СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бре мамето нивно.
Направија паника и сега? -ја следат состојбата. Дали се нормални?

Ова сега го дознав од колешките, паника низ школите до коска.
Децата од едно школо мора од утре со маски да доаѓаат, децата од друго школо со скратени часови, па сакале да бегаат од часови ради паника, па у автобус пожелно е маска (трт, ај влези без).

Дали разбираат министрите (здравство и образование) дека мора да прекинат настава пошто самите предизвикаа паника, а ништо не сторија за изолација?
Несаглам се...ние сме беспомошни нешто да сториме за подмладокот...а овие од горе следат ситуација. Неспособни.
 
И во Јосип Броз првиот случај се појави. И наместо да го изолираат класот да не иде на школо тие дури и физичко имаат со други два класа. :tapp: :tapp:


Кафани, дискотеки, училишта, тоа се`треба да се затвори на одредено време. На клиника (за Стоматологија зборам) веќе носат маски цело работно време.
 
Нас течни сапуни ни ставија нашколо како превентива, досега нема случај во гимназијава, ниту во градот мислам, сепак не треба да се паничи. Повеќе да се избегнуваат јавни собири, кафиња, излегувања и други работи. И битно е имунитетот да се одржува со витамини. Големи количини овошје.

Дали разбираат министрите (здравство и образование) дека мора да прекинат настава пошто самите предизвикаа паника, а ништо не сторија за изолација?
Несаглам се...ние сме беспомошни нешто да сториме за подмладокот...а овие од горе следат ситуација. Неспособни

Нема потреба мислам засега од затворање на училиштата, оти така треба да се затворат и јавните институции и сите други служби каде што има групно организарање на луѓе,а тоа би значело катастрофа!

Мислам дека ние сме меѓу државите кои се најмалку погодени, а со добри мерки на заштита,превентива во случај на пандемија.
 
Они чекаат 1 милион да се зарази со ова, па после ќе го спасуваат другиот милион. Вчера или завчера беше не ме држете на збор гледам на телевизија една изјавува (од СЗО ваљда беше незнам) ако ги затвориме училиштата треба и работните места на родителите. Добро бе, па детето во училиште има многу повеќе шанси да го закачи тој грип отколку неговиот родител. Имаше некој погоре добра математика направено за тоа како од 1 заболен може многу повеќе да се разболат во училиште. Јас вчера не бев, не се чувствував добро со здравјето. Денес ќе одам на лекар, да видам што е ова. Имам некои симптоми на свинскиов, ама да не зборам пред време.
 
Мислам дека ние сме меѓу државите кои се најмалку погодени, а со добри мерки на заштита,превентива во случај на пандемија.
Можеби Бобане, но ако споредиме со кризата во економијата кога велевме дека сме најмалку погодени, но за некој месец излезе дека допрва ќе се осетат последиците-да не испадне нешто слично.
Пошто признале или не, нашата исхрана е далеку посиромашна од онаа на развиените земји, следствено на тоа организмот потешко се бори со овие настинки, грипови...Од друга страна (пак од економски аспект) моја претпоставка е дека ради скапотијата на минерално витаминските суплементи и препарати за зајакнување на организмот, а сиромаштијата на населението, ова ќе се одрази подлабоко кај граѓаните. Да не ги спомнувам амбулантите и матичните кои немаат никаква опрема освен дрвено лажиче и стетоскоп, како у српско или бугарско. како тие ќе се борат, ќе ги праќаат сите во инфективна...тогаш која е функцијата на тие амбуланти -диспечери? Ова чисто онака си го размислувам.
Мислам, има аспекти кои би требало да се земат предвид (нормално дека ги земаат, но дали органите делуваат според нив-тоа е битно).
Инаку, сега е момент на превенција, после тоа кога ќе се деси епидемија повеќе не е.
Они чекаат 1 милион да се зарази со ова, па после ќе го спасуваат другиот милион.
Јеп, точно :)
 
Една работа, од новиов грип умираат повеќе него од обичниот но незначително повеќе.

Мерките кои се преземаат би требало да важат за сите типови сезонски грип. Маски, затварање школи на одреден период. додатно ц и д витамин но без вакцини!

Нешто што би требало да се направи на прво место кај сите типови грип досега не го кажуваат црна на бело:

Не им се бутајте на други во лице, не им кивајте и кашлајте во фаца туку исклучително во марамче! Драстично ќе се намалат сите инфекции ама тоа не кошта ништо па не дезинформираат со глупости и опасни неиспитани вакцини.

Срамота :nenene:.
 
Можеби Бобане, но ако споредиме со кризата во економијата кога велевме дека сме најмалку погодени, но за некој месец излезе дека допрва ќе се осетат последиците-да не испадне нешто слично.
Пошто признале или не, нашата исхрана е далеку посиромашна од онаа на развиените земји, следствено на тоа организмот потешко се бори со овие настинки, грипови...Од друга страна (пак од економски аспект) моја претпоставка е дека ради скапотијата на минерално витаминските суплементи и препарати за зајакнување на организмот, а сиромаштијата на населението, ова ќе се одрази подлабоко кај граѓаните. Да не ги спомнувам амбулантите и матичните кои немаат никаква опрема освен дрвено лажиче и стетоскоп, како у српско или бугарско. како тие ќе се борат, ќе ги праќаат сите во инфективна...тогаш која е функцијата на тие амбуланти -диспечери? Ова чисто онака си го размислувам.
Мислам, има аспекти кои би требало да се земат предвид (нормално дека ги земаат, но дали органите делуваат според нив-тоа е битно).
Инаку, сега е момент на превенција, после тоа кога ќе се деси епидемија повеќе не е.
Јеп, точно :)

За болдираното грешиш, кај нас се јаде најздрава храна, освен скопјани де, тие се повеќе на нездрава храна.
Сите знаеме дека цело лето највеќе јадеме пипер и домати,грав, леќа, па следи компир, зелка, моркови... итн. Следува овошјето во огромни количини, јаболки, круши, цреши, вишни, јагоди, сливи... и сите други овошки кои успеваат кај нас, а сепак се произведени кај нас. Сиромашни сме и јадеме зеленчици и овошје што се ефтини (растат кај нас), немаме пари секој ден на трпезата да имаме месо.
И млекото кај нас е највкусно(да си купиш од приватни произвоители) и најздраво

Додека во странство не е така, овошјето и зеленчукот, млекото и месото што тие го јадат не можат да се мерат со нашето.
 
Од обичен грип умираат 40.000 луѓе годишно а од свинскиот Х1Н1 досега 5.000, вакцината содржи опасни супстанции кои можат да доведат до оштетување на нервниот систем, или до болести како астма и дијабетис. Тоа е поради живата која е внатре, предвидено е да го стимулира имунитетниот систем, но кај голем процент се уништуваат клетки од имунитениот систем(шо го слушав професорот денес, иако тапа сум биологија :)))

Oчигледно е дека се е за профит работава. Повеќе од очигледно.
 
Кафани дискотеки не барем до крај на месецов.

море било какво мешање со луѓе треба да се избегне...треба да се подзатвориме малце...за наше добро...општтата свест треба да се крене...искачање по дискотеки идење по затворени простори...само маски носење...кај мораш мораш...кај не мораш НЕМОЈ ! ! ! преку школиве највише нек се испозаразиме да ти ебам и влада и кризен тим и све по свисок...ебате превентивните мерки...сапунчиња стаиле...у гс нека си ги бутнат комотно... јес да неќеме ние да идеме у школо али стварно треба да се затворат школиве на некое време...нека скратат програма нешо нека напраат...:salut::uvo:
 
14 нови заболени од новиот грип



10.11.2009 12:07



14 позитивни резултати на новиот тип на вирус А (Х1Н1) се регистрирани во текот на последните 24 часа известува лабораторијата на Институтот за јавно здравје по испитан материјал од вкупно 31 примерок.

Од нив петмина се ученици од гимназијата „Никола Карев“, двајца се од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“ и по еден ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, останатите се возрасни лица од кои дел патувале во странство.

Тодоров: Училишните екскурзии се одложуваат

Училиштата не се затвораат бидејќи се уште не е прогласена епидемија на новиот грип. Засега нема препорака и за носење заштитни маски, но се одложуваат сите екскурзии, изјави денеска министерот за образование Никола Тодоров.

„Според препораките на Светската здравствена организација, не треба да се преземаат чекори за затворање на училиштата, додека таква потреба не се востанови. Прво треба да се прогласи епидемија од новиот грип од типот А (Х1Н1), а потоа да се побара од основачот на училиштето-локалната самоуправа до Министерството за образование согласност за затворање на училиштето. Засега нема прогласено епидемија, никој не побарал од Министерството затворање на некое училиште и соодветно на тоа нема дадено согласност“, изјави Тодоров при денешната посета на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.


Никола Тодоров

Прашан дали ќе препорача носење заштитни маски на училиште, министерот за образование рече дека препорака за тоа дава Министерството за здравство.

„Ние во Министерството за образование, во ваков случај не сме компетентни да предлагаме мерки, ние само можеме да ги спроведуваме мерките кои се предложени од компетентни луѓе - доктори и епидемиолози“, додаде Тодоров.

Прашан зошто училиштата каде што има заболени ученици од новиот грип од типот А (Х1Н1) досега не се дезинфицирани, министерот за образование рече дека е информиран од Министерството за здравство оти секаде каде што ќе бидат потврдени случаи на свински грип, епидемиолозите ќе вршат дезинфекција на училиштето.

Состојбата со ширењето на новиот грип, како што посочи, активно ја следи Министерството за здравство, кое формирало кризен штаб што 24 часа ќе ја следи состојбата и ќе презема соодветни мерки.
 
За на школо, кај нас убавезно се проветрува училницата на секој пола час, тоа е многу корисно, и тие што не го практикуваат би било пожелно. Нечистата околина е идеална за вирусите, плус редовно миење на рацете, пред и после големиот одмор.
 
И во Јосип Броз првиот случај се појави. И наместо да го изолираат класот да не иде на школо тие дури и физичко имаат со други два класа. :tapp: :tapp:


Кафани, дискотеки, училишта, тоа се`треба да се затвори на одредено време. На клиника (за Стоматологија зборам) веќе носат маски цело работно време.
За блондираното сосема се согласувам.Време е да се преземе навистина нешто пред да биде доцна.
Не дај боже кај нас еден да се зарази цел град отиде по гаволите во истиот ден ......
И така ке си чекаме 100 000 илјади да си заболат, па потоа лек ке си бараме .Изгледа не ја сватиле онаа поговорка Подобро спречи, отколку да лечиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom