Способен човек, и способен човек кој има реална моќ да се спротистави на една политика полна со популизам и егоцентризам, се два различни поима.
Популизмот кој го добива од опозицијата и инструментите нејзини? Се согласувам, самите го издигнавте на ова ниво.
А егоцентризмот е карактерика на СДСМ, проследен со “буржоаска“ ароганција.
Најважното е како, се спротивставува и како го симнува од власт.
Доколку тоа треба да биде исценирање на следен воен конфликт или нарушување на позициите на земјава, тогаш очигледно твојата политичка матрица е фалична.
Демек досега Бранко бил зафатен со функцијата Претседател па неможел соодветен отпор да му даде на Груевски?
Немој да ме смееш, незнам кого залажуваш.
Конците во опозицијата ги влече/ше Бранко, а сега нема потреба да го сокрива тоа бидејќи ја нема функцијата и неможе да му се коси вистинската намера.
Споредбата не ти е соодветна бидејќи откако Груевски ќе замине во опозиција, првиот ден ќе биде сменет од лидерската позиција во ДПМНЕ, а на виделина ќе испадне неговата виртуелната моќ која ја поседувал до тогаш.
А веќе вториот ден, ќе биде запаметен како најнеуспешниот премиер кој го имала Република Македонија во својата историја.
Споредбата ми е сосем на место, Груевски успеа да го наследи разцепканото ВМРО по Љупчо, со најлошиот можен имиџ кој му го остави.
СДСМ ја имаа кандидатурата во ЕУ, ја имаа според тебе “успешната“ политика во нивното владеење, а изгубија од младиот неискусен и неперспективен Груевски.
И губат во 3 наврати со катастрофален резултат.
Местото
најнеуспешен премиер во нашата историја веќе е зафатено од Бранко.
Барај друга категорија да се воведе.
Која е таа политика која нема да се смени ?
Чим ме прашуваш вакво нешто, неможам да очекувам да разбереш што ти пишувам.