Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Единствени кои од кај нас нема да играат се : Фабрегас, Росицки, Волкот, Насри !

Сите други се во комбинација за настап, па еве ке ви помогнам малце, каде Венгер ке настапи со овој состав

Алмуниа, Сања, Галас, Вермален, Клиши, Сонг, Денилсон, Диаби(Ремзи), Аршавин, Робин Ван Перси, Едуардо Да Силва(Бендтнер) !

Според мене ! Пред се очекувам фер и коректен натпревар, со голови и се надевам на победа на подобриот и посрекниот тим !

Спортски поздрав !:helou:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Доколку не ви функционира Сител според нормалните регулативи :), пренос од натпреварот Манчестер Јунајтед-Арсенал ќе имате и на RTS 2 Srbija, Pink Montenegro и BHT 1. Со исклучок на проблемите во одбраната, тука ни се сите играчи од средниот ред и од нападот. Арсенал малку ослабен без неколку првотимци. И покрај се се надеваат на успех. И со право го прават тоа, со оглед на добриот старт. Но нека не забораваат со кој играат. Очекувам убав фудбал, и нормално три бода инкасирани на нашето конто. Ако ја гледаме традицијата, таа покажува дека ние во четвртото коло секогаш се подобруваме и стартуваме со убиствените серии. Се надевам дека и сега ќе бидеме уште подобри во споредба со предходните три кола. Нека е со среќа!
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Се слагам...Челзи,кој се нашата конкуренција за титулата-не продадоа ниту еден играч,донесоа 2-3,и донесоа одличен тренер.За да рече некој дека Анчелоти е срање тренер,нека се преслуша убаво дали има логика тоа што го кажал.Значи не е конкуренцијата Арсенал или Ливерпул,кои си продадоа клучни играчи,туку јас во Челзи ја гледам опасноста,и мислам дека фали уште еден плејмејкер.Некогаш тимот ти е јак,ама мораш да го направиш уште појак за да му парираш на конкурентниот тим.Sad but True...
Анчелоти е просечен тренер кај може со алекс фергусон поз и одиме на победа против арсенал
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Анчелоти е просечен тренер кај може со алекс фергусон поз и одиме на победа против арсенал
Јас не го потценувам Анчелоти, но во изминатите три години Челзи смена многу добри тренери, а успех никако. Сите тие "добри тренери", некако неможат да се снајдат во премиер лигата. Не е исто да го водиш Милан и Челзи односно да бидеш тренер во Италија, Португалија, Русија или во Англија. Ако Челзи сакаат успеси треба да се залагаат со добра игра, а не да мислат дека се е решено само затоа што довеле некое звучно име за тренер. Сите досега со исклучок на Гус Хидинк, повеќе се правеа радио и тв водители отколку тренери.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Не заборавај дека Челзи досега играше со две класи подолу тимови, кои се наогаа лани околу 10 место !

Баш ме интересира, дали Челзи ке може да издржи пеколкни 5-6 кола, каде играат со Арсенал, Лиерпул, Јунајтед и Тотенхем !

После ова ке видиме какви ке бидат, или ке се повтори Сколари, кој победуваше против малите, а против големите не забележа ниту една победа !

Има време !

Јас мислам дека Арсенал и Јунајтед, ке се борат за титулата, но Ливерпул ке мора да почека барем до наредната година, за титула ! Кај 30 ај уште 1 ?!:pos2:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Јас не го потценувам Анчелоти, но во изминатите три години Челзи смена многу добри тренери, а успех никако. Сите тие "добри тренери", некако неможат да се снајдат во премиер лигата. Не е исто да го водиш Милан и Челзи односно да бидеш тренер во Италија, Португалија, Русија или во Англија. Ако Челзи сакаат успеси треба да се залагаат со добра игра, а не да мислат дека се е решено само затоа што довеле некое звучно име за тренер. Сите досега со исклучок на Гус Хидинк, повеќе се правеа радио и тв водители отколку тренери.
Мурињо се снајде бесе одличен тренер голема грешка им беше што го отпуштија
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Не заборавај дека Челзи досега играше со две класи подолу тимови, кои се наогаа лани околу 10 место !......

Јас мислам дека Арсенал и Јунајтед, ке се борат за титулата, ..../quote]

И Арсенал играше со послаби екипи, тука нема никаква разлика. Денес има потешка со Манчестер Јуанјтед. После овај натпревар ќе можете да коментирате колку сте добри или лоши. А за титулата сега за сега може да се каже дека ќе се борат сите од големата четворка. Не треба да гледаш навивачки, туку реално да коментираш. Ако Ливерпул имаше лош старт, со кое право го отпишуваш Челзи кој засега има максимум бодови? Кога ќе почне згуснатиот распоред со натпреварите од лигата на шампионите, кога ќе почне да се игра Сабота-Среда-Сабота, тогаш ќе се види кој може да го издржи тоа темпо.

Мурињо се снајде бесе одличен тренер голема грешка им беше што го отпуштија
Ќе ти одговорам накратко, ама ќе те замолам да го оставиш Челзи повеќе тука, оти ова не е фан клуб Челзи. Сите кои дојдоа беа добри. Проблемот кај Челзи е на друго место. Таму после првиот пораз, ќе ти речат "да си ги спаковаш куферите". Е кој е тој тим што може нон стоп да победува. Ако Манчестер Јунајтед имаше такво раководство, требаше после натпреварот со Барнли да го избркаат Ферги. Но Манчестер и тука се гледа дека има поголема "големина" од Челзи.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Јас би ги додал и манчестер сити и тотенхем
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Не би се сложил дека утакмицата со Селтик беше лесна ?! Тим кој нема изгубено дома 27 години, од англиска екипа, не можи да е слаб ! Сетете се лани, Јунајтед не победи !

Ние бевме 4-ти, лани, а Евертон 5-ти, и победивме со голем резултат ! Јас тоа го сметам за успех, за разлика каде Челзи играше со 17, 15, и 8 пласирани тимови !

Мислам дека има разлика ! Не дека го бранам Арсенал, ама гледам обејктивно на работите !

Исто така, на Јунајтед му следуваат тешки натпревари, но тие стално на почетокот на сезона, не тргнуваат баш најдоборо, а на крајот завршуваат на најпосакуваното место ! Со текот на времето и Сер Алекс и Венгер станаа добри пријатели, и притоа имам каков таков респект спрема Јунајтед, нешто што го немам за Челзи, Тотенхем и Вест Хем !

Разликата мегу Челзи и Арсенал и Јунајтед е тоа дека и при најмал кикс, кај Челзи се менува тренер, за разлика каде Венгер и Сер Алекс остануваат недопрени !

Тоа е разликата ! Арсенал и Јунајтед ги имаат двајцата најдолго опстанати тренери на клупата ! Ни еден друг клуб во светот не верувам дека може да се пофали со ова, а многу помалку Челзи или пак Реал и Барса !

Извините за малиот офтопик !
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Не заборавај дека Челзи досега играше со две класи подолу тимови, кои се наогаа лани околу 10 место !......

Јас мислам дека Арсенал и Јунајтед, ке се борат за титулата, ..../quote]

И Арсенал играше со послаби екипи, тука нема никаква разлика. Денес има потешка со Манчестер Јуанјтед. После овај натпревар ќе можете да коментирате колку сте добри или лоши. А за титулата сега за сега може да се каже дека ќе се борат сите од големата четворка. Не треба да гледаш навивачки, туку реално да коментираш. Ако Ливерпул имаше лош старт, со кое право го отпишуваш Челзи кој засега има максимум бодови? Кога ќе почне згуснатиот распоред со натпреварите од лигата на шампионите, кога ќе почне да се игра Сабота-Среда-Сабота, тогаш ќе се види кој може да го издржи тоа темпо.



Ќе ти одговорам накратко, ама ќе те замолам да го оставиш Челзи повеќе тука, оти ова не е фан клуб Челзи. Сите кои дојдоа беа добри. Проблемот кај Челзи е на друго место. Таму после првиот пораз, ќе ти речат "да си ги спаковаш куферите". Е кој е тој тим што може нон стоп да победува. Ако Манчестер Јунајтед имаше такво раководство, требаше после натпреварот со Барнли да го избркаат Ферги. Но Манчестер и тука се гледа дека има поголема "големина" од Челзи.
абе не се секирај ке ги оставам челзи само сакав да се надоврзам на тебе и јас сум фан на манчестер јунајтед поз
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
................
Ние бевме 4-ти, лани, а Евертон 5-ти, и победивме со голем резултат ! Јас тоа го сметам за успех, за разлика каде Челзи играше со 17, 15, и 8 пласирани тимови !

...............
Со текот на времето и Сер Алекс и Венгер станаа добри пријатели, и притоа имам каков таков респект спрема Јунајтед, нешто што го немам за Челзи, Тотенхем и Вест Хем !
Тоа што сте биле едно до друго со Евертон не значи дека Евертон беше јак, туку Арсенал беше слаб па се доближија лани. Респект имам и јас спрема Венгер, стабилен човек, кој никого не навредува со изјавите. А тоа што имаш респект према Јунајтед, не ме чуди затоа што не си единствен, туку си ЕДЕН ОД МНОГУТЕ кои имаат респект! Поздрав!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Мислам дека најповеќе за тој респект постигна Сер Алекс ! Највеќе заради него, и се надевам дека Венгер ке го надмине него, во секој смисол !

Иако не ги заборавам утакмиците каде имаше тепачки, навреди, фрлање на супи ! Но сето тоа го нема повеќе заради взаемниот респект кои го имаат еден за друг !

 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Не за во лига на шампиони
Немам обичај да билдам кратки постови, но ќе ти одговорам дека првенството ако траеше три или четири кола, можеби ќе беше ти во право за Манчестер Сити или Тотенхем. Според тебе двајца од големата четворка ќе треба да играат во уефа, а? :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom