Ѓорге Иванов со доверба од 2,9%

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Во новиот македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во моментов доверба имаат 2,9 отсто од граѓаните, покажала анкетата спроведена минатиот викенд од Институтот за демократија, на барање од Институтот „Павел Шатев“.

Доколку процентот се претвори во апсолутни бројки, тоа би значело доверба од околу 60.000 луѓе, драматично помалку од освоените околу 450.000 гласови на неодамнешните избори.

Во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја лиферуваше анкетата, задоволни од ваквиот рејтинг на Иванов. Очекуваат негово подигање откако новиот претседател ќе почне со работа.

Од Институтот за демократија одбија да ги толкуваат резултатите од анкетата, бидејќи за такво нешто немале овластување од нарачателот. Експертите од останатите агенции за јавно мислење, пак, не сакаат да коментираат истражувања што друг ги спровел.

Неофицијално, политиколозите велат дека нискиот рејтинг на Иванов во моментов воопшто не е за изненадување. За него, објаснуваат тие, претежно гласаше гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, што сега на прашањето „во кој политичар имате најголема доверба“, најчесто одговараат - „Никола Груевски“.

Премиерот со рејтинг од 30,9 проценти и понатаму е убедливо најпопуларниот политичар во земјава. По него следат досегашниот претседател и иден лидер на опозицијата Бранко Црвенковски со 8,7 отсто и претседателот на ДУИ Али Ахмети со 8,2 проценти.

Од останатите политичари, според анкетата, значителен рејтинг има уште единствено Имер Селмани, кој ужива доверба од 4,9 отсто. Љубе Бошковски, кој најави скоро формирање на нова политичка партија, има рејтинг од 0,3 отсто.

A1.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Доверба мерат а нема ни ден работено како претседател. Ова довербава до сега може да биде само како професор да му се рачуна.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
E anasana, ke da imase pravo Bucko.... magare da kandidiraa ke tepase. :toe:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
E anasana, ke da imase pravo Bucko.... magare da kandidiraa ke tepase. :toe:
Бучко е бисер за глупости.Ако тој почна да се споредува со магаре тогаш нешто нее во ред со него.Или ако СДС немаат кандидат да победат едно магаре нека плунат и нека се дават.
 
M

marsovka

Гостин
Доверба ,за што зборуваш бе ?бладате бе сите вие ?
има играње брзи прсти ,има тапшање по рамо,ебење у здрав мозок,млатење празна слама итн итн
ама доверба не постои
 

Јордан Мијалков

Вмро Засекогаш
Член од
8 март 2009
Мислења
228
Поени од реакции
15
Груевски има 30,9% рејтинг.Како ке ја рушат владата комуњарчињата не знам.Добро би ни дошле уште едни избори за да добиеме уште 4години мандат,ама за жал Бранко нема да сака,не е толку глуп како претходните тројца претседатели на Сдс
На редовните избори во 2012 предлагам премиерот да излезе со слоган ДА МУ КАЖЕМЕ НЕ НА БРАНКО и сигурно пак ке победи:toe:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
А кој му го има мерено на Иванов?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Груевски има 30,9% рејтинг.Како ке ја рушат владата комуњарчињата не знам.Добро би ни дошле уште едни избори за да добиеме уште 4години мандат,ама за жал Бранко нема да сака,не е толку глуп како претходните тројца претседатели на Сдс
На редовните избори во 2012 предлагам премиерот да излезе со слоган ДА МУ КАЖЕМЕ НЕ НА БРАНКО и сигурно пак ке победи:toe:
А кој го праша бранко дали сака...собранието ја носи таа одлука!
Или уште поедноставно....нека грујо го врати мандатот...

Значи..пречка нема...
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Мене не ме прашаа, а ја има и мојата доверба...

Тапа истражувањево.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Само да појаснам една работа околу анкетава. Прашањето е во кој политичар имате најголема доверба. Па резултатот не може да се интерпретира дека Ѓорге има 2,9% доверба. Бидејќи може има луѓе кои најголема доверба имаат во Бранко или Али, а истовремено имаат и во Ѓорге ама не толку голема.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
сталин имал 30% рејтинг и гвујо има толоку...интересно како и да е гоге е нов на сцената па не изненадува неговиот рејтинг...да почекаме барем 6 месеци па да видиме дали ке се покаже ко претседател...или ке биде лошата варијанта микс помегу влада и претседател-непожелно:toe:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
2.9% ? mene ovoj podatok me raduva :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom