Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
да ги земеме филип лам и давид силва и топ ке сме :toe:
 
Нам ни треба по 1 играч на секоја линија.
Голман - веќе реков кои се мои фаворити да го наследат ВДС.
Десен бек - некој како Дани Алвес, Рамос, Босингва т.е класа десен бек.
Лево крило - немам некоја идеја кој би можел да дојде на оваа позиција, но сепак ни треба еден ваков. Гигс повеќе не игра на таа позиција, Парк не е во константна форма, а и Нани не е баш најсјаен.
Напаѓач - најверојатно е дека Тевез ќе си замине летото, па мислам дека би требало да земеме некој добар шпиц како Торес, Ето или Агуеро.

А треба да го мајнеме и Бербатов.
 
За Филип Лам не знам баш,мислам дека имаме играчи за таа позиција...А Давид Сивла е супер играч,ама не ми се верува,иако имаме шанси со оглед на тоа дека ќе го продаваат.:Сепак да не заборавиме дека Антонио Валенсија ќе дојде на лето..:helou:
 
Ферги ја доби наградата за менаџер за месец април :smir:

Кој друг заслужи????Освен генијалниот менаџер...
 
Нам ни треба по 1 играч на секоја линија.
Голман - веќе реков кои се мои фаворити да го наследат ВДС.
Десен бек - некој како Дани Алвес, Рамос, Босингва т.е класа десен бек.
Лево крило - немам некоја идеја кој би можел да дојде на оваа позиција, но сепак ни треба еден ваков. Гигс повеќе не игра на таа позиција, Парк не е во константна форма, а и Нани не е баш најсјаен.
Напаѓач - најверојатно е дека Тевез ќе си замине летото, па мислам дека би требало да земеме некој добар шпиц како Торес, Ето или Агуеро.

А треба да го мајнеме и Бербатов.

бербатов нема шанси да си оди.не е ферги рафа бенитез да троши пари а за 5-6 месеци да ги продава играчите.како што еков давид силва,филип лам,мозе и жоао мутињо да го земеме ама мислам дека не е неопходен и напагач џеко или вагнер лов. :toe:

Сепак да не заборавиме дека Антонио Валенсија ќе дојде на лето..:helou:

за антонио валенсија се само гласини.и минатото лето велеа дека ке сме ги земале паласиос и валенсија во пакет па на крај ништо :toe: патем каде го прочита тоа? :helou:
 
бербатов нема шанси да си оди.не е ферги рафа бенитез да троши пари а за 5-6 месеци да ги продава играчите.како што еков давид силва,филип лам,мозе и жоао мутињо да го земеме ама мислам дека не е неопходен и напагач џеко или вагнер лов. :toe:

за антонио валенсија се само гласини.и минатото лето велеа дека ке сме ги земале паласиос и валенсија во пакет па на крај ништо :toe: патем каде го прочита тоа? :helou:
Па мислам дека пишуваше уште во Февруари,демек склучен бил договорот..А за купување,јас најмногу сакам да земиме некој голгетер..Би сакал еден од Торес(апсолутно невозможно),Агуер или Виља..Најмногу го сакам Агуерно,ама здравје ќе видиме.За Бензема не знам..Не гледам француска лига,само се плашам да не е мрза како Бербатов...
 
бербатов не е мрза,едноставно таков му е стилот на игра и можностите :toe: а инаку тешко да дојдеме за еден од овие напагачи т.е. невозможно
 
Бербатов е безпотребно критикуван за стилот на неговата игра. Ако погледнеме статистички, Тевез во првата сезона имаше 48 настапи во кој постигна 19 гола, а Берба 14 гола во 40 настапи. Знам дека ова не е кој знае каков показател, со оглед на придонесот во играта и нивниот начин на игра, меѓутоа како што рече еден од англиските критичари, луѓето како Бербатов го прават фудбалот поинтересен за сите нас. Сетете се само на неговите потези како ролингот против Вест Хем и слично...
Очигледно е дека Бербатов е повлечен меѓу сите ѕвезди околу него, и ја нема главната роља како во Баер и Тотенхем, но едноставно е незаменлив играч, класичен напаѓач со чувство за гол. Јас лично би го одбрал него во било кое време пред некој јужно-американец кој комплетно ја менува играта на Манчестер во нешто сосема различно од она што во минатото навикнавме да го гледаме.

Околу негово заминување воопшто не верувам, затоа што меѓу другото е еден од омилените играчи на Ферги, а искрено не ни посакувам да замине.

Наполно се согласувам се Чомбе, затоа што неговата игра ја критикуваат само новите и помлади навивачи на клубот, кои најверојатно ги преферираат играчите од типот на Тевез, Агуеро... кои не се во класичниот склоп на британскиот фудбал.
 
нов не.млад да.но отсекогаш го преферирам бербатов пред тевез.и отсекогаш сум велел дека бербатов заслужува да игра мегу стартните 11.и секогаш сум критикуван за својот став од страна на некои навивачи :toe: :smir:
 
И јас не верувам дека Бербатов ќе си замине,но некако ми изгледа како во Тотенхем да беше појак..Можеби тоа е бидејќи таму имашо поголема слобода...И точно е тоа дека Берба има чувство за гол,дека има супер додавања(прецизни и сл.),но некако ми изгледа премногу спор.(како да го мрзе да трча)

П.С Ако ние сме малди навивачи,не значи дека сме и нови:smir:
 
Не сакам ова да се сфати како критика кон некого, особено не кон новите или младите навивачи на клубот, можеби не се изразив најдобро.

Но, нависитна не разбирам зошто страници и страници со критики кон Бербатов, некои толку остри што ти се чини како човекот да згрешил којзнае што..не гледам зошто кога Тевез вреди 32м. +, 30,75м. за Бербатов се промашена инвестиција.

Секако секој има право на свое мислење, но кога веќе тој е тука за да остане, подобро би било да го подржиме отколку да го заменуваме со листа трансфери на играчи кои "би биле подобри од него".

П.С - Единствена замерка кон Димче, што е Бугарин.. :pos2:
 
Еве и јас нешто да кажам иако не спаѓам во помладите навивачи :).
Ако ми дозволите , малку би го покритикувал и јас Бербатов. Напишав погоре дека го сметам за добар играч и не го одрекувам тоа. Но за критика е неговото бавно движење и бавно прилагодување во Манчестер. Погоре ManUtdChampions рече дека бил подобар во Тотенхем. Знаете не е исто да си "прв на село и последен во град" :) (мала шала не ме сваќајте погрешно никого не сакам да навредам). Но токму тука лежи одговорот. Во Манчестер се бара повеќе залагање и има и други звезди кои сигурно го засенуваат . Тоа е нормално и за тоа не треба да му се лутиме на Берба. Но јас се лутам кога тој не трча, губи топки (тоа на секој може да му се случува) и наспроти тоа по секоја цена игра. Како и секој играч треба и тој оди на клупата кога не му е денот. Кога вие како тренер ќе го испратите играчот на клупата, тој автоматски добива мотив, причина и сопствена наредба да се докажува повеќе на теренот во следната прилика. Добро е што тоа се случува во последно време. Видовте дека го имаше на клупата Бербатов почесто, и можевте да забележите мал напредок во залагањето и трчањето на Бербатов. Да не се повторувам погоре кажав дека тој е феноменален за асистенции и кога ќе се загради со топката, тешко кој може да му ја одземе, само едноставно треба да биди поактивен и поборбен. А брзината му е таа што му е, не се оди против природата :), затоа контра нападите не мора преку него да одат. Иако бавно се прилагодува, јас мислам дека сепак се прилагодува, и да бидеме трпеливи па да го оставиме да се прилагодува на играта на Манчестер. И тој е играч од типот на оние кои го сакат Манчестер и не размислуваат за друг клуб, а тоа на психолошко поле е много добар аргумент и факт. Но како што реков, нека игра, но не по секоја цена.
Кога е слаб, нека го земи знамето на клупа и нека навива :).
 
Гледам на фан клубов трансфер периодот почнал предвреме :)

Јас никој несакам да земиме, и вака сме најдобри !

Туки муабетов ми беше...утре шо преме ? :)Ако тепаме шампиони сме ...

Поздрав до сите вас од сите нас тука во Ресен !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom