Кога стигнав да ја гледам утакмицата веќе беше 1:0 (иначе кај комшија-од вчера навивач на лузерпул). Не се вознемирив уопште. Си викам 1:1 на полувреме и после ќе се оди на победа. Гледам у тоа малото телевизорче...се чудам, се смеам, не знам и јас шо глеам. Кога видов Овен прва постава толку се изнервирав. Па како може Бербатов шо за него е поим, да седи на клупа, додека овој е толку затворен и без никаков пробив да игра. Ама тоа е, Фергусон секогаш така "експериментира" со послабите, демек ќе ги тепаме тие со послаб состав. Не дека немаме повредени, ама голема грешка, Овен треба да биде на клупа и да го пуштаат у 70та минута да покаже што знае, а не вака. Валенсија исто на клупа, а и кога влезе ништо посебно, освен центар шутот шо му удри на ѓуптинот у рака, а не беше досуден пенал....јбг еден промашија, па нема повеќе. Не го обвинувам Керик за пеналот, се случува на секој, искрено се израдував дека Руни ќе шутира ама ништо. А да го дадеше, глава оставав дека ќе тепат сигурно. И така овој другаров скока, се радува на промашувањата и катастрофалната игра на Манчестер (помалку гледаше Лузерпул како е), ама не му замерувам пошто до вчера не пратеше фудбал, а и нема кредибилитет да разговара со мене на таа тема. Не ми е јасно зошто сите лузери се радуваат на кикс на Јунајтед, а на крај кога токму тој Керик, токму тој Бербатов (се инатевме за Торес), токму тој Флечер го подигна пехарот, а сите други јадевте семки пред малите екрани и плачевте.:nenene:
Лани ако не се лажам во првите 5 кола имавме 1-2-2, што е далеку полошо од сега т.е сеуште може да се подобри ланскиот старт. Стојам на ставот дека Барнли ќе биде последен во лигата оваа година, гарант, па баш ме интересира со колку победи ќе завршат на крај. Катастрофа беше утакмицата, не Манчестер шо беа дрва и тие врска немаа, ама толку им е и квалитетот нели? Само се бранеа.
Иначе очекувам друг Манчестер веќе следното коло, Ферги им одржал добар прес, пошто сите како без желба како да немаа некои претензии т.е. ај јбг па мора ли сега да тепаме, другпат. Челзи е на ред да заебе кај Фулам, очекувам. Оваа сезона ќе биде за сите такво, ќе правиме муабет за киксовите на другите конкуренти за титула. Ќе има многу изненадувања од послабите екипи, а и секогаш имало. Ме потсети ова на поразот на Јунајтед од Вулфс од 1:0 кога у весник прочитав дека немале победа против нас 30 години и ете се деси. А и не би било интересно стално да тепаат големата четворка и остали горе, а другите да имаат по 3 бода. Се менува менталитетот на сезоната, па како што рече некој кога сите губат сили, Јунајтед тогаш докажува кој е, кога сите викаат "на среќа тепавте" тоа е тоа, имаат муда да ги издржат притисоците и да не дозволат да им ја одземат првата позиција, од кога ќе ја превземат де :wink:. И Челзи кога беше шампион имаше 15 победи од 0:1 и си ја фаќав 0-2 гола 2 коефициент, ама важно беа шампиони. Се радуваат Лузерпулци шо до вчера не ги ни сметав за конкуренција на Манчестер, шо претходните години си игравме мајтап со нив (ех чекам да се повтори кога му трчав низ станот на цимерот шо е за Ливерпул кога напаѓаа 85 минути, промашуваа а О-Ши погоди у 90та), хаха, па и Фердинанд. Се сложувам со Ферги дека тоа лани беше нивен максимум, па да не се надеваат многу, еве тука сме, уште малку сме, уште малку ни треба. Сезоната е долга и пеколно тешка, пошто се игра на многу фронтови, повреди, срања (ќе ве стигнат и вас), па тука ќе се види кои се херои и кои можат да издржат. Поздрав.