Исто беа поделени и околу тоа дали се раѓаш или стануваш педер. Хелена тврдеше дека така и се присакало.
Аут Бој ти на пример тврдиш дека си се родил со таква сексуална ориентација што на мене лично некако не ми е прифатливо. Што си знаел ти како дете за сексот и привлечноста? Многу по логично ми е да поради некои околности (семејство, околина и некои други општествено социолошки влијанија) во време на пубертетот тебе да те изградиле во личност со сексуални афинитети кон сопствениот пол.
Е сега ме фати... ОК, нема да кријам повеќе.
Значи, еден ден, кога имав 13 години, моите ме фатија како мастурбирам на стрејт-порно списание, и ептен се изнервираа, па ја за да ги казнам оти така не ме оставија да си довршам со работата, си реков од тој миг: е ќе видите сега вие. И така, од тогаш станав геј. Ете, гледате VoniVaraS каков продлабочен психилошки профил ми направи. Едноставно удри во сржта на проблемот. Од тогаш, на сила, сакал-нејќел, имам “сексуални афинитети кон сопствениот пол“...:pos2:
Добро, ај да не бидам ироничен, ама прашањето: Што си знаел ти за сексот во пубертет... не ти е на место брат. Ич.
Инаку, израснат сум во конзервативна средина, со конзервативни родители, патријархално воспитан, со почит кон моралните вредности, верноста и бракот. Може на дел од малкуте хомо-луѓе што ги знам тоа им е одвратно, ама па и мене ми се одвратни дел од нив, така што нема љутење тука.
А Хелена... хм, сега дознав дека била стриптизерка... Кај бисексуалците обично е така: им се присакува. Само, не кажа Коче и Софче што кажале... Оти ја зборам од аспект на геј, не од аспект на би.