ПОЧНУВААТ ЧАСОВИ ПО ПРАВОСЛАВНА ВЕРОНАУКА И ДУХОВНИ СРЕДБИ ВО ЧАИР

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Браќа и сестри во Христа!

Ве известуваме дека во просториите на црковната Општина “Свети Георгиј Победоносец“ - Чаир, се организираат духовни средби на кои ќе можете да се запознаете со основите на Православната Христијанска Вера, со толкување на содржини од Светото Писмо (Библијата), а и да добиете совет или да побарате одговор за нешта кои се поврзани со вашиот спасителен Духовен Живот во Црквата.

1. Духовна средба за воведување и проучување на содржината на Светото Писмо (Библија) - секој вторник од 12 часот.

2. Духовна средба на која ќе можете да се запознаете со темелните вистини на Православната Христијанска Вера - секој четврток од 17 часот

3. Духовна средба на која сите оние кои учствуваат на заедничкото дело на Црквата - Светата Литургија, ќе може да предложуваат теми за предавања и разговори кои ќе се одржуваат секоја Недела (Господовиот Ден) по Литургијата

Предавач и одговорен за одржување на средбите е отец Ивица Тодоров.

За повеќе информации обратете се секој ден од 9 до 13 часот во просториите на свештеничката канцеларија на Црковната Општина “Свети Георгиј Победоносец“ - Чаир или на тел: 2622 - 455 / 070-380-817 (од 9 до 13 часот). Можете да пратите и е-меил на адресата: ivicatodor@yahoo.com

Со Духовните Средби и предавањата ќе започнеме од 28 април 2009 година.

Ваши во Христа,
свештеничкото братство на Црковната Општина “Свети Георгиј Победоносец“ - Чаир - Скопје​
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Се тоа убаво само мене ми е малку страв дали да го праќам детето таму. Слушам опасно било.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
На на вакви црковни собири. 4% од свештениците од Америка биле обвинети за полов напад на дете, бројка која се смета дека е барем два пати поголема во реалноста. Над 1 милијарда долари оштета за над 10 000 жртви. Мора да се пази.
И пред некој да рече дека такво нешто нема кај нас нека не се лаже. По еден куп скандали во Америка во Ирска и Британија реши да ја провери состојбата кај нив и дојде до отприлика истите бројки.
Така да треба да се пази каде се праќаат децата и кој е задолже да ги чува.
Нема поголема иституција која здомила педофили од самата црква.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Нема поголема иституција која здомила педофили од самата црква.
Малку ти е претенциозен заклучоков, ама во ред твое мислење.
За наведените случаи знам сум прочитал, дури најдов и дека во ватикан си направиле закон со кој ќе ги заштитат таквите свои свештеници. Од специјални фондови се покривале сите трошоци за подмитување на семејствата, за адвокати , за судии... се си е во ред тоа но постоењето на педофилија да се препише само кај свештениците ми е претенциозно.
Дали имаш податок колку просветни работници се педофили? Онака чисто информативно. :smir:
 
Има многу помалку судски случаи за сексуална злоупотреба во образовниот систем одколку во црквата. Не успеав да најдам точна бројка но се работи само за неколку изолирани случаи што не е случај со црквата.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
На на вакви црковни собири. 4% од свештениците од Америка биле обвинети за полов напад на дете, бројка која се смета дека е барем два пати поголема во реалноста. Над 1 милијарда долари оштета за над 10 000 жртви. Мора да се пази.
И пред некој да рече дека такво нешто нема кај нас нека не се лаже. По еден куп скандали во Америка во Ирска и Британија реши да ја провери состојбата кај нив и дојде до отприлика истите бројки.
Така да треба да се пази каде се праќаат децата и кој е задолже да ги чува.
Нема поголема иституција која здомила педофили од самата црква.
остај ја америка и британија далеку се за споредба...кој верува нека оди:toe:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
остај ја америка и британија далеку се за споредба...кој верува нека оди:toe:
далеко е и велес ако одиш пешки. А Америка делеко е ама е на исто растојание као пред 2 години кога ако прашавте некој за сериски убијци и педофилија во Македонија ќе ви речеше нема шанси ама денес види што се испадна.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
средбиве се неменети за поголеми, не се номинало за деца, но не е забрането и деца да присуствуваат
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да се надеваме дека комуњарско-уставниот суд нема и тоа да го забрани.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Да се надеваме дека комуњарско-уставниот суд нема и тоа да го забрани.
Тоа и да сака судот не може да го забрани. Тоа нема никаква врска со официјалниот државен образовен систем, туку си е чисто Црковна работа
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
На на вакви црковни собири. 4% од свештениците од Америка биле обвинети за полов напад на дете, бројка која се смета дека е барем два пати поголема во реалноста. Над 1 милијарда долари оштета за над 10 000 жртви. Мора да се пази.
И пред некој да рече дека такво нешто нема кај нас нека не се лаже. По еден куп скандали во Америка во Ирска и Британија реши да ја провери состојбата кај нив и дојде до отприлика истите бројки.
Така да треба да се пази каде се праќаат децата и кој е задолже да ги чува.
Нема поголема иституција која здомила педофили од самата црква.

Протестанти и католици.:nenene:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Протестанти и католици.:nenene:
Абе така викаа за многу работи нема кај нас ова она, немаше ни кај католиците додека не спроведоа истрага, кога спроведоа се виде што се има. А и кај не верувам дека се подобри, ако не гледавме пред некоја година киднапирања таму ги носеа во манстири девојките баш на Чуму се сеќавам ги даваа. А додека не се испита и провери за што никој до сега не сторил не може да се тврди дека нема.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Verskite organizacii imaat pravo da organiziraat verska nastava vo svoi objekti, toa nikoj ne moze da im go ospori.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Нека прават што сакаат во црквите и џамиите само подалеку од училиштата,когаљ испадна скандалон со попот и проститутката,пишав тема на форумов но мистериозно ми исчезна, иначе има и вгидео од развратниот поп кое наскоро се надевам кего постирам на форумов, иначе како тоа во редовите на безгрешните да има толку грешници
 
Kajgana Shop

На врв Bottom