Мене Џепароски ме учеше дека е комичност сатирата. И мора да му верува нему, викаат докторирал чоекон.
Абе и мене ми е полесно одма да прејдам на лична база на години/пол/град-село/ и не знам уше шо не се изначитав, али поената е да се направи нормален цивилизиран муабет нели? И сарказмот е оправдан само ако добра поента, а не кога е исмејување на нечии вредности. Тоа е повеќе патетично.
Шо е поентата да пишеш пост за после да читаш нечии фустрации за тоа како и избришале мислење (ова ко пример нели пошо последно беше) и на крај ќе ти реплицира зонанаслободата,дчоузенван или некој од таа банда со една реченица од која ти се иде у веце.
Се согласувам со тебе, многу добро напишано но повеќето нажалост не го разбираат тоа, пред се зошто повеќето не се дојдени да дискутираат и да научат нешто од некого, туку се дојдени со цел да си го хранат егото од типот: „нема мене нешто што не ми е јасно“ и затоа има и исмејувања, обиди за исмејувања, и.т.н.Тоа го прават луѓе кои мислат дека се и сешто знаат на светот, и тие јас многу не ги мирисам.Јас пример веќе две години сум член на форумов, и дури неодамна се запознав со повеќето членови, пред тоа не сакав да се запознаам баш поради овие работи што се случуваат на форумот, караниците и самобендисаноста на некои луѓе.Јас пример спрема членовите секогаш сум бил рамноправен, и секогаш сум ги третирал како членови пред се, а не како „копиљаци“ или „идиоти“ (простете на изразиве) кои ништо не знаат, јас се знам и.т.н.
Но од доста членови не сум добивал ист третман нажалост.Еве пример неодамна на подфорумот „Филозофија и психологија“ една членка (нема да ја именувам) во обид да се покаже она како членка која знае се и сешто, на еден мој коментар се обиде да ми постави стапица се со цел јас да се изнервирам, а она да си го нахрани егото. (нешто беше поврзано со тоа „како ние сме биле глупи и.т.н.“)Но наместо тоа, она не доби никаков одговор од мене, пред се зошто не сакам да се спуштам на нејзино ниво, со тоа само покажува она каков форумџија е, и покажува дали вреди да се дебатира со неа или не.Со тие луѓе не се оптеретувам.Имало и кај мене моменти кога сум знаел некогаш да потфрлам вака, (иако биле тие ретки) но пред се секогаш сум реален, и кога ќе сум утврдел дека сум грешка некаде и сум се извинувал.Пред се, тука сме да разменуваме мислења, а не да се колеме меѓусебно, ама ретко кој го разбира тоа.
И секој има право на свое мислење, форумов не е Аушвиц со паролата Arbeit Macht Frei, ниту пак треба да се стреми кон тоа, да стане логор каде 15 годишните ќе се стават во посебен дел, а луѓето со буржоаска крв ќе се стават во посебен дел.Значи секој има право на свое мислење (без разлика дали доаѓа од петнаесет годишен, или пет годишно дете)
но треба да има аргументи со кои ќе го поткрепи своето мислење.Се додека мислењата на членот се базирани на аргументи мене ништо не ми пречи, ниту неговата возраст, ниту тоа дали редовно си го пере долниот веш и.т.н. А ако не даде аргументи, е тоа е веќе демагогија тогаш ми пречи.
Единствено решение за контрола според мене е повеќе модератори да се постават на подфорумите каде се прават најмногу проблеми и караници, а овдека го вбројувам и подфорумот „Политика “ кој беше укинат.Ако треба, и шест модератори нека се постават, така ќе се има поголема контрола, и поголем преглед и кој се зафркава и е дојден се со цел да си го храни своето его, но и да навредува некој да добие бан, кој е дојден со намера да разговара сериозно (без разлика на годините) да се остави тој човек на мира.
Еден од тие шест модератори на својот подфорум сигурно ќе биде активен 2 саати, па другиот во друго време ќе биде активен, па третиот и ќе се има контрола на теренот, а контрола врз модераторите ќе си вршат администраторите, во случај ако гледаат пристрасно на работите, го користат тој подфорум за свои цели и.т.н.Тоа е мој предлог до администрацијата а дали администрацијата ќе го прифати или не, тоа си е нивно.
И да се разбереме, сите имаат право да дебатираат за ЈНА, Осама, Фридрих Ниче, Дедо Мраз, Снежана и седумте џуџиња, санката од титаниум на Дедо Мраз од Топ Шоп како и Bruce Almighty се додека имаат аргументи, и се додека дискусијата е на ниво.
Ова е исто како сега јас да им кажам на постарите генерации (кои не биле родени во периодите на двете светски војни): „Вие немате право да зборувате за WW2 и битката кај Сталинград зошто вие не сте биле родени тоа време, и не сте учествувале во таа војна“.Кој сум па јас да им го кажувам тоа?Што, Господ ли сум?Човекот кој знае се и сешто??Не, јас сум човек како што се и они луѓе.
Историјата и ред други работи секој има право да ги изучува и да дебатира за нив, се додека тие работи се во склоп на реалноста мене не ми пречи ништо....Толку од мене за темава.