Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
браво за јунајтед....фантастична игра на целиот тим....едноставно сум импресиониран од залагањето на целиот тим во одбраната. Нани??? чоекот ја научи лекцијата "Седење на клупа" и сега прикажува прекрасни перформанси.... Руни ја игра својата најдобра сезона и моментално е во животна форма.... беф изненаден од одбраната каде како стопери играа браун и еванс...искрено очекував многу грешки од нив двајца ама гледам дека имаат добра комуникација....триото Сколс,Флечер и Керик ме оставија без зборови....ако Јунајтед игра константно овака не верувам дека ќе изгубат од Милан.....
 
Нани:Го изиграв најдобриот натпревар до сега

Слики, пошо го нема Сајтлер

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+DYQu6AAhZDAl.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+xeeEXovvnGrl.jpg

610x.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+L6uUTi3lG2Ll.jpg

610x.jpg

610x.jpg

610x.jpg

610x.jpg

x610.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+5LOIY2cHwAil.jpg

610x.jpg

610x.jpg

610x.jpg

610x.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+_QkbDVguCxjl.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+u9XyJdWejkvl.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+VKLFHRanbxml.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+6hyxO_So2eql.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+zf1FYiGhkNwl.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+gA2z_fYxXy9l.jpg

Arsenal+v+Manchester+United+Premier+League+ZqXxE_C8dB_l.jpg


Здравје утре некое потписче и аватарче ќе напраам можда.
 
Абе дај ставете го потегот на нани ...мора да се види тоа,алал да му е .
 
Нани ме изненадува во овој натпревар.Супер игра и во нападот и во средината.
Го чекаме Канал да прокоментира за играта на Нани.:tv:

Фали бројот 89, ама веројатно на мене се мисли :). Брате ако навистина ме чекаше, тогаш добро вечер и добро те најдов и тебе и сите тука :) :) :) А за НАНИ нема ништо да коментирам сега. Доволно коментирав изминатите недели и месеци кога една група од тука се правеше премногу стручна, се смееше, омаловажуваше, навредуваше и упорно со главата "маваше" во зидот, дури и до пред самиот почеток 17:00 на денешниот натпревар. Сакав да прочитам се што се напиша досега tuka, па после да "фрлам" и јас некој збор. Гледам пред почетокот на натпреварот многу стручњаци се чудеа зошто играат Нани, Парк, a веројатно си го мислеле истото и за Сколс бидејќи и него го напаѓаат често. Па се знае зошто играа Нани, Парк, Сколс...., затоа што беше важен натпревар и мораше да се победи, па Ферги го извади најсилниот состав за да победи, и како што видовте убедливо победи. Истите тие стручњаци, по натпреварот "фрлија" и по некоја пофалба и за Нани и за Парк, но сепак добро се сеќаваме на нивните стари постови. Некој дури праша погоре каде беше Нани вака да игра цела сезона. На секого му е јасно дека се игра на теренот, а не на клупата. Сеуште ви е нејасно дека Фергусон за инает не го ставаше Нани да игра заради некоја наводна изјава на Нани дека Ферги не го сака и затоа не го игра? Но незнам што се случи што се премисли, веројатно си згазна на гордоста стариот, а сето тоа за доброто на клубот, и Нани почна да игра. Последно време Нани не бомбардира со изјави дека наводно бил повреден (веројтно под притисок) и затоа ја пропуштил цела сезона досега. Кој сака нека верува во тие приказни, ама јас не верувам затоа што Нани додека беше на клупата ("казнет" ), тој редовно си играше за Португалија. Нема таква повреда која во Манчестер ќе постои, а во Потругалија ќе исчезне, па пак да се појави во Манчестер :). Но како и да е мене ми е драго што тоа се среди и дека Нани е таму каде што е сега, во улога на "несопирливото португалче" кое допрво ќе го видите како ќе блеска (се разбира доколку игра :) ). Ете затоа Мначестер Јунајтед сега ви личи на Манчестер, не ви личи ниту на Виган ниту на незнам кој. А новите звезди ќе почекаат малку, и пополека ќе се делкаат за во тимот. Не се станува преку ноќ звезда. И Нани знаете од кога е во клубот, па вие дури денес го забележавте дека вреди. Јас им се извинувам на некои тука што порано ги забележувам ваквите и некои други работи. Ќе кажам збор-два и за Видиќ. Незнам вие ама јас сум убеден дека сега Видиќ го завзеде "казнетото столче" на кое седеше Нани уште од натпреварот со Лидс, а изјавите преку медиумите дека е повреден се само новинаски матерјал за публицитет, и дел од тактиката на Ферги за казнување и упропастување на кариера на одреден играч. (Бекам, Ван Нистелрој, Стам, Рој кин и.т.н) Видиќ не треба да се плаши ако Ферги го продаде на Реал или Барселона, туку треба да се плаши дека "ќе јади копачка по глава" :pos2:. Дека нема "трте-мрте" со Ферги зборува и фактот дека Андерсон ќе лета само заради непослушност и лоши односи со Ферги. Ова беше секаде изминатите денови објавено, па незнам зошто во вашите претпоставки за составот пред натпреварот го вклучувавте и него.

Тоа е тоа, ова е Манчестер Јунајтед и кој ќе се гибни со Ферги тоа е исто како со оган да си игра. Се знае дека кога-тогаш, ќе се изгори. Честитки за денешниот вистински Манчестер Јунајтед, се беше супер и резултатот си го покажува тоа. Само во одбраната се чувствуваше отсуството на Фердинанд и Видиќ. На ова второто отсуство ќе треба да се навикнеме :). Сепак добро е што Арсенал не успеа тоа подобро да го казни. Многу значајна победа во вистинско време и со вистински клуб. Ем ривал, ем конкурент ни беше ама не ни е повеќе. Но во наредните денови мора да имаме добри односи со Арсенал. Тие треба "да ни се најдат, да ни помогнат" во битката за титулата со евентуална победа над Челзи. Можеби и затоа Ферги му рече на Нани и Руни денес да не даваат повеќе од три гола, за да не се навреди Венгер :pos2:. Поздрав до сите вас и честита победа уште еднаш.
 
Ќе се најде ли некое машко од Фан Клуб Арсенал да ни честита?? :raz::raz:

До сеа има само еден --> The Gunners

Награда: зелеМко за тој шо ќе честита :pos:


Едит:
Еве ви нешто за у потпис... #130
 
Со секој изминат ден, се погорд сум што навивам за ваков клуб ... :back:
п.с Хелз, браво за сликите :D
 
Честито на победата... мора да се признеа бевте многу подобри...
 
Ќе се најде ли некое машко од Фан Клуб Арсенал да ни честита?? :raz::raz:

До сеа има само еден --> The Gunners

Награда: зелеМко за тој шо ќе честита :pos:
Еве ја ќе ви честитам,ама нејќам зелемко
 
Glory Glory Man United....


Немам зборови после феноменалната игра на шампионот и целосна заслужена победа...Руни е неверојатен играч...Нани од натпревар во натпревар се подобро и подобро игра се надевам дека ќе ја задржи убавата форма што ја постигна..
Најмногу се плашев од одбраната и мислев дека ке биде за никаде но и одбраната се покажа во добро светло...Одлична игра и честитки..
 
Мала дигресија - Можно е Џон Тери (поради скандалите кои го следат во последно време) да ја изгуби капитенската лента на Англија и Рио Фердинанд или Вејн Руни, некој од нив да биде наследникот :)
 
Големо БРАВО за сите момци денес. Некако очекував дека ќе одиграме одлично после дуелот со Шити и тоа и се деси. Уште од старт имавме неколку закани, на спротивната страна само Аршавин, али повеќе солираше па ништо не постигна...Нани и Руни фантастични, неам зборови...глеавме со друштво и коментиравме дека на Нани треба да му извршат допинг тест. :vozbud:

Голема, голема победа па и у гости, па и втор пат годинава, па и конуренти, па и не знам шо...одбраната им беше смешна (сега да не тресат дека подобро ќе било со Сол, хаха) бековите катастрофа, па господинот Нани на најелегантен можен начин си ги возеше, баш мајсторски. Знаев дека 2ро полувреме ќе ги чекаме на контри, а Руни тука беше невероватен. Штопови на гради у ваздух ненормални, прецизни пасови, шпринтови...неам зборови...многу рано некако видов 0:3 смешно ми беше дури. Кои се тие Денилсон, Сања, Клиши, Бентнер...самунари.....имавме и понатаму шанси за повеќе голови, ама почнаа да се занесуваат после како да се на тренинг, не си ја вршеа работата на ниво како што беше претходни, ама ајде, оправдано...голот и јас не знам како го примивме, се удри од Браун или Еванс, па смени правец...најбитни се 3те бода, подобрување +2 гол разлика :), следење на Челзи и вршење притисок нормално, а и нормално продолжување на одличната форма сега кога ни е најпотребно од било кога. Бркање 4та титула по ред, а и да не заборавиме дека ни се ближи Милан, а нивната форма оди во надолна линија што мене ептен ме радува :).

Glory, glory Man United! Уште еден добар :sekss:
 
:pos: :pos: :pos:

Се уште не ми се верува што гледав.Па дали Јунајтед се врака на старите патеки?односно на победите со голема разлика во голови,дали е тоа играта на која сме навикнати?

Секако дека е!!
Воопшто не се сомневав во нив.
Оние кои ги критикувавме цела сезона изненадија.
Нани беше зверка.Парк конечно постигна гол.
Можевме да победиме со поголем гол разлика но за жал не ги искористивме шансите.
Нека му е честит 100 гол на Руни во ПЛ.Да му се множат и понатаму.
ВДС:cuc: :cuc: :cuc: едноставно немам зборови за него,бидејки што и да кажам нема да биде доволно.

Само така нека продолжат Гаволите и не ни бега 4 тата титула по ред нормално под услов и Челзи да губаат поени зошто џабе ке биде се доколку Челски продолжат и понатаму со ваквата игра.

Нека ни е честита победата и нека ни се множат.

П.С.Кога го играат Челзи заостанатиот натпревар?

И благодариме за честитките.:smir:
 
Мала дигресија - Можно е Џон Тери (поради скандалите кои го следат во последно време) да ја изгуби капитенската лента на Англија и Рио Фердинанд или Вејн Руни, некој од нив да биде наследникот :)

Ако е толкав дебил Капело,да не знае да разликува привататност од професионалност тогаш нека го смени Тери од капитен на репрезентација..:smir:
 
Ако е толкав дебил Капело,да не знае да разликува привататност од професионалност тогаш нека го смени Тери од капитен на репрезентација..:smir:

Па не се знае со Капело, малку „лев“ е, Тери за на терен е супер капитен, иако можеби голем минус ми е тоа што плачеше во Москва, ако капитенот плаче што да направат другиве:), само не му требаа вакви скандали. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom