Покер на Фејсбук

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ајде некој ако може да ми донира 2000-3000?
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Јас не разбирам само една работа у покерот. Од што зависи дали јас ќе добијам пари или не. Какви треба да ми бидат тие две карти што ги имам за да ми се зголемат шансите да добијам на покер??
 
А

Ајсшутер

Гостин
Јас не разбирам само една работа у покерот. Од што зависи дали јас ќе добијам пари или не. Какви треба да ми бидат тие две карти што ги имам за да ми се зголемат шансите да добијам на покер??
Еве што како можеш да добиеш за Texas Holdem Poker што го има на фејсбук и остантите.

Правила

Ако сте почетник во покер тогаш сте на вистинското место.Тука ќе ги најдете сите правила преку кои ќе се запознаете со TEXAS HOLD'EM. Ништо нема подобро да ве научи од тоа, самите да пробате да играте и да ја дознаете вистинската динамика на играта. Доколку немате друштво со кои би играле, тогаш можете секогаш да играте на play money масите на било кој on-line покер сервер комфорно и релаксирано од вашиот топол дом. Правилата се лесни да се научат, но сепак за да се игра, добро потребно е што е можно поголемо искуство. Вистинските мајстори и покер шампиони не се борат против своите противници, туку против нивното долгогодишно искуство пропратено со противничкиот одличен "sense" и предчувство да се оди или не.

Јачина на картите:

Royal Flush Најсилната и најдобра можна комбинција во Texas Hold'em покерот Десетка, Џандар, Дама, Крал, Единица. (Во ист знак).

Straight Flush Пет карти од ист знак во последователен редослед Девет, Десет, Џандар, Дама, Крал.

Four of a Kind Било кои четири, нумерички исти карти.

Full House Три исти со две исти нумерички карти.

Flush Пет карти во иста боја во било кој редослед.

Straight Пет карти од било која боја нумерички последователни една по друга.

Three of a kind Три карти од ист вид (Трилинг).

Two Pair Два различни пара на карти во рака.

Pair Еден пар на карти од ист вид.

High Card Највисока и најака можна карта во твојата рака е единицата а најниската е двојката.


Betting and play (Обложување и игра)

Играта секогаш се движи во стрелките на часовникот почнувајќи од играчите коишто седат веднаш после дилер жетончето (dealer button) (пластично жеточе со буквата "D"). Двата играчи коишто се наоѓаат на левата страна од "дилерот" задолжително плаќаат мала блајнда па голема блајнда последователно. Блајндата е облог којшто се плаќа задолжително по еднаш на секој круг уште пред играчите да ги добијат и видат своите карти и тој останува на масата. Ова е правило коешто има за цел да го започне обложувањето и да се зголеми сумата од облози на pot-от (масата). Потоа се делат по две карти за секој играч и се чека на играчот кој се наоѓа лево од големата блајнда да започне со обложувањето.

Call, Raise, All in or Fold (Следиш, Зголемуваш,Вложуваш се, Откажуваш)

Сега, играчите можат да го испратат облгот од претходните играчи односно да го следат пред да ги видат картите кои ке бидат извадени на масата односно Flop-от (првите три карти), Turn-от (четвртата карта) и River-от (петата, последна карта). Исто така може да го зголемат облогот, ако сметаат дека имаат добри карт,и или па едноставно да се откажат и да не играат повеќе во оваа рака и да ја почекаат следната со надеж за подобри карти, меѓутоа најинтересната опција во оваа игра што ја прави толку "заразна" е третата опција, односно блефирањето, коешто, доста пати се покажало како победничка опција. Играта се движи во насока на стрелките на часовникот и сите играчи ги уедначуваат облозите од претходните, доколку сакаат да ја играат оваа рака.Постои и опција која се вика ALL IN на којашто се вложува се што се има од чипови и се отвараат и оние 2 поделени карти на сите играчи коишто го изговориле тој збор.

The Flop (Првите три карти на масата)

Потоа се делат три карти (Flop) (отворени) и играчите ги комбиниираат со нивните претходно поделени 2 карти за да добијат претстава за нивната најдобра можна рака и комбинација. Одпочнуваат нови обложувања, кои се движат по истиот принцип.

Check, Raise or Fold (Провери, Зголеми, Откажи)

Во оваа фаза, како и во претходната, играчите може да чекираат, односно, ако нивниот облог не е помал од облогот од претходните играчи, не се задолжени да доплатуваат, туку едноставно, може да направат проверка на следните чекори на противниците и по можност (доколку некој не го зголеми облогот) и проверка на следните 2 карти на масата. Исто така може да го зголемат влогот или да се откажат, а може и повторно да блефираат. Ако претходниот играч го зголемил влогот следниот не може да направи проверка, односно да чекира туку мора да го доплати зголемувањето.

The Turn (Четврта карта на масата)

Откако е поделена и четвртата карта (Turn), започнува нова фаза на обложувања. Играчите повторно можат да прават проверка (Check) (ако никој претходно не го зголемил облогот), да испратат облог (Call) (ако некој претходно го зголемил облогот), да зголемат облог (Raise)(колку што сакаат и без ограничувања), да се откажат (да ја почекаат следната рака, односно следното делење на карти), да блефираат , а секако постојано е присутна и опцијата ALL IN, којашто може да се употребува во било која фаза од играта и е доста моќна за застрашување на противникот,а исто така и добра алатка за блефирање, поготово во случај кога противникот има значително помал број на чипови од вас. Меѓутоа најважно е да се направи што е можно најдобра проценка пред да се изговорат овие два збора, зошто тоа е нож со две острици и секогаш постои опција за најлошото сценарио, односно да ги изгубите сите постоечки чипови.

The River (Петта карта на масата)

Одкако ќе се постави и петтата карта на масата, започнува нов циклус на обложувања по истиот принцип којшто неколкупати погоре беше спомнат и играчите повторно ги имаат погореспоменатите опции проследени од истите правила.

The Showdown (Решавачка )

Ако, после последната, 5-та карта (River), којашто е прикажана на масата, заедно со претходните четири, кои погоре ги спомнавме и после сите облози останат уште двајца, или повеќе играчи, задолжително ги покажуваат своите две, претходно поделени карти, со што се заклучува кој ја поседува најдобрата и најсилната рака, односно добитната комбинација и ги зема сите претходни влогови (облози). Во случај да постојат двајца, или повеќе играчи, со иста јачина на карти (што е редок случај но не и невозможен), облозите од масата се делат на еднакви делови. По согледувањето на победникот, картите ги собира дилерот ги размешува едно убаво и започнува нова делба на карти, а со тоа и нова рака и нови облози. Новиот дилер е следниот играч, после претходниот дилер, во насока на стрелките на часовникот, односно тој што претходно платил мала блајнда (мал облог) и така процесот се повторува постојано.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Ако, после последната, 5-та карта (River), којашто е прикажана на масата, заедно со претходните четири, кои погоре ги спомнавме и после сите облози останат уште двајца, или повеќе играчи, задолжително ги покажуваат своите две, претходно поделени карти, со што се заклучува кој ја поседува најдобрата и најсилната рака, односно добитната комбинација и ги зема сите претходни влогови (облози). Во случај да постојат двајца, или повеќе играчи, со иста јачина на карти (што е редок случај но не и невозможен), облозите од масата се делат на еднакви делови.
Значи двете карти што ги имам, треба да бидат во што подобра комбинација со тие пет карти што се ставени на масата за да добијам пари?
 
А

Ајсшутер

Гостин
Значи двете карти што ги имам, треба да бидат во што подобра комбинација со тие пет карти што се ставени на масата за да добијам пари?
Не е како што кажа туку тие 2 карти што ти се во рака треба да ти бидат што подобри во комбинација со тие доле пример во рака имаш 9,10 а доле имаш уште џандар, дама, поп и тогаш имаш 5 карти тогаш имаш силна рака или пак во рака од двете карти имаш еден кец и доле во картите имаш уште еден тоа ти е пар ама најак пар што постои и ако некој има пар поп тогаш ти зимаш зошто имаш појака рака мислам дека сега ќе ти стане јасно како што.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Не е како што кажа туку тие 2 карти што ти се во рака треба да ти бидат што подобри во комбинација со тие доле пример во рака имаш 9,10 а доле имаш уште џандар, дама, поп и тогаш имаш 5 карти тогаш имаш силна рака или пак во рака од двете карти имаш еден кец и доле во картите имаш уште еден тоа ти е пар ама најак пар што постои и ако некој има пар поп тогаш ти зимаш зошто имаш појака рака мислам дека сега ќе ти стане јасно како што.
А парот мора да биде по реден број или пак може да се направи пар по боја итн? Или пак да речеме, ако јас имам една Дама, може ли пар да направам со Дами од масата?
 
А

Ајсшутер

Гостин
А парот мора да биде по реден број или пак може да се направи пар по боја итн? Или пак да речеме, ако јас имам една Дама, може ли пар да направам со Дами од масата?
Неможеш боја да направиш ако имаш само еден пар мора да имаш 5 вкупно заедно со во твојата рака и на масата што се картите. И да ако имаш дама во рака и доле имаш 1 и повеќе исто така правиш пар.
Јачина на картите:
Royal Flush Најсилната и најдобра можна комбинција во Texas Hold'em покерот Десетка, Џандар, Дама, Крал, Единица. (Во ист знак).
Straight Flush Пет карти од ист знак во последователен редослед Девет, Десет, Џандар, Дама, Крал.
Four of a Kind Било кои четири, нумерички исти карти.
Full House Три исти со две исти нумерички карти.
Flush Пет карти во иста боја во било кој редослед.
Straight Пет карти од било која боја нумерички последователни една по друга.
Three of a kind Три карти од ист вид (Трилинг).
Two Pair Два различни пара на карти во рака.
Pair Еден пар на карти од ист вид.
High Card Највисока и најака можна карта во твојата рака е единицата а најниската е двојката.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Неможеш боја да направиш ако имаш само еден пар мора да имаш 5 вкупно заедно со во твојата рака и на масата што се картите. И да ако имаш дама во рака и доле имаш 1 и повеќе исто така правиш пар.
Горе-долу разбрав, фала ти многу:helou:
 

milanez4e

Milan Per Sempre
Член од
8 март 2009
Мислења
393
Поени од реакции
22
EEE македонци,нели бива на една маса да седнаме македонци или барем 2-3 да сме ајде на Texas HoldEm Poker ке влеземе и ке играме ,или па ке креираме приватна маса пишајте тука кој се согласува,имав 40,000 паднав на 7000 ауууууууу
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.356
Поени од реакции
2.248
Имав 3000, кога седнав направив 56000. Сега седнав се намалив на само 650.
Стварно е нервоза, многу ретко го играм ама ако му седнам го растурам или ме растурат. :)
 
А

Ајсшутер

Гостин
Јас вчера имав 10.000 сега имам 1.500.000+ :)
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
31
Gogo just won $63,000 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $42,652 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $36,000 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $57,802 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $22,770 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $103,500 chips in Texas Hold 'Em Poker!
Gogo just won $26,000 chips in Texas Hold 'Em Poker!


Ova vcera sabajle :vozbud:
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
jas imam 23000 :):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom