Нани ме изненадува во овој натпревар.Супер игра и во нападот и во средината.
Го чекаме Канал да прокоментира за играта на Нани.:tv:
Фали бројот 89, ама веројатно на мене се мисли

. Брате ако навистина ме чекаше, тогаш добро вечер и добро те најдов и тебе и сите тука

А за НАНИ нема ништо да коментирам сега. Доволно коментирав изминатите недели и месеци кога една група од тука се правеше премногу стручна, се смееше, омаловажуваше, навредуваше и упорно со главата "маваше" во зидот, дури и до пред самиот почеток 17:00 на денешниот натпревар. Сакав да прочитам се што се напиша досега tuka, па после да "фрлам" и јас некој збор. Гледам пред почетокот на натпреварот многу стручњаци се чудеа зошто играат Нани, Парк, a веројатно си го мислеле истото и за Сколс бидејќи и него го напаѓаат често. Па се знае зошто играа Нани, Парк, Сколс...., затоа што беше важен натпревар и мораше да се победи, па Ферги го извади најсилниот состав за да победи, и како што видовте убедливо победи. Истите тие стручњаци, по натпреварот "фрлија" и по некоја пофалба и за Нани и за Парк, но сепак добро се сеќаваме на нивните стари постови. Некој дури праша погоре каде беше Нани вака да игра цела сезона. На секого му е јасно дека се игра на теренот, а не на клупата. Сеуште ви е нејасно дека Фергусон за инает не го ставаше Нани да игра заради некоја наводна изјава на Нани дека Ферги не го сака и затоа не го игра? Но незнам што се случи што се премисли, веројатно си згазна на гордоста стариот, а сето тоа за доброто на клубот, и Нани почна да игра. Последно време Нани не бомбардира со изјави дека наводно бил повреден (веројтно под притисок) и затоа ја пропуштил цела сезона досега. Кој сака нека верува во тие приказни, ама јас не верувам затоа што Нани додека беше на клупата ("казнет" ), тој редовно си играше за Португалија. Нема таква повреда која во Манчестер ќе постои, а во Потругалија ќе исчезне, па пак да се појави во Манчестер

. Но како и да е мене ми е драго што тоа се среди и дека Нани е таму каде што е сега, во улога на "несопирливото португалче" кое допрво ќе го видите како ќе блеска (се разбира доколку игра

). Ете затоа Мначестер Јунајтед сега ви личи на Манчестер, не ви личи ниту на Виган ниту на незнам кој. А новите звезди ќе почекаат малку, и пополека ќе се делкаат за во тимот. Не се станува преку ноќ звезда. И Нани знаете од кога е во клубот, па вие дури денес го забележавте дека вреди. Јас им се извинувам на некои тука што порано ги забележувам ваквите и некои други работи. Ќе кажам збор-два и за Видиќ. Незнам вие ама јас сум убеден дека сега Видиќ го завзеде "казнетото столче" на кое седеше Нани уште од натпреварот со Лидс, а изјавите преку медиумите дека е повреден се само новинаски матерјал за публицитет, и дел од тактиката на Ферги за казнување и упропастување на кариера на одреден играч. (Бекам, Ван Нистелрој, Стам, Рој кин и.т.н) Видиќ не треба да се плаши ако Ферги го продаде на Реал или Барселона, туку треба да се плаши дека "ќе јади копачка по глава" :pos2:. Дека нема "трте-мрте" со Ферги зборува и фактот дека Андерсон ќе лета само заради непослушност и лоши односи со Ферги. Ова беше секаде изминатите денови објавено, па незнам зошто во вашите претпоставки за составот пред натпреварот го вклучувавте и него.
Тоа е тоа, ова е Манчестер Јунајтед и кој ќе се гибни со Ферги тоа е исто како со оган да си игра. Се знае дека кога-тогаш, ќе се изгори. Честитки за денешниот вистински Манчестер Јунајтед, се беше супер и резултатот си го покажува тоа. Само во одбраната се чувствуваше отсуството на Фердинанд и Видиќ. На ова второто отсуство ќе треба да се навикнеме

. Сепак добро е што Арсенал не успеа тоа подобро да го казни. Многу значајна победа во вистинско време и со вистински клуб. Ем ривал, ем конкурент ни беше ама не ни е повеќе. Но во наредните денови мора да имаме добри односи со Арсенал. Тие треба "да ни се најдат, да ни помогнат" во битката за титулата со евентуална победа над Челзи. Можеби и затоа Ферги му рече на Нани и Руни денес да не даваат повеќе од три гола, за да не се навреди Венгер :pos2:. Поздрав до сите вас и честита победа уште еднаш.