Го гледав само 2рото полувреме од shit причини и според тоа што го видов Астон Вила одлично се бранеше и одеа преку контри нормално. Одлично ја држеа топката и во средина и како што рече некој не се Вила од тие бедните тимови против кои лесно се прави пресврт. Имаа некои 28 посто посед, ама џабе тоа кога само кружевме околу 16ик како Арсенал лани, а не можат никако гол да дадат. Како течеше времето им писна О'Нил и 10 души бункер одма и се крстеше да не падне гол. Се чудев каде е Гигс, го глеам Парк тенко...Валенсија никако да центрира асално, не можеше да се пробие пошто го затвараа 2ца, Руни греши прости додавања...почнав да се нервирам. На Бербатов не му замерувам иако предолго ја држеше топката, пошто влезе кога играа тешка дефанзива, а и недоволно е подготвен од повредата.
А појма немав дека Челзи играл нерешено. Татко ми пошто ме јаде за Манчестер
, ми кажа и си викам: браво бе момци идеална прилика да изгубите, па и дома плус. Добра мотивација. Глеам Хески со 120 кг трча шпринт, нашите не можат да го стигнат, да не зборувам за Јанг и Агбонлахор (барем на фантазито лапнав по нешто од нив). Беа и физички подготвени и доста мотивирани, ради традицијата ваљда, а и којзнае од кога немаат пораз. Ве читам претходно и пречка сме имале...тоа е. Барем среќен сум за лани кога не гонеа Ливерпул, за голот на Македа сум се радувал како мало дете. Сега барем не е 34 коло. Не жалам многу за бодот предност шо го направи Челзи, ама и те како ќе беше друго да се израмневме, поголем притисок...
Глеам следно коло со Вулфс, таман тепаа денеска, па очекувам еден добар кикс, една петарда така ама од тие поголемите :pos2:, јако да пукне. Поздрав!