Скопје 151. најдобар град за живеење во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Скопје е рангиран на 151. место на годинашната листа најдобри градови за живеење во светот што традиционално ја изработува глобалната консултантска куќа „Мерсер“.
C8C3D33AC8A35C4EB7CFDDE0D817F6E4.jpg

Македонскиот главен град годинава напредуваше за три места од лани кога беше 154. Најдобар град за живеење во светот е австриската престолнина Виена, а по неа се швајцарските Цирих и Женева. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на „Мерсер“ се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. Брисел е 14-ти, Берлин 16-ти, Париз 33, Токио 35, Лондон 38, Вашингтон 44, Њујорк 49, Рим 55, Москва 168,...
Во регионот најдобро рангирана е Љубљана на 78 место, Загреб е 103, Букурешт 108, Софија 112, Белград 137. Зад Скопје се Сараево на 157 и Тирана на 173 место. Најлош град за живеење во светот убедливо е Багдад.
На листата на „Мерсер“, пак, на градови со најдобра инфраструктура, Скопје е на 138. место. Прв е Сингапур, втор Минхен, трет Копенхаген. И на оваа листа најдобро рангиран град во регионот е Љубљана, на 95 позиција. Пред Скопје се уште и Атина и Загреб, а полошо пласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана. Последното место и на овоаа ранкинг листа го зазема Багдад.
„Мерсер“ ги врши рангирањата според конкретни критериуми како што се политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности... Во конкуренција годинава биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215.
„Мерсер“ е глобална консултанстка куќа со 18.000 вработени, со претставништва и клиенти во 180 градови и 40 земји во светот.
 
Со оглед на тоа што секогаш нас не асоцираат за мала држава со слаба економија и политички проблеми и пред се нестабилна држава добро е и што не сме последно место :icon_lol:. А не од што во другиве земји или градови поубаво се живее. Скопје си има своја убавина и посебен начин на живот поразличен од многу други европски градови. Странците го сакаат, тоа е докажано. Ретко кој град е 24 часа активен, како што е Скопје. :)

А градот кој мене многу ми се допаѓа и за кој јас гласав за најубав град во Европа, во кој би можела да живеам е прв на листата. Виена нормално :)
А градот кој го обожавам Милано е 41 ви :pipi:
 
Скопје во последно време доста кубури со животот, полека се враќа на граница дали навистина живее 24 часа.
Фали многу повеќеќ културно уметнички и пред се забавен живот.
 
Скопје во последно време доста кубури со животот, полека се враќа на граница дали навистина живее 24 часа.
Фали многу повеќеќ културно уметнички и пред се забавен живот.

Па ние во глобала никогаш не сме ја имале таа култура за посетување културни манифестации. Ретко од нас кој оди во кино, театарски претстави, за опера и балет да не зборам, уметнички изложби и други културни манифестации. Ако нема некој гостин којшто е звучно име посетеноста ќе биде премала. Еве баш слушав за Dance fast повеќе настапи ќе се со бесплатен влез зашто никој не е заинтересиран. Исто е и со филмскиот фестивал. Лицата кои што се занимаваат со уметност се оние кои ги посетуваат овие културни манифестации, останатите на прсти можат да кажат колку пати биле на вакви манифестации или колку пати годишно одат. Ах да, посетители се и средношколците што одат преку школо поради изборните предмети, да добијат потпис мора.
Никогаш ние сме имале таква култура и затоа не се ни организираат многу културни манифестации, зашто нема ни посетеност, не е исплатливо.

Скопје живее 24 саати со турбо работа на кафулињата, дискотеките и рестораните.
Културниот живот никогаш не бил на високо ниво, а веројатно и така ќе остане.
 
Види мајката дури и пред Москва а ? Добро е добро мала држава, голем град :helou:.
 
Одличен ранк, со оглед на тоа каква ни е државата, градот е Бомба :)
 
Одличен ранк, со оглед на тоа каква ни е државата, градот е Бомба :)

Искрено пдобро ќе беше државата да беше бомба а градот полош, ама со оглед на местото градот е далеку од бомба.
Оди во глвниот град на твојата омилена шпанска покраина, е тоа е бомба од град
 
Скопје пред Москва?:uvo:
Според кој критериум,Москва за Скопје е како споредба на фиќо и мечка.
Со толку гнасотии,ѓубре во градот и комуњарски згради,крш улици и да не набројувам,баш ме чуди листава.
 
Скопје пред Москва?:uvo:
Според кој критериум,Москва за Скопје е како споредба на фиќо и мечка.
Со толку гнасотии,ѓубре во градот и комуњарски згради,крш улици и да не набројувам,баш ме чуди листава.
Москва е убава само во центарот, останатиот дел е тапа.
Освен тоа мора да имаш на ум дека тука играат улога и многу други фактори како струја, вода, греење, и ред други детали.
 
Скопје пред Москва?:uvo:
Според кој критериум,Москва за Скопје е како споредба на фиќо и мечка.
Со толку гнасотии,ѓубре во градот и комуњарски згради,крш улици и да не набројувам,баш ме чуди листава.

Иди да живееш у Москва да те видам. Да ти смрзнат јајца. За шетање ко турист е убаво ама за живеење и не баш.
Гоу гоу Скопје:) Дер ис ноу Охрид ор Битола, џаст С К О П Ј Е.
 
151 алал да ви е скопјани...ај може има надеж, ќе стигнете и први
 
Иди да живееш у Москва да те видам. Да ти смрзнат јајца. За шетање ко турист е убаво ама за живеење и не баш.
Гоу гоу Скопје:) Дер ис ноу Охрид ор Битола, џаст С К О П Ј Е.

Охрид и Битола не се рангирани поради бројот на жители и административно-политичката функција што ја вршат. Инаку се далеку побезбедни градови од Скопје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom