Честитки за големата победа... денес градот Манчестер е обоен во црвено.... дури играв натпревар и од еден дечко од страна го слушнав резултатот и престанав да мислам на натпреварот и со мислите се префрлив на градското дерби :wink:... ако знае некој дали ќе ја има снимка на Сител вечерва нека каже и ако може некој малку подетално да ми објасни како се одвивал текот на натпреварот... и уште една молба, да се постави клип од хајлајтсот од денешниот натпревар... со шансите и погодоците... фала однапред и уште еднаш честитки на големата победа...
Мислам дека ќе има снимка од Челзи - Тотенхем.
Натпреварот го почнавме добро, со гол во втората минута на Руни. Потоа топката стално беше во нас, вршевме притисок (во меѓувреме Фостер направи еден кикс), се до 16та минута кога Фостер го направи и вториот и фатален кикс и Сити израмнија на 1-1. Подоцна играта ни опадна и мислам дека имавме само една шанса до полувремето, додека кај сити Тевез ја погоди стативата.
Второто полувреме повторно почна добро за нас, со гол на Флечер во 49та минута, но нели ние кога даваме мораме и да примаме, па така во 54 мислам Белами ни го бапна од 15-20 метра ако не се лажам. Потоа притискавме ненормално многу, ама Гивен мамето негово се фати.
Периодот од 70-90 минута не го гледав само знам дека било пеколно.
Флечер дал гол сличен на првиот, а нашата одбрана поточно Фердинанд пак направила кикс кој го казни Белами во 90та минута.
Судијата даде 4 минити продолжение, но го продолжи уште за 2.
Во 96 минута, по феномелната асистенција од Гигс, Овен го постигна голот за 4-3 и за огромна радост на навивачите на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД.
Цел Олд Трафорд ечеше! :vozbuda:
П.С. Роналдо постигна уште еден гол за Реал, вкупно 2 денес.