Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Доволно е да им се забрани пристап на дечиња од 13 до 15/16 години, а тие да се утврдат е многу лесно.
Не можам да го најдам постот во темата што би промениле на форумов, ама таму детално имам напиштано како би функционирало тоа.
А,како ќе утврдат дека некој навистина е 13,14,15,16 годишен.. можда при регистриање место 95 има напишано 90та година дек е роден.
Годините не се мерка за зрелост на форумов.. фркава е шо некои го гледаат како забава и да отепаат време,а други за водење сериозни дискусии.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Доволно е да им се забрани пристап на дечиња од 13 до 15/16 години, а тие да се утврдат е многу лесно.
Не можам да го најдам постот во темата што би промениле на форумов, ама таму детално имам напиштано како би функционирало тоа.
пак ке ти кажам
глупости збориш
немоеш да играш цајкан кој е 13 кој 14 кој 15 на форумов
второ, има 13-16 годишни кои го користат форумов на друг начин, не постираат убави постови ама не постираат ни срање, го користат за конектирање со други, само читање на постови или барање љубовни/софтверски/животни совети...
трето, дискриминација
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.617
А,како ќе утврдат дека некој навистина е 13,14,15,16 годишен.. можда при регистриање место 95 има напишано 90та година дек е роден.
Годините не се мерка за зрелост на форумов.. фркава е шо некои го гледаат како забава и да отепаат време,а други за водење сериозни дискусии.
пак ке ти кажам
глупости збориш
немоеш да играш цајкан кој е 13 кој 14 кој 15 на форумов
второ, има 13-16 годишни кои го користат форумов на друг начин, не постираат убави постови ама не постираат ни срање, го користат за конектирање со други, само читање на постови или барање љубовни/софтверски/животни совети...
трето, дискриминација
Значи реков ПОДФОРУМ. Овај ќе си стои и најнормално ќе си функционира, сакале на овај форум тепале време, или сериозни дискусии, никој не му забранува.Ама на тој подфорум, строго сериозни дискусии.
А како ќе утврдиш дали некој е 14-16 години физички или психички стар мислам дека е најмал проблем:toe:
Да ве оставам со здравје и ведра мисла, јас заминав :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Значи реков ПОДФОРУМ. Овај ќе си стои и најнормално ќе си функционира, сакале на овај форум тепале време, или сериозни дискусии, никој не му забранува.Ама на тој подфорум, строго сериозни дискусии.
А како ќе утврдиш дали некој е 14-16 години физички или психички стар мислам дека е најмал проблем:toe:
Да ве оставам со здравје и ведра мисла, јас заминав :)
This is wrong is so many ways.
Замини, остани ми поздравен, и најди разум набрзо.
Тврдоглавото контрање не те прави во право.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ако бранењето на својот став за тебе е контрирање на се живо и диво-океи, таква сум.
Ми се може.
Е сеа, ја нема да доловувам какви постови пишуваш ти зашто се сметам за доволно созреана да не ти се спуштам на ниво.
Фала на внимание.

Патем, сите шо кенкавте да отворевте по една асална тема-немаше да ви биде залудно кенкањето.:tv:
Ooops, a koe e moeto nivo vi se molam draga forumdzike?
Некако на нивоУ почнавме?
В РЕД! Можеме и така да играме, ама тоа води кон неквалитетна дискусија. Видиш, не ми го разбра постот, а тамам самата си влезе во таа склупца.

Содржајни теми, впрочем, провери, отворени има, во последно време, онаму каде не читаш бидејќи не ти е на НИВОУ, нели?!

Kewl, јасно е од никот, контрирање без основа, или капаче на грнче?

Покажи ни со пример.

This is wrong is so many ways.
Замини, остани ми поздравен, и најди разум набрзо.
Тврдоглавото контрање не те прави во право.
И? Кажано за сите да знаат.

Од лајненици ќе се испоразболите. Препорачувам топло исприање на устата со Листерин.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
фркава е шо некои го гледаат како забава и да отепаат време,а други за водење сериозни дискусии.
А кој вика дека водењето сериозни дискусии не е забавно и не е тепање време, за мене тоа е едно исто не правам разлика :icon_lol:.



Темите за размислување ми се содржајно исцрпени моментално се додека не се појават некои нови идеи на нив, го користам форумов и за мое лично гледиште на некои работи во нашево опшество, има теми мои и па и туѓи каде што со моето мислење сум помогнал да се исправи некоја неправда за која јас лично сум мислел дека е тоа.....

Не знам во живо сум мноооогу поскромен во однос на моите познавања на нештата од многу области, тоа така распалувам кога сакам да импресионирам некого ама таквите луѓе се ретки пред кои го правам тоа.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Сатирата ти е трагедија плус време. Остај и подолго време на некоја трагедија и другите ке ја направат сатира. Тогаш кој би сакал да се смее на трагедија? Плус и форумов не е за хумор. Едноставно на некој му е полесно на саркастично-груб начин да каже нешто. А и плус сите тука сме исти, па зашто да се критикува начинот на кој го кажува тоа и со која намера е.
Мене Џепароски ме учеше дека е комичност сатирата. И мора да му верува нему, викаат докторирал чоекон.
Абе и мене ми е полесно одма да прејдам на лична база на години/пол/град-село/ и не знам уше шо не се изначитав, али поената е да се направи нормален цивилизиран муабет нели? И сарказмот е оправдан само ако добра поента, а не кога е исмејување на нечии вредности. Тоа е повеќе патетично.

Шо е поентата да пишеш пост за после да читаш нечии фустрации за тоа како и избришале мислење (ова ко пример нели пошо последно беше) и на крај ќе ти реплицира зонанаслободата,дчоузенван или некој од таа банда со една реченица од која ти се иде у веце.
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Форумот е масовен, и заради тоа тешко се одржува квалитет, бидејќи има премногу 13-14 спамери, стари тролови и ... некои се поправаат, некои гледаат дека не им иде и се откачуваат од кајгана, и остануваат квалитетни корисници, мада сите знаеме да забегаме со тролање некад, посебно на лош ден
 
B

Borg_Drone

Гостин
Мене Џепароски ме учеше дека е комичност сатирата. И мора да му верува нему, викаат докторирал чоекон.
Абе и мене ми е полесно одма да прејдам на лична база на години/пол/град-село/ и не знам уше шо не се изначитав, али поената е да се направи нормален цивилизиран муабет нели? И сарказмот е оправдан само ако добра поента, а не кога е исмејување на нечии вредности. Тоа е повеќе патетично.

Шо е поентата да пишеш пост за после да читаш нечии фустрации за тоа како и избришале мислење (ова ко пример нели пошо последно беше) и на крај ќе ти реплицира зонанаслободата,дчоузенван или некој од таа банда со една реченица од која ти се иде у веце.
Се согласувам со тебе, многу добро напишано но повеќето нажалост не го разбираат тоа, пред се зошто повеќето не се дојдени да дискутираат и да научат нешто од некого, туку се дојдени со цел да си го хранат егото од типот: „нема мене нешто што не ми е јасно“ и затоа има и исмејувања, обиди за исмејувања, и.т.н.Тоа го прават луѓе кои мислат дека се и сешто знаат на светот, и тие јас многу не ги мирисам.Јас пример веќе две години сум член на форумов, и дури неодамна се запознав со повеќето членови, пред тоа не сакав да се запознаам баш поради овие работи што се случуваат на форумот, караниците и самобендисаноста на некои луѓе.Јас пример спрема членовите секогаш сум бил рамноправен, и секогаш сум ги третирал како членови пред се, а не како „копиљаци“ или „идиоти“ (простете на изразиве) кои ништо не знаат, јас се знам и.т.н.
Но од доста членови не сум добивал ист третман нажалост.Еве пример неодамна на подфорумот „Филозофија и психологија“ една членка (нема да ја именувам) во обид да се покаже она како членка која знае се и сешто, на еден мој коментар се обиде да ми постави стапица се со цел јас да се изнервирам, а она да си го нахрани егото. (нешто беше поврзано со тоа „како ние сме биле глупи и.т.н.“)Но наместо тоа, она не доби никаков одговор од мене, пред се зошто не сакам да се спуштам на нејзино ниво, со тоа само покажува она каков форумџија е, и покажува дали вреди да се дебатира со неа или не.Со тие луѓе не се оптеретувам.Имало и кај мене моменти кога сум знаел некогаш да потфрлам вака, (иако биле тие ретки) но пред се секогаш сум реален, и кога ќе сум утврдел дека сум грешка некаде и сум се извинувал.Пред се, тука сме да разменуваме мислења, а не да се колеме меѓусебно, ама ретко кој го разбира тоа.
И секој има право на свое мислење, форумов не е Аушвиц со паролата Arbeit Macht Frei, ниту пак треба да се стреми кон тоа, да стане логор каде 15 годишните ќе се стават во посебен дел, а луѓето со буржоаска крв ќе се стават во посебен дел.Значи секој има право на свое мислење (без разлика дали доаѓа од петнаесет годишен, или пет годишно дете) но треба да има аргументи со кои ќе го поткрепи своето мислење.Се додека мислењата на членот се базирани на аргументи мене ништо не ми пречи, ниту неговата возраст, ниту тоа дали редовно си го пере долниот веш и.т.н. А ако не даде аргументи, е тоа е веќе демагогија тогаш ми пречи.
Единствено решение за контрола според мене е повеќе модератори да се постават на подфорумите каде се прават најмногу проблеми и караници, а овдека го вбројувам и подфорумот „Политика “ кој беше укинат.Ако треба, и шест модератори нека се постават, така ќе се има поголема контрола, и поголем преглед и кој се зафркава и е дојден се со цел да си го храни своето его, но и да навредува некој да добие бан, кој е дојден со намера да разговара сериозно (без разлика на годините) да се остави тој човек на мира.
Еден од тие шест модератори на својот подфорум сигурно ќе биде активен 2 саати, па другиот во друго време ќе биде активен, па третиот и ќе се има контрола на теренот, а контрола врз модераторите ќе си вршат администраторите, во случај ако гледаат пристрасно на работите, го користат тој подфорум за свои цели и.т.н.Тоа е мој предлог до администрацијата а дали администрацијата ќе го прифати или не, тоа си е нивно.

И да се разбереме, сите имаат право да дебатираат за ЈНА, Осама, Фридрих Ниче, Дедо Мраз, Снежана и седумте џуџиња, санката од титаниум на Дедо Мраз од Топ Шоп како и Bruce Almighty се додека имаат аргументи, и се додека дискусијата е на ниво.
Ова е исто како сега јас да им кажам на постарите генерации (кои не биле родени во периодите на двете светски војни): „Вие немате право да зборувате за WW2 и битката кај Сталинград зошто вие не сте биле родени тоа време, и не сте учествувале во таа војна“.Кој сум па јас да им го кажувам тоа?Што, Господ ли сум?Човекот кој знае се и сешто??Не, јас сум човек како што се и они луѓе.
Историјата и ред други работи секој има право да ги изучува и да дебатира за нив, се додека тие работи се во склоп на реалноста мене не ми пречи ништо....Толку од мене за темава.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Primerot za JNA bese zemen kako moment kade se diskutira kako bilo vo esenska klasa vo JNA vo 79 godina, i se javuva trinesetgodisno dete i pisuva deka ne cinelo, bilo ladno i keeewl smileys postira.
Koga vekje ne si se potrudil da me docitas i sfatis.

No, so drugoto se slozuvam vo celost, osven so resenieto za moderatori.

Quis custodiet ipse custodians?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
муебтот ми е дека форумот е таков каков што е затоа шо нема дисциплина ... а таа дисциплина треба да ја диктираат модераторите .. :toe:
Ќе ти зборувам од искуство бидејќи сум од најстарите модератори.Кога ќе „стегнеме“ по сите подфоруми плачат коси корнат на секоја тема.Ако неможат да плачат по пп,тогаш задолжително во п.с. на секој пост.И што да му направиш?Да си во живо две заушки и дома ќе го пратиш,а овде?
Секој има свој стил и свој праг на толеранција,ама некои стварно немаат граница.Јас разбирам лош ден и да се изнаконтраш и да се инатиш,ама секој ебан ден да пишуваш во иста тема „прекинете!“ и упорно „муабет“ да се прави,тоа е ако мене ме прашуваат бан засекогаш.На секој член различно се пристапува,некој ако го опомениш прекинува,некој ако се заканиш почитува,но некој и сто пати да му повториш повторно и повторно е истиот.
Јас сакам да има поопуштен муабет,во склоп на темата,не сум за ригорозни правила,ама и кога тоа ќе им го дозволиш...се нема мерка.Вештица спомна двајца членови,дефинитивно не се за на форумов,јас не се сеќавам некаде да имам прочитано нешто квалитетно од нив и „во тема“.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
@Marsovka
Зошто? Јас не сум гневен на цел свет од икс причини кои не сака да ги наведувам тука бидејќи не се дел од темата, како и не сум "премудар" yet mostly unsubstantiated, а и не "контрам" колку да се противам, ниту пишувам километарски постови за да се чувствува фино или пред огледало си импонирам, напротив.

Not wholly aimed at you, туку како пример на мнозина кои така прават.

:smir::smir::smir::smir::smir:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Quis custodiet ipse custodians?
Ако ова се однесува на модераторите веќе напишав, администраторите а ако се однесува за администраторите тогаш тие што се над администраторите, а ако нема над администраторите луѓе и ако администраторите гледаат пристрасно на работите, и поставуваат свои војници е тогаш само форумот ќе губи на квалитет, ќе си одат се повеќе и повеќе членови со кои вреди да се дебатира, и тогаш форумов ќе стане pile of rubbish, свет кој постои само за одреден број на луѓе, а тоа и сопственикот на форумов ќе го удри по главата и кога ќе разбере на крај што се случува ќе биде предоцна, тогаш наместо Кајгана, ќе постои за членовите сосем друг форум каде главните од тој форум нема да гледаат пристрасно на работите и ќе им овозможуваат на своите членови дискусии каде сите ќе бидат рамноправни.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Се надевам Борг дека нема да се случи тоа, всушност знам дека нема, бидејќи уште на почеток реков, нема потреба од ригорозни мерки или слично.

Кој уништува дискусија, на игнор од другите, клик на дугмето пријави лошо мислење, со образложение дека е оф топик, и терамо даље со убава дискусија, а на модераторите (го нема Маркус во религија додуше) е место да бришат инбокс со известување за пријавено лошо мислење, да отидат и забришат и модерираат бидејќи тоа им е јебена работа, штом се нафатиле, а не да ми мрсимудат наоколу (чест на исклучоците) како оние му праат запуш на белокосион небесен.

Ти теквит!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom