M
marsovka
Гостин
Владата бара ЕЛЕМ и ЕВН Македонија да најдат компромис за спорот. Министерот за економија Бесими порачува.
„Има простор за компромисно решавање во интерес на двете страни, што е најбитно, за заштита на интересот на граѓаните на Република Македонија и имиџот на Република Македонија како поволна бизнис дестинација“, вели Бесими.
Процесот на продажба на ЕСМ на ЕВН, според Бесими, бил спроведен транспарентно и согласно меѓународните стандарди.
Нов момент на спорот меѓу државните електрани и Австријците, е и независната ревизорска куќа „Дилојт“, која веќе дала мислење за спорните побарувања на државната ЕЛЕМ од ЕВН, а кои се клуч на војната на релација Влада - австриски инвеститорот, што одекна и до Брисел.
Според информациите на А1, во мислењето на „Дилојт“ се вели дека побарувањата на ЕЛЕМ во висина од над 90 милиони евра плус камати, а кои со судска одлука треба да им ги врати австриската компанија, ги нема во ревидираните финансиски извештаи на државните електрани од 2005 година и за прв пат се појавуваат во наредната 2006 година.
Ревизорите констатирале дека тоа е во спротивност со законот за трговски друштва и спротивно на меѓународните сметководствени стандарди.
Ревизорите со мислење дека појавувањето на побарувањата не биле поткрепени со документи. ЕЛЕМ засега без коментар за мислењето на независниот ревизор „Дилојт“.
Решение на новонастанатиот проблем под итно бара и австриската Влада. А1 неодамна објави писмо добиено од дипломатски извори, кое австрискиот министер за финансии и вицепремиер Јозеф Прел во март му го испратил на вицепремиерот Ставрески. Одговор се уште нема.
Австриски ЕВН неодамна и писмено ја извести македонската Влада дека ќе ја тужи Македонија на арбитража во Вашингтон Америка, потег кој следуваше откако Основниот суд Скопје 2 одлучи дека ЕВН треба да му врати повеќе од 160 милиони евра на ЕЛЕМ за ненаплатени побарувања од 1995 до 2004 година.
За Австријците ваквата одлука е скандалозна, бидејќи судот не сакал да ги земе в предвид нивните докази, Анекс договорот помеѓу ЕЛЕМ и ЕСМ и мислењето на Правниот факултет.
а1
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107792