Поздрав до сите Црвени Ѓаволи.Одамна ме немаше тука,но еве сега сакам да дадам коментар за сите настани што се случија после финалето во ЛШ.
Како прво заминувањето на Роналдо.Одамна се знаеше и се очекуваше дека Роналдо ќе замине само што ние тоа не сакавме да го поверуваме.Човекот направи многу за нас,ни донесе многу титули,но и Манчестер Јунајтед направи многу за него па тука сме фита-фит.Нека му е со среќа и ќе видиме како ќе се покаже во Реал.Треба да го почитуваме човекот без разлика на неговото одење.
Заминувањето на Тевез.Тоа не го сакав,но се случи.Сепак неколку работи се и за размислување околу него.Бидејќи него многу го споредуваат со Бербатов иако се различен тип на играчи ,но играат на иста позиција,јас мислам дека сигурно ако Тевез покажувал повеќе на тренинзите,ако бил малку пострплив,ако беше попрецизен кога добиваше шанса за игра за разлика од Бербатов тогаш сигурен сум дека Фергусон немаше да го чува на клупа.Неговата позиција е напаѓач,што значи треба да дава голови.Не е се во трчањето и неговот залагање на теренот.Тој треба и голови да дава.Сепак нешто се случувало поради што тој седеше во резервите.Тоа го знаат само они двајца,но јас сепак повеќе му верувам на Фергусон бидејќи Манчестер Јунајтед денеска е она што е баш поради цврстата рака на Ферги и ретко кога тој прави грешки.Не значи дека јас слепо верувам во секоја одлука на Фергусон,но се согласувам со 99% од нив.Исто така и изјавата на Тевез дека Ферги е лажго му ја гледам како голем грев бидејќи ретко кој фудбалер има такво мислење за него.
Во однос на доведените нови играчи,сите ми праат ќеиф И тука се гледа дека Ферги не отстапува од неговата филозофија за водење на клубот ,а тоа е спој на искуство и младост надополнето со огромен квалитет.Таква слична работа прави и Венгер,но кај него недостасува искуството,па поради тоа и нема некои добри резултати во претходниве години.Јас мислам дека Ферги е во право кога вели дека сега има инфлација на трансфер пазарот бидејќи сега треба да бидеш будала за да фрлаш по 200-300 милиони евра за да направиш тим и да влезеш во огромни долгови кои потоа може опасно да влијаат на клубовите.Пример е Њукасл,а и Лидс од порано.Видете каде завршија тие.Јас мислам дека ќе бидеме поактивни на пазарот на полусезона во јануари-февруари кога ќе се смират овие трендови и кога ќе се може да се купи играч за една разумна цена.Ние секогаш на другите клубови им даваме фора од пола сезона за да видиме што можат,а потоа уфрламе во брзина и стануваме шампиони така да нема место за паника.