Зошто модерната жена се плаши од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата etoile
  • Време на започнување Време на започнување
И еве сега едно прашање (во врска со она што го зборат дека некој ќе остане ненашетан и неизживеан), вољата е твоја дали ќе одговориш (макар да според твоето пишување претпоставувам што би одговорила :smir:.

Дали се каеш (за можниот пропуштен слободен живот, независност...) што на "само" 20 години си влегла во брак и дали се имаш подисплашено од (искрено не знам од што) самиот брак, пред да влезеш во него. Лош збор употребив "каеш", но во моментов не ми паѓа на памет некоја замена.
Ами јас кога влегов во брак не влегов во Алкатраз:):):)И ништо не е пропуштено ако е вистинскиот човек покрај тебе:nenene::nenene::nenene:
 
Brakot e nadminata stvar
sea sekoj neka si zivee kako saka
i neka gi plaka uslugite
posto poevtino e so kurva da izlezes nego so zenska.
 
Да бе... ако е рамноправна со тебе тогаш одма ќе ја изгуби женственоста... тоа не се губи туку така. И што има врска физичката спремност? Не сме во камено време, да не ќе ти требаат мускулите за ловење ручек.?

Епа прати ја женати да меша малтер, да соѕида куќа или да вози трактор по нива, можеби да биде механичар и заварувач за коли, нека асфалтира улици, нека копа ровови во случај на војна... а ти во меѓувреме пробај да родиш.

Машкиот свет интерно е премногу валкан и површен, макар се работело и за некои интелектуални професии како менаџери, економисти, банкари и сл. во кои жената сосема рамноправно се снаоѓа, не ретко таа крутост и психичка борба ќе ја претвори во ладнокрвна самотна “кучка“ која сака да се докаже до тој степен да ги занемарува своите останати интереси како семејството и блиските.

И во иднина би ценел да не ме цитираш ниту реплицираш. :smir:
 
Затоа што традиционалниот брак и` налага немодерност и аргатување по дома. Затоа што мажот е ,,предодреден" да ги носи сите пари дома а таа да мете и да чува деца. Повеќето жени, меѓу кои се вбројувам и јас самата, не можеме да го смислиме ова. Денешната жена сака да биде ценета заради парите кои самата ќе ги заработи(со исклучок на оние кои преферираат да се китат со туѓи перја во замена за секс или останто психо-физичко задоволство). Познавам жени кои се во брак со професионално успешни мажи и им е забрането да работат од страна на мажите. Илузијата за доминација на мажите им е одбивна на современите жени. Не можат да ја трпат се додека не најдат некој маж кој ќе ги сфати прифати, почитува и кој ќе се гордее со нивната амбиција.

Абе незнам зошто си се дрзнала да одговараш во мое име?И незнам зошто цело време мажите ги претставувате како да се некои чудовишта што душата ќе ви ја вадат по дома? И мислам дека многу грешиш што мислиш дека треба да те ценат за парите што ги печалиш.Да и за тоа треба нормално за трудот што го вложуваш ама пред се треба да те ценад ради самата себе, а не ради парите што ги поседуваш.:helou:
 
Не можам да ја пуштам жена ми да меша малтер, пошто немам жена. Не разбирам како забега муабетов на ова?

Како прво, не се сите мажи валкани и површни.

Нема сите да станат ладнокрвини кучки, само ќе станат попребирливи, со повисоки стандарди, пошироки погледи. И нема да посакаат да останат сами, туку ќе посакаат да го поминат живото со некој кој ќе ги почитува такви какви што се т.е. ќе бараат сопрузи кои не се површни.

И денес се сведува на исто, взаемно почитување, само што правилата на игра се малку променети.

п.с. ако не сакаш да ти реплицираат не пишувај

Затоа што традиционалниот брак и` налага немодерност и аргатување по дома. Затоа што мажот е ,,предодреден" да ги носи сите пари дома а таа да мете и да чува деца. Повеќето жени, меѓу кои се вбројувам и јас самата, не можеме да го смислиме ова. Денешната жена сака да биде ценета заради парите кои самата ќе ги заработи(со исклучок на оние кои преферираат да се китат со туѓи перја во замена за секс или останто психо-физичко задоволство). Познавам жени кои се во брак со професионално успешни мажи и им е забрането да работат од страна на мажите. Илузијата за доминација на мажите им е одбивна на современите жени. Не можат да ја трпат се додека не најдат некој маж кој ќе ги сфати прифати, почитува и кој ќе се гордее со нивната амбиција.

Бракот не налага аргатување по дома и чување деца, туку закоравените мажи. Среќа па не се сите закоравени. :)
 
оти покето се разгалени а бракот е тешка работа да се одржи....треба работа треба труд и знаат дека не можат да ги исполнат тие услови па се плашат како ке биди во брак како ке се снајдат во таа ситуација...свака му час тие шо се решиле да се мажат на 15-16 години....
 
Ами јас кога влегов во брак не влегов во Алкатраз:):):)И ништо не е пропуштено ако е вистинскиот човек покрај тебе:nenene::nenene::nenene:
Фала за одговорот, чисто ме интересираше мислење на една жена влезена во брак, како таа се осеќа :smir:
 
Абе незнам зошто си се дрзнала да одговараш во мое име?И незнам зошто цело време мажите ги претставувате како да се некои чудовишта што душата ќе ви ја вадат по дома? И мислам дека многу грешиш што мислиш дека треба да те ценат за парите што ги печалиш.Да и за тоа треба нормално за трудот што го вложуваш ама пред се треба да те ценад ради самата себе, а не ради парите што ги поседуваш.:helou:
Нормално дека ќе ме ценат според тоа колку карактерно вредам, но мора да се воочи фактот дека во денешното современо потрошувачко општество, парите се важен дел од сатисфакцијата на секој еден човек. Кога велам човек, мислам и на жената. Истакнувам дека за разлика од порано, сега на жената и е лично задоволство самата да печали, што во некои бракови не и е дозволено. Ако ти се сметаш за исклучок, и` завидувам на жена ти и секоја ти чест. Кариерата некако кај многу жени е разделена од бракот.
 
Мими јас сум жената во случајов и јас навистина го поздравувам и го ценам твоето мислење и супер е тоа што сакаш сама да си заработуваш и да си бидеш самостојна.Само сакам да кажам дека нема ништо ништо лошо во тоа ако мажот ги носи дома парите а жената се грижи за куќата и децата ако на тоа се гледа како поделба на обврските.
 
:back:Во врска со болдираното, би сакала да прокоментирам, бидејќи се работи за нешто кое ми стои на душа и онака квалитетно и солидно морам да го кажам. Јас НЕ МОЖАМ ДА ПОДНЕСАМ маж ми да ми носи дома пари, а јас да перам тањири и да чувам деца. Од традиционално-патријархалната улога на жената, мене ми се повраќа. Што не значи дека оние жени кои го прават тоа се нешто помалку од мене ниту пак јас од нив. Едноставно сум таков човек кој сака да се бори, да напредува, да живее 5 животи одеднаш(и не сум мачка пази:vozbud:) и тоа да го прави со просперитетна кариера, со хоби, со социјален живот... Лично, јас се чувствувам како хендикепирана во шансите за просперитет, ако веќе се ми е дадено на тацна. Се надевам дека нема некој погрешно да ме протолкува и дека нема да ми се сипате сите вие женети и мажени луѓе кои ја почитувате ,,семејноста" на жената. Според мене, со неа, во контекстот горенаведен, се ограничува слободата и амбициозноста на жената.
 
epa najdete si mule od maz da ve trpi
ako sakas da osetiv pravo musko
bidi pravo zensko a toa e da cutis i koa
ke ti pobara muzot seks odma da mu se trtis svati??
 
Имаш во план некогаш да оформиш фамилија и да имаш деца? Ако да, уште сега ги жалам децата. Децата бараат љубов, внимание, нежност и мајчина рака, а не жена која на прв план и е кариерата и од брзо качување по скалите на успехот не ги приметува децата кои стојат долу и гледаат на мајка која е тука само да ги сипа со поклони...И да, тоа ни најмалку не те прави модерна, мене таквите ми се одбивни и ладни.

Зошто толку прашина кој колку заработува? Покажување на способност, доминирање? За мене во брак се подразбира заедничко разбирање, ако работат и двајцата (што во сегашно време е и нормално) да се собира сето тоа во еден лонец, без разлика кој колку ставил внатре.
 
Веројатноста е голема, дека на моите 18 години сеуште не сакам да имам деца. Иако не е докажано. За да имам кариера, не е морално да ги прекинам контактите на блискост и нежност со моите деца. Но, дефинитивно ниеден маж нема да дочека од мене, да седам дома да правам ручек во замирисана престилка и да перам тањири, чекајќи го да ми донесе ,,леб". Да, се е така розово кога се разгледува вака површински, дека бракот е база на разбирањето и меѓусебната толеранција. Но, ако е маж ми толерантен, тогаш нема да ми забранува да заработувам и нема да му пречи мојата амбиција, туку ќе се гордее што има една самостојна жена. Желбата за доминација се наоѓа токму во мажот, а ние жените сме ,,воспитувани во прав покорен дух" да послушно и кротко се покоруваме. Се гордеам што не сум таква.

epa najdete si mule od maz da ve trpi
ako sakas da osetiv pravo musko
bidi pravo zensko a toa e da cutis i koa
ke ti pobara muzot seks odma da mu se trtis svati??
Што е ,,право" машко и ,,право" женско е релативна работа, впрочем како на кого му чини. Веројатноста е голема дека ако сакаш да најдеш жена како горенаведената, ти ја потценуваш жената и ја сметаш за сурогат мајка. Ако ти се пружа прилика да најдеш таква ,,прописна" жена, значи дека такви сеуште постојат и ти си среќен. Извини што сум исклучок.:back:
 
Веројатноста е голема, дека на моите 18 години сеуште не сакам да имам деца. Иако не е докажано. За да имам кариера, не е морално да ги прекинам контактите на блискост и нежност со моите деца. Но, дефинитивно ниеден маж нема да дочека од мене, да седам дома да правам ручек во замирисана престилка и да перам тањири, чекајќи го да ми донесе ,,леб". Да, се е така розово кога се разгледува вака површински, дека бракот е база на разбирањето и меѓусебната толеранција. Но, ако е маж ми толерантен, тогаш нема да ми забранува да заработувам и нема да му пречи мојата амбиција, туку ќе се гордее што има една самостојна жена. Желбата за доминација се наоѓа токму во мажот, а ние жените сме ,,воспитувани во прав покорен дух" да послушно и кротко се покоруваме. Се гордеам што не сум таква.
Не, апсолутно си грешка дека со 5 животи можеш да ја одржиш рамнотежата помеѓу кариера и деца. И грешка ти е дефиницијата за модерност ако мислиш дека секоја што работи е модерна или пак обратно. Доминацијата секој сам си ја определува и се знае до каде се границите.

За мене е успешна жена таа која наоѓа време за децата, мажот, самата себе и работата пред тоа да не стави ништо на прво и последно место.

Инаку јас сум секој ден замирисана од правење топол ручек, перење садови, давање одромна љубов кон децата, работа...ме прави тоа не модерна? И да ме прави, мене ми е убаво и не сакам да се споредувам со „модерните„.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom