Вака сега, гледам се отворила дискусија околу играњето, заслугите во клубот и заминувањето на Роналдо... според тоа што го прочитав не ми се допаѓа карањето помеѓу одредени членови кој заедно навиваат за ист клуб... но мора да има и некој со различни мислења, нели? Кога станува збор за Роналдо... ќе кажам дека беше еден од најдобрите играчи во Јунајтед во историјата на клубот... неможам да го споредувам со Кантона, Гигс, Бекам... но Роналдо ќе биде запишан во историјата на Манчестер со златни букви... на 90% од натпреварите што ги играше за Јунајтед, играше со Срце, а како што кажа Deno^ само тој играше за да победи во финалето оваа година... даде можеби најголем придонес за 3 титули во ПЛ и двете успешни поминати години во ЛШ... постигна највеќе голови за еден играч од средниот ред во историјата на ПЛ, едноставно беше незадржлив за сите светски играчи... и уште безброј добри работи за клубот, кој јас како навивач никогаш нема да ги заборавам и бидејќи имам дрес од него, нема да престанам да го носам како заслуга за тоа што го направи за Јунајтед... постојат два типа на светски играчи... играчи кој сакаат цел живот да поминат во клубот каде настапуваат (Гигс, Дел Пјеро, Тоти, Жерард...) и играчи кој сакаат нови предизвици во кариерата (Роналдо, Кака)... па кога можеа Зидан, Фиго, Марадона (едни од најдобрите играчи во историјата на фудбалот) да сменат неколку клубови во кариерите со цел за нови предизвици, зошто да не и Роналдо?... затоа уште еднаш тука на форумот ќе му заблагодарам за се' што направи за Јунајтед и што со неговите голови, асистенции му помогнаа на Јунајтед да биде најдоминантен клуб во последните неколку години во Европа... :helou: