Ван дер Сар со 40 години најдобар голман во Европа! Идниот месец полни 39 години и се наоѓа во залезот на брилијантната кариера. Но, да тргнел по семејните стапки, неговиот живот би бил сосема друга приказна.
„
Започнав како играч од средишниот дел на теренот, но две години подоцна нашите голмани не беа на соодветното ниво и менаџерот ми рече: Едвине, ти си најголем, мораш да го браниш нашиот гол. Мислам дека добро помина сето тоа, па еве сум сега како чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед.“ - вели Ван дер Сар, во интервју за еден локален спортски дневник.
Бројните клупски признанија, вклучувајќи ги двете тиули во Лигата на Шампионите, се потврда за неговата извондредна кариера. А, како „јаготка на шлагот“ сега пристина и признанието на УЕФА - најдобар голман во Европа.
„
Имав долга кариера и освојував титули со различни клубови. Освојувањето на ваквите големи лични награди е убаво чувство и голема чест за мене.“
Но надежите дека ќе го освои третиот европски трофеј згаснаа против Барселона. Историјата беше против Јунајтед во Рим бидејќи во овој формат сеуште ниедна екипа не ја одбранила европската титула.
Ван дер Сар веќе ја пропушти таа прилика во текот на 90-тите кога Ајакс загуби од Јувентус. Затоа многу подобро од другите знае колку е тешко да се освојат две титули по ред.
„
Јасно е дека е многу тешко. Имав два обиди и не успеав. Мислам дека сега бевме поблиску отколку во 1996-та година, иако се изведуваа пенали. Но, не мислам дека тогаш бевме подобар тим, тешко е да се прифати тоа, но тука сум за нови обиди.“
Па што го чека во иднина? Дали ќе игра и во 40-тите ? - „
Ќе седнам на маса со луѓето од клубот и ќе видам што сакаат тие и што сакам јас, дали сум подготвен за понатаму или не.“