Зошто модерната жена се плаши од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата etoile
  • Време на започнување Време на започнување
не верувам дека модерната жена се плаши од брак,туку економската состојба е таква моментално,инаку за фобија од брак имаат и мажи и жени:toe:
 
Затоа што бракот е саможртва, несебично и искрено давање на љубов, помош, разбирање, подршка, заедничарење....понекогаш и без возврат....

ДА, несебично и искрено давање и заедничарење, а модерниот човек (а не само жената), станува се посебичен и егоцентричен (self-centered).
 
Зато што мисли дека е убава,и кога ке биде бремене ѓомти ке се погрди..:pos2::pos2::pos2:
 
Затоа што бракот е саможртва, несебично и искрено давање на љубов, помош, разбирање, подршка, заедничарење....понекогаш и без возврат....

ДА, несебично и искрено давање и заедничарење, а модерниот човек (а не само жената), станува се посебичен и егоцентричен (self-centered).
Прво, бракови како тие од твојата дефиниција нема. Иако би требало да се такви - нема.
А второ ... зошто да не е вака - модерниот човек станува свесен за ова погоре и многу потешко избира со кого може да издржи во една заедница засекогаш.

Зато што мисли дека е убава,и кога ке биде бремене ѓомти ке се погрди..:pos2::pos2::pos2:
Детски памет ништо поинакво не би напишал. Туку, што правиме со тие модерни жени кои иако немаат брачен партнер, сепак се решаваат да имаат дете?:toe:
 
Туку, што правиме со тие модерни жени кои иако немаат брачен партнер, сепак се решаваат да имаат дете?:toe:
Ако детето е од банка и вештачки оплодена дотичната ок...ама ако за свои потреби и стравот да не остане сама во стари и дртави години притоа искористувајки го партнерот, тогаш имам друг епитет за таквите.
 
Ако детето е од банка и вештачки оплодена дотичната ок...ама ако за свои потреби и стравот да не остане сама во стари и дртави години притоа искористувајки го партнерот, тогаш имам друг епитет за таквите.

Мислев на првиот пример. Значи, не успева да најде некој со кого може да стапи во брак, а сака дете и ете се решава на тоа, додека го чека или бара принцот или коњот, шодае. Во тој случај, ме интересира што ќе ми одговори малото :)
 
Мислев на првиот пример. Значи, не успева да најде некој со кого може да стапи во брак, а сака дете и ете се решава на тоа, додека го чека или бара принцот или коњот, шодае. Во тој случај, ме интересира што ќе ми одговори малото :)
Аха, и ти очекуваш одговор од него? :)

Море ме замисли малово...кујзна колку грда сум веќе :(
 
Мислев на првиот пример. Значи, не успева да најде некој со кого може да стапи во брак, а сака дете и ете се решава на тоа, додека го чека или бара принцот или коњот, шодае. Во тој случај, ме интересира што ќе ми одговори малото :)
Фала мамо што си ме родила!
Те сакам многу.
Ми недостига татко,ама ти си ми се
 
Фала мамо што си ме родила!
Те сакам многу.

Oва ќе беше доволно, нели!

Важно те родила, не си останал издркотина на чаршав. Или микроскопско лањо на улошка!
 
Фала мамо што си ме родила!
Те сакам многу.
Ми недостига татко,ама ти си ми се

Демек само така може едно дете да живее без татко?
Лош пример и не би требало така да функционираат работите, но не треба и вакви лоши муабети да тераме за тие кои би се одлучиле на тој тежок чекор.
 
Oва ќе беше доволно, нели!

Важно те родила, не си останал издркотина на чаршав. Или микроскопско лањо на улошка!
:pos2::pos2:Зашто микроскопско???
Да,битно е што си роден/а и што ке имаш прекрасна мајка.
Поарно од колку да бидеш со некој закоравен,што си го нашла на зор,ради реда,нит го сакаш или љубиш...само ради брак и деца.
 
Pa dobro eve i jas sum moderna devojka i se plasev od brak , no brakot e edna odluka za koja za sea ne se kaam naprotiv ubavo mi e isto kako vo vrska sto bev samo so nekoj poseriozni nameri . Ako znaes da si go napravis brakot ubav , interesen nema da se kaes nikad sto si se omazila , naprotiv ke se osekas kako da si vo vrska a zivees proben zivot so covekot so go sakas :)
 
Кој страв бре, тоа е личен став. Некој смета дека може така да тера и може на таа жена и е незамисливо да се омажи помлада додека не заврши се друго. Некогаш е избор, ама некогаш така си стојат работите. Едноставно има луѓе кои немаат среќа во таква работа, модерна, немодерна некој некогаш и не по своја воља останува сам. Затоа пред да ја судите модернава жена или било кој што не стапил во брак, чукнете си ја главата дека некој немал среќа. Околу мене сум имала такви случаи, луѓе кои си умреа сами, во суштина кротки личности кои верувам би имале убави бракови. Жалам што ја немаа таа среќа да си најдат сопатник.

Да не бидам сосем оф топик. За почеток, не знам што е тоа што ја дефинира модерната жена. Образованието ли? Работното место? Времето во кое живее? Еве ајде да се ставам во оваа група со мојов мал бекграунд. Работата е што не мислам дека сето ова ја сочинува таа фантомска модерна жена и сето она што таа го поседува, па ме тера и да се запрашам дали стојам јас под овој епитет. Еве зошто. Јас сум патријахално воспитано дете, од конзервативно семејство. Иако имам доста голем багаж кога се работи за образование, мене не ме изградило само тоа. Ме изградило моето семејство, бракот на мајка ми и татко ми, баба ми и дедо ми. Сум го набљудувала сето тоа и сум заклучила дека е сосем прифатливо. Да имаш партнер покрај себе со кој ќе имаш и некоја расправија, ама исто така ќе добиеш и цврст грб. Овде морам да признам, дека грбот на мажот отсекогаш се очекувало да биде посилен, и оваа нова постомодернистичка младина ниту новоофирцана феминизирана жена, не може да ме разубеди во тоа. Јас се трудам и секогаш ќе се трудам да создадам своја кариера, да создадам нешто сама, односно да не дојдам во ситуација мојот сопатник да биде тој кој што ќе го трга главниот товар за заработка, потпора и поддршка. Сепак, колку и да сум успешна во тоа, не можам да негирам дека мажот е тој кој што ја има поголемата главоболка кога се работи за семејството во мнозинството случаи. Од него се очекува да стега вилица, да има кец во ракав за секоја ситуација кога ќе загусти, па после со товарот си доаѓаат стресови, стентови, попуштени нерви. Затоа тренирам строгост сама кон себе, таму некогаш во иднина треба некому да му бидам партнер за добро и лошо, а не само дополнителен товар. Некому треба да му бидам и најдобар пријател на кој може да се потпре.

Е сега, рака на срце јас наидувам на мошне неразбрани жени. Знаете оние, напорни створења кои мрморат под мустак низ дома, не знаеш што и е, и нормално треба да погаѓаш што е проблемот. Нон стоп се жалат, не дај Боже да ги видиш насмеани. Често пати гледајќи ги си викам, тешко на сопругот на женава. Иде од работа убиен и имаш канонада од кукање, мрморење и главоболки. Оу јес воман кен би пејн ин ди ес..:) Особено неразбрана жена. Не дека нема од што човек да се пожали и од мажи. Еден мој комшија еднаш ми вика, абе автобусине порано беа полни со мажи што одеа на работа, сега се полни со жени. Мажите станале дембели, чекаат на готово. Сакав да бидам вицкаста и да му одговорам со : Абе они идат со кола затоа така ти се чини. Али виц треба да има основа, а мојот немаше. И во право е човекот, за жал знам многу случаи во кои жената место врат станала глава на семејството. А што да прави кога некој од кауч не мрда? Демек има избор. Јеа рајт.

Значи, не знам дали сум модерна жена или не. Знам дека немам проблем со тоа да имам сопруг, да создадам семејство, да готвам, да се грижам за некого со се што се подразбира под тоа. Само што за да се стигне до таму, треба со тој некој да создадеме цврста основа, да знаеме на што сме, ако почнуваме од нула, тогаш почнуваме и нема кукање и мавање глава од ѕид кога ќе дојде тешкото (а ќе дојде, секогаш доаѓа), па да се обвинуваме еден со друг што ни требаше оваа беља. Ако веќе имаме основа, да знаеме дека имаме памет да тераме понатаму. Ако ова ме прави модерна жена, океј, пеки нека биде така. Ако не шуќур и без таа придавка се живее.
 
Не прочитав ништо во врска со темава но ќе го дадам одговорот според свое мислење,гледање и став кон прашањево:

Затоа што ЕДНОСТАВНО не е способна да биде во брак. Не знае да готви,не знае да пере,не знае да пегла,не знае да чисти.....

Во СЕ има исклучоци и секоја чест на таквите,ама едноставно денешниве "модерни" девојки не сакаат да мирисаат на манџа и не сакаат да земат мивка во рака и да исчистат по дома! Тоа е тоа.

Фала,4ао,кисс4е!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom