Amy Winehouse

  • Креатор на темата Креатор на темата zikahendrix
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 декември 2008
Мислења
99
Поени од реакции
3
Шо мислите за Amy Winehouse....мислам гром е во пеење ама она со дрога.....:toe:
 
Жив доказ шо можи дрога да му напрај на чоекот. Инаку не слушам многу таква музика, ама ми се чини Valerie му е добра песна..
 
Жив доказ шо можи дрога да му напрај на чоекот. Инаку не слушам многу таква музика, ама ми се чини Valerie му е добра песна..


"И"е женско е бе....абе и јас не слушам баш таква музика ама ми се допаѓат многу нејзини песни....REHAB.....закон песна
 
Па да бидеме реални има некој невообичаен латино глас кој што можела многу подобро да го искористи на други места , а не во Поп музиката. Повеќе би и одговарало Соул и Џез пеењето.
Би коментирал и негативно во однос на изгледот , меѓутоа сепак ова е подфорум „Музика“.
 
Се согласувам со BliND дека нејзините вокални способности можат да дојдат подобро до израз во Џез.И без коментари за тоа колку и штетела дрогата, изглед и сл. оти подфорум Музика е, има шо да се коментира за нејнината музичка кариера.Инаку ме фасцинира нејзината интересна боја на гласот и способностите, се двои од останатите со текстот, мелодијата, посебно сум заразена со неа деновиве.Не слушам таков вид на музика ама ете, правам исклучок за неа :).
 
Amy Winehouse е една од ретките пеачки чиј пат до конечното блескање и славата е исполнет со многу трња преку кои мора да се помине. Да се издржи товар каков што е дрогата, рехабилитацијата, притисокот од медиумите а покрај тоа нели и да се опстане на музичката сцена како една од најпопуларните ѕвезди е навистина нешто со кое не можат да се пофалат сите.
За нејзините гласовни можности не би можел да кажам ништо повеќе од тоа дека пее совршено и дека слободно може да се пофали дека е далеку подобра од многу други пејачки на денешницата.
Иако со првиот албум "Back To Black" го направи најголемиот бум во нејзината кариера, нејзините хитови и понатаму се револуција во музиката на 21 век:)
 
аииии а бе обожаам го тај глас... огромен талент за пишувањње на текстови и музика... уникатна е ... ако сака нека биде прва наркоманка пак ќе и го обожавам трудот, у приватен живот шо сака може да прае, мене не ме занима, другарка да не ми е? :toe: респект за музиката, од мене има 5+
 
Колку и да е добра,дрогата ја уништува.
На настап ида надрогирана целана се треси...морав да менам канал.
Иначе има убави песни и специфичен глас,ама дрогата не и треба..
 
одлично пее. морам да ја споменам You Know I'm No Good.
 
Па да бидеме реални има некој невообичаен латино глас кој што можела многу подобро да го искористи на други места , а не во Поп музиката. Повеќе би и одговарало Соул и Џез пеењето.
Би коментирал и негативно во однос на изгледот , меѓутоа сепак ова е подфорум „Музика“.

...а јас пак мислев оти таа пее соул-џез.... како да пее и рапува....многу емотивна музика нема што да се каже....:toe:

аииии а бе обожаам го тај глас... огромен талент за пишувањње на текстови и музика... уникатна е ... ако сака нека биде прва наркоманка пак ќе и го обожавам трудот, у приватен живот шо сака може да прае, мене не ме занима, другарка да не ми е? :toe: респект за музиката, од мене има 5+

нај добрите текстови....се е поврзано со нејзиниот приватен живот....а нај многу ми дава јака слика за женскиот свет рефренот на Back to black.....така една многу силна јака слика кога го слушам....емоции да гуша....нема што да се каже друго
 
Ауууу Back to black rules. Али ќе се упропасти со она дрогана. Кај се видело тоа, иде на настап и на сред пеење од косата си вади дрога. Штета.
 
Прво нешто што ми доаѓа на памет кога ќе ми се спомне нејзиното име ми е косата нејзина,а не песните.:jaj:
Можеби има некои познати,ама со самото тоа што се дрогира и што се уништува самата себе одбивна ми е некако,па немам ни желба една песна да и слушнам.:toe:
 
музиката е песна на душата, не на косата и аутфитот
слушаш ноти, акорди, тонови ... сплет од чувства.
и џими хендрикс се дрогирал, и џенис џоплин, и елвис присли и многу други...
останува музиката, а не нивното понашање или изгледот.
вие кога слушате музика по дома, го замислувате артистот како ви пее на увце?
тие песни не се напишани за само да ја подарат душата на слушателот, а и да им дадат можност самите да се пронајдат во нив...
јас се внесувам во нејзините песни. а не во косата бе....
 
Јас кажав само дека самата нејзина појава ми е одбивна и дека не ни сакам да и слушнам некоја песна и кажав што ми е еден вид на асоцијација кога ќе ми се спомне нејзиното име.Чим сум и ја запамтила косата од самото нејзино појавување тоа покажува дека баш тоа ми оставило најголем впечаток,а не песните.
 
музиката е песна на душата, не на косата и аутфитот
слушаш ноти, акорди, тонови ... сплет од чувства.
и џими хендрикс се дрогирал, и џенис џоплин, и елвис присли и многу други...
останува музиката, а не нивното понашање или изгледот.
вие кога слушате музика по дома, го замислувате артистот како ви пее на увце?
тие песни не се напишани за само да ја подарат душата на слушателот, а и да им дадат можност самите да се пронајдат во нив...
јас се внесувам во нејзините песни. а не во косата бе....

Многу точно....јас сум сретнал и други луѓе шо не слушаат одредени изведувачи зариди ова...приватен живот и разни глупости ама го заборават она најважното...музиката :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom