P
Princ
Гостин
Во новиот македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во моментов доверба имаат 2,9 отсто од граѓаните, покажала анкетата спроведена минатиот викенд од Институтот за демократија, на барање од Институтот „Павел Шатев“.
Доколку процентот се претвори во апсолутни бројки, тоа би значело доверба од околу 60.000 луѓе, драматично помалку од освоените околу 450.000 гласови на неодамнешните избори.
Во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја лиферуваше анкетата, задоволни од ваквиот рејтинг на Иванов. Очекуваат негово подигање откако новиот претседател ќе почне со работа.
Од Институтот за демократија одбија да ги толкуваат резултатите од анкетата, бидејќи за такво нешто немале овластување од нарачателот. Експертите од останатите агенции за јавно мислење, пак, не сакаат да коментираат истражувања што друг ги спровел.
Неофицијално, политиколозите велат дека нискиот рејтинг на Иванов во моментов воопшто не е за изненадување. За него, објаснуваат тие, претежно гласаше гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, што сега на прашањето „во кој политичар имате најголема доверба“, најчесто одговараат - „Никола Груевски“.
Премиерот со рејтинг од 30,9 проценти и понатаму е убедливо најпопуларниот политичар во земјава. По него следат досегашниот претседател и иден лидер на опозицијата Бранко Црвенковски со 8,7 отсто и претседателот на ДУИ Али Ахмети со 8,2 проценти.
Од останатите политичари, според анкетата, значителен рејтинг има уште единствено Имер Селмани, кој ужива доверба од 4,9 отсто. Љубе Бошковски, кој најави скоро формирање на нова политичка партија, има рејтинг од 0,3 отсто.
A1.