Крајот е премногу контрастен од останатиот текст, не ми се допаѓа. Како да си го споила вештачки. Немаш аргументи во ниту еден дел од говорот. Искрено, воопшто не ми се допаѓа, немој да се лутиш. Според мене, мора да си многу добар говорник за да добиеш 2ро место со ваков анти-македонски говор. Сега ќе го ставам мојот.
Татко сексуално ја злоупотребувал својата седум-годишна ќерка, 75 годишен старец се изживувал врз петгодишни девојчиња. Возач на автобус ги задоволувал своите сексуални нагони пред деца сопатници. Средношколки протестираат за отстранување на нивниот професор по социологија затоа што недолично кон нив се однесувал....”Сето ова е веќе многу пати слушнато на вестите, но никогаш не му се дало посебно внимание и мој заклучок е дека во нашата држава на педофилијата се гледа како на команчи пред тотем- со возбуда, љубопитство- и несериозност. Само дваесет години е максималната казна за оној кој ке злостави предпубертетско дете, што ме доведува до втор заклучок, а тоа е дека во нашата држава е поисплатливо за еден криминалец да се бави со педофилија, отколку да шверцува батерии ,сунѓери ,сапунчиња ,спреови за комарци, жижици и петарди, бидејќи помала затворска казна му следи со блудничењето на предпубертетски деца отколку блудничењето на буџетот од државната каса.
Велат дека годишно во Македонија има 1000 жртви на сексуално насилство од облик на педофилија. Оваа бројка е чиста глупост и не се споредува ни приближно со вистинската. И сеуште-20 години затвор за драгите педофили, кои уште и ги правдаме како граѓани кои се доста успешни на професионален план , луѓе кои се болни, колку смешно нали-БОЛНИ, не биле тие виновни што сакаат да си бркнат младо мевце, макар било истото и предпубертетско... Педофилијата не е болест. Секоја болест напредува, се повлекува, се
лекува, а педофилијата не. Тоа е психичка состојба. Педофилите имаат значителен недостаток на бела маса, што е супстанца одговорна за поврзување на различни делови во мозокот.Затоа тие не можат да си сврзат 2 со 2 и да сфатат дека децата се нешто најскапоцено и дека ниеден хибрид не смее да прави ништо што би ги повредило, ма колку и да е нестабилен. А, да , не сум повторила одамна-20години затвор за таков нечовечен деликт, само 20 бедни години во кои го спасуваме малото дете од еден педофил, за да детето што ќе се роди по тие 20 е соочено со уште еден педофил плус. Каква е таа праведност и демократија?Зарем постои казна за одземеното детство, за траумите, несреќата, болката што детето во своите најбезгрижни денови ќе ја трпи но не и претрпи?
Само доживотен затвор му е мајката, а богами и таткото... Некој кој сторил такво недело, во иднина ако му се даде шанса само ќе го истото мултициплира. Кажете ми колку педофили некогаш откако излегле од затворите го поправиле своето поведение? Нула. Не, АПСОЛУТНА НУЛА, минус 273 степени. Исто на толку ми се симнува температурата на телото кога ќе ги слушнам дека бараат права на сексуална ориентација. Демек педофилијата била сексуална ориентација како хомосексуалноста. Мора да се превземаат значително ригорозни мерки , се додека не почат да си формираат и Партија за бранење на педофилските интереси по примерот на либералната Холандија која им рече ,,да” на изместените умови припадници на :Партијата за братска љубов, слобода и разновидност. Каква легитимност има таа партија за да одобрува сексуално насилство врз било кого а не пак дете? До каде може да оди светскиот неморал и неодговорност?
Колку и да ви изгледа почитувани, ова мое излагање престрого, афективно и конвенционално, јас сепак ќе се држам до него до крајот на мојот живот, бидејќи сум имала лично искуство со педофил, и иако не она најстрашното, сепак знам колку е тешко да се тоа заборави, преболи, поттисне. За нив немам апсолутно никакво разбирање, никаква дилема ни понатамошна дискусија, туку само реторичко прашање: До кога ќе ги гледаме на улица? До кога децата ќе ги сносат последиците? До кога само 20 години затвор, за некој кој уништил 20 животи и е во самиот старт на својата богата педофилска кариера?