да го воспоставиме нашиот чекор во од' со останатите балкански народи.
Сега се бара национална хомогенизација на народот каде мораме и да дадеме одредени жртви во име на колективниот, национален идентитет.
Од националниот идентитет постојано се бара да ја открива својата култура, да сознава и памети “кои сме“ биле во минатото и во сегашното опкружување, да се пронаоѓаме себе си и своето место во тоа, да се самосознаваме и самоодредуваме.
Меѓутоа затоа националниот идентитет неможе да егзистира без здравиот национализам.
Кога се во прашање македонските национални интереси не смееме да бидеме водени од некаква историско “славјанска“ сентименталност во ситуација кога и Русинот си го брани исклучиво својот национален интерес.
Доколку би имале интерес во разнебитување на Македонија, нема да се двоумат ни секунда.