Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Едноставно ме расплака. Немам зборови. Ако ти си ме демнел мене, јас тебе не ти читам мислења, како што не ни гледам колку теми си отворил. Па баш мувата на капата. Се јави ти да си се одбраниш и почна со навреди. Како што веќе кажав, не ми треба од тебе совет какви теми да отварам.
А ако тоа ти беше одговор, тогаш ок. Фала на навистина исцрпните размислувања.
Да го исцитирам делот од воведот:

Некако тука ми се наоѓаш, а?
Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
Да, да. Дигнитетот кој го имам да го одбранам моето мислење е спамирање. Одлично размислување
зашто те расплакав? емо си? иначе, не не те демнам, тиња форумче си ми. само, замараш со теми, некои срцепарателни постови, глумење во нив за бркање репутација и слично. и ептен си у фокус, затоа. сегде имаш мислење =)
а од што тоа јас сум се јавил да се одбранам? не ти кажував јас тебе ТИ какви теми да отвараш, туку какви се почитуваат. кои се поубави за читање и дискусија. ти не си способен да отвориш убава тема, тоа е.
едит- за ова:
Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
не бе сине, само прободе очи со тапа тема, на која што ти дадов одговор. не го избегнав =) ти нешто плачипичкосуваш цело време =) едноставно, неможеш да очекуваш сите на темата да се со слично мислење ко твоето, мора да има и некој контра. а тоа не значи ЦИТАТОТ погоре. капиш?
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
стил на пишување ми е тоа, што ме прави различен од тебе. провери и во другите мислења. нигде не ставам голема буква, освен на цел ЗБОР кога сакам да го нагласам.
он:гледаш како е точно што зборам. мувата на капата, а? =)
зашто мислиш дека се замарам? =) на која тема сакам ќе пишам, дозвола од тебе не ми треба. понатаму... оваа фамозна реченица:
веќе преку кур. треба да се забрани на форумов. што кој кур е тоа билдање мислења? ајде, објасни ми! награда има? ќе ме сакаат повеќе? доста со таа реченица, заборавете ја. никој не билда мислења. веруј.
ти одговорив на темата, во првиот пост.
вон темата:
Приказнава ти е веќе видена ... тоа е човек кој уште е во процес на пубертет и не се оформил како личност ...


на темата:
Зошто поинтересни се оние теми каде што не треба да се уклучи бољерот - Зашто младинава се помалце сака да го уклучи (секоја чест на исклучоците) ...

Можеби некаде ние згрешивме ???
Премногу бевме толеранти на различните карактери кои реланиот суров живот го пренесуваа на кајгана и/или кајгана им беше реалниот и суров живот ...

Дали може да се поправи штетате - може ... ако малце се ангажираат младиве (оние спомнати погоре) :pipi:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.889
Поени од реакции
50.477
Непишување на “темите за размислување’’ може е последица на тоа што голем дел од членовите се дојдени овде за да тепаат време и да се забавуваат DUHHHHHH!!!!! :)icon_lol:) им ебам тоа ментишите!!! : )

Уместо да го сфатат фуромов сериозно, да развиваат контакти со другите членови па покасно здравје боже да се пцујат мрзат и бараат бришење на профили и слични дејства од кои на нас-гореспоменатите курајбери ни се мачи да ги читаме.

Све у свему, секој на свој терен и чао пријатно. Филозофи во филозофија, авијатичари во авијација, сељаци во фан клуб Интер и тоа е тоа. :icon_lol:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Некогаш креативноста се наоѓа и во тотално мала реченица без класично тупење т.е. вртење на фактите низ повеќе литературно скроени реченици кои на крајот имаат тотално исто значење. Друг класичен пример се филозофите. Постојат филозофи кои со 3 до 4 збора склопиле толкава мисла која не може да се спореди со филозофи кои “тупеле“ со безконечно големи размислувања. Некои кратката мисла не ја ценат и ја оценуваат како едноставна потреба нешто да се каже но всушност таа може да те натера да се замислиш и да си оформиш своја мисла базирана на таа. Но, креативноста е доста општ поим. Не е се во филозофијата и психологијата. Креативноста не е само во книгите. Креативноста едноставно може да се најде како графит на ѕид на некоја зграда. Графит кој може да те остави нем за разлика од некои книги. Но тука е факторот на вкусот а добро е познато дека за вкусот не се коментира па затоа ако некој сака да ја троши својата креативност на работи кои за себе не се во својата област на интересноста не значи дека се глупи

Едит- Упс. Набилдав ист пост од минатата страница.

Мислата ми беше. Некое членови немаат време на квалитетни теми да пишуваат и читаат мислења. Едноставно може да се каже со 1 реченица.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
зашто те расплакав? емо си? иначе, не не те демнам, тиња форумче си ми. само, замараш со теми, некои срцепарателни постови, глумење во нив за бркање репутација и слично. и ептен си у фокус, затоа. сегде имаш мислење =)
а од што тоа јас сум се јавил да се одбранам? не ти кажував јас тебе ТИ какви теми да отвараш, туку какви се почитуваат. кои се поубави за читање и дискусија. ти не си способен да отвориш убава тема, тоа е.
едит- за ова:
не бе сине, само прободе очи со тапа тема, на која што ти дадов одговор. не го избегнав =) ти нешто плачипичкосуваш цело време =)
Да да да. Леле ме откри што ми е целта. Да бидам центар-пажња. Браво. Прво, дај си шанса да запознаеш личност каква е приватно, па збори дали некој глуми во постови или не. Тоа што сегде имам мислење не ме прави активен на повеќе полиња? Ау чекај бе, тоа лошо беше...
он: Ете поради ова темите забегуваат, кај во грешен правец, па уште и со никакви мислења. Кога ќе видиш, не можат сите да мислат како тебе дека треба да изиграваат фаци со омаловажувања кои никако, ама баш никако не ти упалуваат.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
На форумов голем дел од темите бараат длабоко размислување и од нив се очекува добра дискусија. Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
Меѓутоа теми за кои треба убраво срочени реченици завршуваат како непопуларни, со по 5-6 поста. Теми кои би имале прекрасна иднина само кога секој од нас, наместо да изгуби 10 минути барајќи спротивстваени мислења, би изгубил исто тлку време за убаво да размисли и да ја пренесе својата мисла.
Каде е еланот со кој се фалат сите форумџии? Зар тој се состои само од пишување во теми каде има актуелни караници, теми кои се во стилот на ЧДА(чда фанови, извинете, но реланоста е таа)?
Каде се тука темите од философија и психологија, кои би биле уште попрекрасни да се читаат ако малку заживеат?
Каде се темите од општи муабети на кои има по само 3 одоговир, затоа што некои од нас сметале дека попаметно е три пати да напишат хит на денот, отколку да ја продолжат навидум активната и плодоносна дискусија?
Зар не беа сите на форумов креативни личности?
Барам еден единствен одоговор? Каде е длабокото размислување и посветеноста на одредени теми кои допираат до нас, онака како што би допрела и најубавата песна? Каде е тоа размислување кое најголем дел од форумџиите си го препишуваат како своја прва особина?

п.с.Не алудирам на ништо, не би сакал некој да ја сфати темава како лична навреда. Но доколку некој си ја има мувата на капата, му препорачувам да не се срами и слободно да ја избрка. :)

има разлика од форум до форум...на пример имаш форум за историја,имаш специјализиран за втора светска војна имаш форум за дефендологија,за информатика..ЗНАЧИ СТРИКТНО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ

па таму треба навистина многу факти за разлика од тие форуму кајгана е општ форум наменет за сите а и добре е што и овде има теми за историја значи не е науката обесправена....мислам дека популарноста на темата не зависи од мислењата..ев има неколку теми со 5 звезди а со малце коментари:toe:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Да да да. Леле ме откри што ми е целта. Да бидам центар-пажња. Браво. Прво, дај си шанса да запознаеш личност каква е приватно, па збори дали некој глуми во постови или не. Тоа што сегде имам мислење не ме прави активен на повеќе полиња? Ау чекај бе, тоа лошо беше...
он: Ете поради ова темите забегуваат, кај во грешен правец, па уште и со никакви мислења. Кога ќе видиш, не можат сите да мислат како тебе дека треба да изиграваат фаци со омаловажувања кои никако, ама баш никако не ти упалуваат.
види само како си потресен, како допирам до тебе... растревожен си, земи бе-шест! ОДМА! =):helou:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Затоа шо никој не се замара да се праи суперинтелигентен и на сите им е јасно дека долгометжаните постови некад замараат.
Кенгур е у право,коа некој ќе отвори тема со примамлив наслов и ќе види колку има за читање,му се стужува и наоѓа тема кај шо може да пушти мозок на пасење.
Не си многу време на форум,сеа ти е забавно да мозгаш,да отвараш теми,ама со тек на време и тебе ќе ти се стужи да пишуваш и никој да не се замара со тоа што си пишал..

И не ги вреѓај темите за музика,зашто тебе неколку теми ти се отворени на база на дел од песна..

И стварно,никој не билда мислења, аман веќе..
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.671
Поени од реакции
34.136
Хаха, колку го почитувам Кенгуров само. Најреален си бате.
Него, Гладиус, во право е. Не се сите толку феминистички растроени да пишуваат поезија и проза низ најобичните теми, или да си чукаат и маваат главата од ѕид размислувајќи на темите во психологија од деданое.

Сите гледаат да бидат пократки и почитливи, верувај постовите од твојот тип, долги, сите ги скокаат.

Бтв, userot ти е со мала буква. Кај e големата почетна, имиња и сл? :baeh:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Факт е дека долгите постови никој не ги чита посебно во тема која може да биде едноставна. Пиши кратко - ем те читаат сите, ем повеќе креативност ке ти треба да смислиш нешто паметно во неколку збора.
 
M

marsovka

Гостин
вон темата:
Приказнава ти е веќе видена ... тоа е човек кој уште е во процес на пубертет и не се оформил како личност ...


на темата:
Зошто поинтересни се оние теми каде што не треба да се уклучи бољерот - Зашто младинава се помалце сака да го уклучи (секоја чест на исклучоците) ...

Можеби некаде ние згрешивме ???
Премногу бевме толеранти на различните карактери кои реланиот суров живот го пренесуваа на кајгана и/или кајгана им беше реалниот и суров живот ...

Дали може да се поправи штетате - може ... ако малце се ангажираат младиве (оние спомнати погоре) :pipi:
вие админите никаде не згрешивте проблемот има подлабок корен од ова
едноставно виртуелниот свет луѓето не ретко го сваќаат во онаа полајт верзија која е полесна за голтање а тоа е дека е само за забва

Пази молим ти се зошто да се потрудиме да најдеме пиратска верзија на англиски книга на ниче?Кога можеме да пишуваме глупости по форум и траскаме свашта у играчница?

луѓето се такви ,повеќето бираат забава бидејќи тоа е најлесно да се прави мислам полесно е да гледаш некој јутуб сеир клип отколку да прочиташ пристојна книга на нет или да побараш во врска со нешто повеќе....

се почесто кајгана станува суровиот реалнет живот за жал.....
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Хаха, колку го почитувам Кенгуров само. Најреален си бате.
Него, Гладиус, во право е. Не се сите толку феминистички растроени да пишуваат поезија и проза низ најобичните теми, или да си чукаат и маваат главата од ѕид размислувајќи на темите во психологија од деданое.

Сите гледаат да бидат пократки и почитливи, верувај постовите од твојот тип, долги, сите ги скокаат.

Бтв, userot ти е со мала буква. Кај e големата почетна, имиња и сл? :baeh:

гладиус=меч. Премдети со голема буква, не знам од кога.
Мило ми е штом оставам впечаток на феминистички растроен, посебно затоа што не сум.
он:Мене ми е јасно дека сите сакаат да бидат пократки и појасни, ама има многу теми во кои нема ни такви постови
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Хаха, колку го почитувам Кенгуров само. Најреален си бате.
Него, Гладиус, во право е. Не се сите толку феминистички растроени да пишуваат поезија и проза низ најобичните теми, или да си чукаат и маваат главата од ѕид размислувајќи на темите во психологија од деданое.

Сите гледаат да бидат пократки и почитливи, верувај постовите од твојот тип, долги, сите ги скокаат.

Бтв, userot ти е со мала буква. Кај e големата почетна, имиња и сл? :baeh:
Еве јас лично си признавам дека ги скокам. Некогаш стварно кога ќе видам некој огормен пост едноставно ме фаќа мрзата да го читам, освен ако не е во тема за која сум стварно многу многу заинтересиран. Тогаш на таа тема ги читам сите мислења, без разлика дали се 3 или 30 реда.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.671
Поени од реакции
34.136

гладиус=меч. Премдети со голема буква, не знам од кога.
Мило ми е штом оставам впечаток на феминистички растроен, посебно затоа што не сум.
он:Мене ми е јасно дека сите сакаат да бидат пократки и појасни, ама има многу теми во кои нема ни такви постови
Океј, бро. Секој со свој начин импресионирање цури или што и да правиш.
Каков си навистина незнам, коментирав за како форумска појава.
Кој пишува Најдрага моја почеток и Те сакам како крај во драга кајгана?
Ти и Росонер Стефан. :smir:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Затоа шо никој не се замара да се праи суперинтелигентен и на сите им е јасно дека долгометжаните постови некад замараат.
Кенгур е у право,коа некој ќе отвори тема со примамлив наслов и ќе види колку има за читање,му се стужува и наоѓа тема кај шо може да пушти мозок на пасење.
Не си многу време на форум,сеа ти е забавно да мозгаш,да отвараш теми,ама со тек на време и тебе ќе ти се стужи да пишуваш и никој да не се замара со тоа што си пишал..

И не ги вреѓај темите за музика,зашто тебе неколку теми ти се отворени на база на дел од песна..

И стварно,никој не билда мислења, аман веќе..
Eве, јас сум на форумов од септември 2006, кога бев 14 годишно пубертетливче, од времето кога Дивајн, Форчн, Мацедалиен и Бибика и многу други членови (некои од нив веќе не го посетуваат форумов) отвораа теми на кои навистина не жалев што трошев време да ги читам и да учам од нивните животни искуства. Не дека тогаш немаше тролови, запалени навивачи, спамери, напалени, какви се` не, но темите отворени од нив беа ценети и со многу повеќе реплики отколку убавите теми кои се отворани денес. Искрено, да можам би го вратила времето тогаш.

Не дека сега не чини форумов и дека има помалку квалитетни дискусии, да не се сфатиме погрешно, но помалку царуваа темите: „Како си го дркате?“ „Пред колку минути прднавте?“, „Колку влакна од газот си скубнавте?“ и слично. Е сега, дали се должи тоа на фактот што има доста помлади членови отколку тогаш или едноставно на фактот што многумина го гледаат форумов за забава отколку катче од информативен карактер, не можам да кажам. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom