Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.581
Поени од реакции
6.299
Не ми се допадна тоа што Керик шутираше пенал. Ако бил толку голем стручњак за пенали (како што рече некој погоре), зошто лани сите пенали ги шутираше Роналдо (а не Керик)? .
Јас реков!

Но тука беше наивноста на Керик иако за зачудување беше како он може да промаши пенал. Јас бев доста сигурен дека ке го даде со оглед на одлично шутнатите пенали во секоја прилика што ја добил. Но кога можеше и Роналдо со Вест Хем, Барселона, Челзи да промаши тогаш зошто да не смее и Мајкл. Ич не го обвинувам. Барем имаше муда момакот да испадне и да пуца. За разлика од нашиве напаѓачи кој за жал многумина се крстат во нив (i am looking at you scouse bastard).
Дено кажа зошто! :smir:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Само една работа ке кажам:
Ферги не ги бира изведувачите на пенали, играчите меѓу себе се договараат кој ке шутира, односно тој што е најсамоуверен и има храброст ја зима топката и се упатува кон белата точка, а сите знаеме дека Роналдо беше таков, дури и премногу беше самоуверен во себе, затоа тој ги шутираше пеналите. Пред да го обвините Керик прашајте се зашто никој друг не ја зема топката, ако сакаше Гигс или Руни да шутираат никој немаше да ги спречи.

П.С. Тери го утна решавачкиот пенал во Москва, никој не му замери а вие за еден мочан пенал против Барнли плачете :lud:
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Кога стигнав да ја гледам утакмицата веќе беше 1:0 (иначе кај комшија-од вчера навивач на лузерпул). Не се вознемирив уопште. Си викам 1:1 на полувреме и после ќе се оди на победа. Гледам у тоа малото телевизорче...се чудам, се смеам, не знам и јас шо глеам. Кога видов Овен прва постава толку се изнервирав. Па како може Бербатов шо за него е поим, да седи на клупа, додека овој е толку затворен и без никаков пробив да игра. Ама тоа е, Фергусон секогаш така "експериментира" со послабите, демек ќе ги тепаме тие со послаб состав. Не дека немаме повредени, ама голема грешка, Овен треба да биде на клупа и да го пуштаат у 70та минута да покаже што знае, а не вака. Валенсија исто на клупа, а и кога влезе ништо посебно, освен центар шутот шо му удри на ѓуптинот у рака, а не беше досуден пенал....јбг еден промашија, па нема повеќе. Не го обвинувам Керик за пеналот, се случува на секој, искрено се израдував дека Руни ќе шутира ама ништо. А да го дадеше, глава оставав дека ќе тепат сигурно. И така овој другаров скока, се радува на промашувањата и катастрофалната игра на Манчестер (помалку гледаше Лузерпул како е), ама не му замерувам пошто до вчера не пратеше фудбал, а и нема кредибилитет да разговара со мене на таа тема. Не ми е јасно зошто сите лузери се радуваат на кикс на Јунајтед, а на крај кога токму тој Керик, токму тој Бербатов (се инатевме за Торес), токму тој Флечер го подигна пехарот, а сите други јадевте семки пред малите екрани и плачевте.:nenene:
Лани ако не се лажам во првите 5 кола имавме 1-2-2, што е далеку полошо од сега т.е сеуште може да се подобри ланскиот старт. Стојам на ставот дека Барнли ќе биде последен во лигата оваа година, гарант, па баш ме интересира со колку победи ќе завршат на крај. Катастрофа беше утакмицата, не Манчестер шо беа дрва и тие врска немаа, ама толку им е и квалитетот нели? Само се бранеа.

Иначе очекувам друг Манчестер веќе следното коло, Ферги им одржал добар прес, пошто сите како без желба како да немаа некои претензии т.е. ај јбг па мора ли сега да тепаме, другпат. Челзи е на ред да заебе кај Фулам, очекувам. Оваа сезона ќе биде за сите такво, ќе правиме муабет за киксовите на другите конкуренти за титула. Ќе има многу изненадувања од послабите екипи, а и секогаш имало. Ме потсети ова на поразот на Јунајтед од Вулфс од 1:0 кога у весник прочитав дека немале победа против нас 30 години и ете се деси. А и не би било интересно стално да тепаат големата четворка и остали горе, а другите да имаат по 3 бода. Се менува менталитетот на сезоната, па како што рече некој кога сите губат сили, Јунајтед тогаш докажува кој е, кога сите викаат "на среќа тепавте" тоа е тоа, имаат муда да ги издржат притисоците и да не дозволат да им ја одземат првата позиција, од кога ќе ја превземат де :wink:. И Челзи кога беше шампион имаше 15 победи од 0:1 и си ја фаќав 0-2 гола 2 коефициент, ама важно беа шампиони. Се радуваат Лузерпулци шо до вчера не ги ни сметав за конкуренција на Манчестер, шо претходните години си игравме мајтап со нив (ех чекам да се повтори кога му трчав низ станот на цимерот шо е за Ливерпул кога напаѓаа 85 минути, промашуваа а О-Ши погоди у 90та), хаха, па и Фердинанд. Се сложувам со Ферги дека тоа лани беше нивен максимум, па да не се надеваат многу, еве тука сме, уште малку сме, уште малку ни треба. Сезоната е долга и пеколно тешка, пошто се игра на многу фронтови, повреди, срања (ќе ве стигнат и вас), па тука ќе се види кои се херои и кои можат да издржат. Поздрав.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Ме потсети ова на поразот на Јунајтед од Вулфс од 1:0 кога у весник прочитав дека немале победа против 30 години и ете се деси.
Е и те како се сеќаам на вој пораз, беше прва утакмица одкако го суспендираа Рио за допинг тестот и не ни очекуев да изгубиме иако Браун и семоќниот Силвестре беа штопери. Арно ама Кени Милер стапи на сцена и се друго е историја.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Се сложувам со Бојан а до некаде и со Дено. Не га гледах утакмицата, ама имам претстава шо сее случувало. Как шо кажа Фергусон, пенало беше клучен момент на утакмицата, ако беше реализиран ке имаше и друг/и гол/ови. Не треба да се обвинува Керик за пенало, не оде за да го промаше, сака да го даде, нормално. А и да знаате оти не се шутира лесно пенал пред таква публика... Барнли не играл 33 год утакмица у прва лига на домашен терен, тва не да не е мотивација, поголема мотивација пред таа публика незнам шо би била. Друго е шо биле набутани у 16-никот, така знаат да играт и готово. Добро кажа Дено " во Роналдо губиме одличен провокатор, играч со психичка стабилност на еден Фиго, Дел Пиеро, Зидан и тн, играч кој колку и да му свири публиката тој само се охрабрува " ... Роналдо ке остане незаменлив, ама јас сам сигурен оти Ферги ќе " измисле " друг " Роналдо ", незнам дали ќе биде Нани или Валенсија, ама еден ден ќе ми кажете оти сам имал право... И факт е тва шо секојпат имаме лош старт, незнам дали некој од тука е играл професионално фудбал или барем е тренирал, јас имам играно и имаах еден тренер шо сега е предводник на еден амбициозен македонски прволигаш, предсезоната, на припремите, нон-стоп ни говораше оти на почетоко на сезоонта ќе имме големи тешкотии и ќе чувствуваме замор у првите 3-4-5 кола, а после ќе сме как навиени... мислам оти тва се случува и со манчестер... јас незнам дали ни треба едно две или пет екстра засилувања, тва е работа на Алекс и јас имам големо поверение у него... и со петлињата да реше да играа јас ќе му верувам, човеко го заслужува тва, ного пати нии докажал оти секојпат има право... и молам ви се не флевајте у депресии, за една утакмица, аматери Барнли, незнам шо, чим играт тука и они се как нас, премиерлигаши, не треба да ги потценуваме, напротив, против них требаше појако да удреме уште на почетоко, шо ако саа флезеа и шо ако сме биле лани шампиони... било-поминало, нова сезона, нов почеток, ќе се бореме, ќе добииме. Незнам дали Виган ќе га плате сметката на Барнли со 3-4 гола у мреежта или ќе им дадеме мотив на челзи ливерпул и арсенал да ни избегат 2-3 бода, да се порадуват, а после да ги спуштеме под нас... бидејте поздравени и без галама и нервози... прочитајте шо сте кажувале = Ферги ќе изваде изненадување од ракааво :helou:
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Како прво Играчи нови не ни требат имаме доволен потенцијал и квалитет
незнам шо сте се раскукале од еден добро изигран меч со пораз
незнам как е можно некој шо го гледа целио натпревар д акаже дека манчестер изиграл лошо со барнли
едноставно топката нејкеше да флезе у голо

Манчестер беше насекаде посед шутови се али топка никако да флезее
иначе мора нани валенсија и флечер да се главен столб на средниот ред
на повекето натпревари
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Како прво Играчи нови не ни требат имаме доволен потенцијал и квалитет
незнам шо сте се раскукале од еден добро изигран меч со пораз
незнам как е можно некој шо го гледа целио натпревар д акаже дека манчестер изиграл лошо со барнли
едноставно топката нејкеше да флезе у голо

Манчестер беше насекаде посед шутови се али топка никако да флезее
иначе мора нани валенсија и флечер да се главен столб на средниот ред
на повекето натпревари
Се согласувам.
Иначе цело време топката беше во шеснаесетникот на Барлни, но за жал немавме завршница :S
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Се согласувам.
Иначе цело време топката беше во шеснаесетникот на Барлни, но за жал немавме завршница :S
Епа баш затоа мислам дека ни треба напаѓач...И морам да се сложам со Дено...Овен е дрво..Дај боже да му се врати формата...Бар малце да се разигра,но сеа за сеа дрво е...Бербатов е поарен...

Сепак Ферги најдобро знае :):):)
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Како и да гледаме вчерашната утакмица беше катастрофа. Без разлика колку добри сме биле и каков бил поседот на крајот резултатот беше негативен за нас. Искрено повеќе ќе сакав тапа игра од нас и да победевме отколку доминантна игра а да заврши со пораз. Епа сега ваљда ова ќе биде еден посилна клоца за сите во клубот малку да свестат дека натпреварите со Сити и Арсенал се опасно блиску а со ваква моментална форма на клубот ( на што влијаат и многуте повреди секако) нема на што многу да се радуваме. И за следните натпревари Нани и Валенсија по крила, Флечер место Керик во прв тим и Овен на клупа зашто вчера беше како 'таен агент' на Ливерпул во нашиов тим
 
В

Вори

Гостин
Само една работа ке кажам:
Ферги не ги бира изведувачите на пенали, играчите меѓу себе се договараат кој ке шутира, односно тој што е најсамоуверен и има храброст ја зима топката и се упатува кон белата точка, а сите знаеме дека Роналдо беше таков, дури и премногу беше самоуверен во себе, затоа тој ги шутираше пеналите. Пред да го обвините Керик прашајте се зашто никој друг не ја зема топката, ако сакаше Гигс или Руни да шутираат никој немаше да ги спречи.

П.С. Тери го утна решавачкиот пенал во Москва, никој не му замери а вие за еден мочан пенал против Барнли плачете :lud:
Немој брат аман не ме потсетуај..
Нема потреба за нервози..почеток на сезона е.
Овие Барнли двапати Челси го тепаа во купот,и еднаш Арсенал и Ливерпул,а и сеа мотивирани се дека дојдени прва лига.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.027
Поени од реакции
1.516
Еве и потврдување од Гвардиола дека Видич не е трансфер цел на Барса.

And now Guardiola, who has the difficult task of building on last season's treble-winning campaign in his first season in charge, has insisted Vidic is not a summer target for the Catalans.

The Barca boss said: "No, he is a Manchester United player."

Извор
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
веке у недела и понеделник очекувам кикс на челзи и лузерпул
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Др. Чајна, ако не ти се дискутира за нешто, не пишувај тука без врска постови, шкљоцај си во твојот фан клуб милион вакви постови. Наредно постирање без врска колку да се стропа нешто ќе ти биде бан од тема па како сакаш.

Вие другите не му реплицирајте, нема поента. 8 поста има само во фан клуб Ливерпул, од кои 5 му се откако почна сезонава. Нека постира таму.

Од денес стапуваме построго во фан клубовите, некои членови доста искористуваат ако најдат лабаво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom