Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Форумот има прафила, исто така едно од тие е да не се отвораат двојни и тројјни кориснички имиња, како и да не се отвора нов профил доклклу стариот е своеволно избришан. А забележувам има луца кои флагрантно го кршат тоа правило, дури и се фалат наоколу дека ги измамиле одговорните.

Како Силбер, Сиријан Спирит и многу други.

Ете, и тоа не чини покај се друго наведено!
Точно, но како ќе спречиш некој да направи повеќе кориснички имиња? Треба да изиграва администрацијата хакери па да се бараат по IP адреси?

Денес скоро секој има динамичка IP адреса, и сите знаат да избришат history, или од друг browser паралелно да бидат логирани и IP Adress Matching for Multiple Registrant системот нема да ги идентификува.

Таквите треба да се банираат еден по еден, а Кајгана е голем форум за може да си дозволи детално да ги проверува сите членови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Точно, но како ќе спречиш некој да направи повеќе кориснички имиња? Треба да изиграва администрацијата хакери па да се бараат по IP адреси?

Денес скоро секој има динамичка IP адреса, и сите знаат да избришат history, или од друг browser паралелно да бидат логирани и IP Adress Matching for Multiple Registrant системот нема да ги идентификува.

Таквите треба да се банираат еден по еден, а Кајгана е голем форум за може да си дозволи детално да ги проверува сите членови.
Има и други детали на кои се „сопнуваат“ дуплите јузери :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Луѓето со безмерен ум, полемизираат со оние кои сакаат да мерат ум, секогаш. Поради две причини: или за да им докажат дека имаат безмерен ум (тоа поретко, оние суетните), или за да ги натераат на поголема ментална активност соговорниците (као поблагородна варијанта). Во секој случај, луѓето со безмерен ум не навредуваат. Тоа последно им паѓа на памет. Уште помалку, сечат недовршен дијалог со изговорот дека соговорникот е поглуп од нив.

Си зедов за право да реплицирам на туѓа дебата, следејќи го принципот на улетување во разговори на цитираниот :)
Навистина, следејќи го тој след на размислување, оние со безмерен ум, полемизираат со цел да начуат некого да толкува, расудува, да се замоќи и да се подвоздигне.

Но, како и обичниот селанец, научен и почен од сикуството, така и оние со безмерен ум кои знаат, знаат дека ако волот влезе во зелката само со ќотек можеш оттаму да го извадиш, знаат дека магарињата се пропинаат на мост и не скаат со мило да минат над жива, проточна вода, такуѓере знаат и дека со оние со скршен ум не треба да се оптеретуваат по неколкукратни ободи за да им помогнат да со умовоздигнат.
Инаку, кога сме кај вметнувањето во туѓи разговори и комуникација, морам да надополнам дека оние со бзмерен ум си даваат за право, предвеме, со цел да не дојде до ранзоразни погрешни впечатоци, да посочат на некои објективно логични нешта, како и дека форумот е место за полезна диксусија меѓу два, но и повеќе членови на една тема која најчестов може да биде и како прашање кон друг, одговорено од трет, нели!

Видиш, квалитетен разговор може да се има, кога е отпочнат без навреди.
За разлика од некои кои ги познавам и кои си дадоа заслобода да навредат, макар и суптилно или со смајли. Е ако им се возврати со иста или покултурна мера (јасно, пропратено со смајли) започнува хајка и бркање по теми, само со цел да се продолжи негативната дискусија место тој истиот да се повлече и да каже, се извинувам, погрешив, не сакав да навредам.

Само доколку така се води дискусија, може да има квалитет.
Се сложуваш ли брат Кире?

Има и други детали на кои се „сопнуваат“ дуплите јузери :)

Бај д веј, Џену, виде во темана за прашања до админстрација, никако да се рагира на оние бројни двојни и тројни јузери кои се фалат наоколу или кријат, ама се познаваат дека се двојни и тројни и четворни?
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Драги мои форумџии,

гледам 26 страни дискусијава оди лево десно па си викам да пробаме еден социјален експеримент ... еве гледам викате требало промени за да се подобри квалитетот - па еве мал експеримент: ние од администрацијата ќ бидеме повидливи ама вие да сте потолерантни помеѓу себе, користете опции за пријавување лоши мислења не одете оф-топик и сетоа тоа во наредните 15 дена. После 15 дена да направиме резиме и ќе видиме што друго може да се направи ...

знам дека ако само 30% од членовите малце повеќе се вклучат во правилното однесување (наместо да се прават млади бунтовници) дека драстично ќе се смени состојбава ...

Дали имате доволно самоконтрола 15 дена да пробате да се однесувате човечки ???
Се кладам во MySQL базава од 4 гигабајти дека ова можете да го направите :kesa:
 
B

black angel

Гостин
форумот ептен се смени за жал кој стигне се регистрира и по 10 пати зашто бил баниран,се изгуби почитта меѓу членовите,ги нема постарите членови на форумот што имаа одлични мислења на многу теми,се понеискусни деца од 13-14 години коментираат и даваат совети на теми што се несоодветни за нив и немаат појма за тоа што го зборат,па капак на сето тоа се отвараат теми за се и сешто!!!

До пред некое време форумот ми даваше инфо за многу работи кои ме интересираа и на многу прашања добив одговор,од страна на постарите членови......а сега се е свртено накај сеир,и глупи прашања од типот на Glamstick

Се накотија пубертетливи дечишта од типот на Uniqe Girl и поцели денови ке замараат и ќе с*рат на сите можни теми ќе навредуваат и ке ни делат памет........преку д*лнава веќе!!!!

Порано со саати седев на форумот и уживав сеа се поретко добивам желба да седнам и да читам некоја тема пошто нормално е уништена од такви личности

:toe::toe: решение?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom