Домаќинка или Вработена?

  • Креатор на темата Креатор на темата Филозофка
  • Време на започнување Време на започнување

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
„ Имале порано луѓето многу предрасуди и погрешна претстава за „титулата„ домаќинка: витлери на глава, на нозете машки чорапи, редовно мрсна коса, во широка карирана кошула, зачинета со мирис на лук и запршка, постојано некоја шерпа пред нејзе, пелени кои ги менува, спружува алишта и пегла секој слободен момент.„

Ова е извадок од едно интервју кое ги „опишува„ домаќинките некогаш.
Колку денес се надминати овие предрасуди и дали се воопшто предрасуди?
icon_smile_big.gif

Дали денешниот современ сопруг/дечко посакува ваква домаќинка дома или нешто повеќе?
Што мислите машките, денес, дали титулата „домаќинка„ има поинакво значење?
 
Вработена домаќинка? :toe:

Да работи, но да фаќа и работа по дома нормално.
 
Не е баш љубов и секс темава... Освен ако не е за кој тип на жени се посекси...

Јас па мислам дека денес има предрасуда дека домаќинките се како цурите од Очајни Домаќинки. Совршено средени, секси, забавни, успешни на некој свој начин... А не е така:) Или бар јас не сум запознала некоја таква...
А не е дека пак се со машки чорапи (и што имате против машките чорапи? Јас сум во моментов со машки чорапи со Хомер!), и смрдат на лукоина...
Што знам, јас сметам дека домаќинките кај нас не се тоа што се зошто така сакаат, туку зошто не можеле да најдат работа и да се во вторава категорија... И поради тоа што не носат дома пари, како да се подразбира од нив дека целата домашна работа е на нивни плеќи, сосе воспитување и растење на децата. Додека се мали децата се околу нив, кога ќе пораснат - или чекаат внучињата да дојдат или „швркнуваат“ и имаат различни фази: на боење стакло, на реновирање по дома, на слабеење, на одгледување цвеќиња...:) Што знам, не ми е особено секси целиот концепт. Не знам дали дечко ми/идниот ми евентуален сопруг го посакува ова, ама ако да - се заебале:) Не дека имам нешто против чување деца, напротив... Сметам дека на жената која не си ги гледа децата и за која е понижување да им направи ручек, и фали нешто... Ама исто така сметам дека нема да можам да сум добра мајка и евентуална сопруга ако не сум исполнета на секое поле во животот, а тука е и професијата... А домаќинка - не е професија:)
 
Отиде постот, ајде втора среќа :).
Сакам домаќинка со прст покажана :). Како што велат во градов наш :helou:.
И да фаќа по дома е работа, ако не знае да готви тогаш ништо, знаете како велат патот до машкото срце е преку неговиот желудник. Искрено никогаш не сум поднесувал фуфици од жени што по цел ден седат со кучето во рака и го бакнуваат во уста. Па муабети колку жените се обезправени, па тежок живот имаат, кукање, лелекање... Па и јас имам тежок живот па што сега...
Да знае да готви и да биде паметна, витлери никако нејќам да ме подсеќа на мајка ми и некојси Едипов комплекс :).
 
Вработена и домаќинка:smir:
 
И да фаќа по дома е работа, ако не знае да готви тогаш ништо, знаете како велат патот до машкото срце е преку неговиот желудник.

Их. Ова го велат ама ич нема врска:) До сега на ниеден не му имам готвено, а на бајаги сум им бвлегла во срце :) Би рекла дека патот до машкото срце е преку љубов, внимание и секс... Готвењето може да биде внимание, секако, а и љубов... Ама има и еден куп други начини... Не дека не игра улога, ама во еден куп парови мажот е тој кој готви, жената таа што чисти, он е тој што фрла ѓубре, таа раскрева маса итн... Од кај да знам уствари, можда е само до личните критериуми, ама впечатокот кој го имам е дека кулинарството е далеку од врвот на листата.
 
Знам една професорка,во брак е и работи долго време,активна е и во некои ленгвич организации.Од друга страна пак она компир да ти скопа,кокошка да ти насади,тутун да ти наниже,кафе да ти свари и да ти се расприкаже колку зеленчуци има произведено таа година,да те стисне ке те исцади од шо е наработена жената.
То ја прави и вработена и мераклика домакинка:toe:
 
„ Имале порано луѓето многу предрасуди и погрешна претстава за „титулата„ домаќинка: витлери на глава, на нозете машки чорапи, редовно мрсна коса, во широка карирана кошула, зачинета со мирис на лук и запршка, постојано некоја шерпа пред нејзе, пелени кои ги менува, спружува алишта и пегла секој слободен момент.„

Ова е извадок од едно интервју кое ги „опишува„ домаќинките некогаш.
Колку денес се надминати овие предрасуди и дали се воопшто предрасуди?
icon_smile_big.gif

Дали денешниот современ сопруг/дечко посакува ваква домаќинка дома или нешто повеќе?
Што мислите машките, денес, дали титулата „домаќинка„ има поинакво значење?

офф мори мајко....

јас сум вработена домаќинка, до лани со милиметар коса (на 2 се шишав) и правам кифли на Секс пистлс.... не знам зошто највеќе ми се погодуваат...

мислам не ми е јасно: домаќинка или вработена?
што е поентата? Што си се закачила за домаќинки?
 
А каква е таа жена што се легачи низ дома и ништо да не фака? Битно е бизнисменка прве класе, пфф! Искрено ич не поштовам такви жени што на прво место им е кариерата, а поимот домаќинка, да створат семејство, да се грижат за децата и да чистат им значи крај света и нешто лошо. Нека си има работа, но во никој случај да не ги запоставува овие работи.
 
Ок горе доле сите одговорија дека сакаат вработени домаќинки, тоа да речеме дека е во ред...
НО?!?
Дали така едноставно е остварливо и возможно ова?
Сепак да работиш 8 часа и од работа турбо дома да факаш се и сешто уште цел ден наместо одмор?
Каде е тука мажот? Дали и тој треба да помага или не?
Како сето тоа се издржува ајде да чујам малце конструктивни пристапи:smir:
 
Сега ќе ја викнам мајка ми да пиши :icon_lol:.
Се зезам нема да пиши, иако е супермен овај жена.
Изводливо е ако се поделат обврските се е можно :toe:.
 
вработена, но и домаќинка... неможам да ги сфатам жените кои застануваат само на едната страна. Не би можела да поднесам за секоја ситница да му се гребам на евентуалниот ми маж, ниту пак да не бришам прашина со месеци и да не смукам под изговорот- вработена сум... ..
секогаш можат, ако се потрудиш, овие две работи да се сложат... и работата и домаќинлукот...
 
Сепак да работиш 8 часа и од работа турбо дома да факаш се и сешто уште цел ден наместо одмор?

Ајде вака: мајка ми се буди накај 6, пие кафе, се тушира, ги буди малите (уште две сестри имам), ги спрема за на школо, ги носи до школо, оди на работа (лекар и асистент на студенти, инсистира да не се откажува од ни едното), после работа оди пак до школо за да ја земе помалата сестра, дома го доспремува ручекот кој и е почнат од вечерта, после ручек одмара, два три саати, зависи кога како... После станува да ги спреми малите за тоа што го имаат тој ден како плус обврски - балет, клавир или англиски/француски. Додека они се таму, средува по дома ако има потреба, ако не работи на компјутер... Вечерта им прави вечера и во исто време го почнува ручекот за следниот ден, ги спрема малите за спиење и после тоа досредува по дома, работи, седи со мене на телефон :))
Да, често е капната, ама не гледам поради тоа да не запоставила нас, или да се откажала од кариерата...
 
Ок горе доле сите одговорија дека сакаат вработени домаќинки, тоа да речеме дека е во ред...
НО?!?
Дали така едноставно е остварливо и возможно ова?
Сепак да работиш 8 часа и од работа турбо дома да факаш се и сешто уште цел ден наместо одмор?
Каде е тука мажот? Дали и тој треба да помага или не?
Како сето тоа се издржува ајде да чујам малце конструктивни пристапи:smir:

Ke ti pomaga mazot...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom