СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ajде пак:

1. Симптоми: исто како секој друг грип, изнемоштеност, гадење, температура итн. Симптомите траат 2-3 дена, потоа се’ се смирува одреден период (недела ли, две, или подолго не се знае точно). Болеста тогаш се развива. Ако не е откриена рано и третирана со лекови, можеш да умреш. Не се знае зошто некои умираат, а некои не.

2. Не се знае зошто вирусот ги напаѓа ПРЕТЕЖНО здравите луѓе на возраст од 30-45 год. Обично вирус напаѓа деца, стари, изнемоштени, итн.

3. Вирусот не се пренесува преку храна, барем така тврдат компетентн осовб (јас не им верувам!).

Сега јавија за случаи во Британија и Шпанија.

Нас ќе не одмине сигурно, но во Поранешната Отоманска Провинција Грција кога ќе им дојдат туристи сега...

Ако не им дојдат ќе им пропадне сезоната.:helou:
 
Знае ли некој дали има смртни случаеви во друга држава освен Мексико??
Инаку, веќе се слуша дека имале “лек’’ за вирусов, мада личи ддека е патка да не се шири паника.

А ова што слушам дека вирусот е намерно создаден и пуштен, луѓе дај уозбилете се.
Мене пак ми изгледа дека баш тоа е целта....да се исплаши народот и да се створи што поголема паника.
Па не иде овака рајата почна да протестира почна да буни оти светската криза им ги одзеде работните места.
Успаничена и исплашена раја е најлесна за владеење.:toe:
 
Терминот „свински грип“ не е соодветен, бидејќи вирусот не е откриен кај животните, објави здравствена организација

Терминот „свински грип“, со кој се нарекува појавената епидемија во Мексико, не е соодветен, бидејќи вирусот не е откриен кај животните, соопшти денеска Светската организација за контрола на здравјето на животните со седиште во Париз.

- Досега вирусот не е изолиран меѓу животните. Поради тоа не треба да ја нарекуваме оваа болест „свински грип“. Во минатото многу епидемии од животинско потекло биле именувани согласно географската положба, на пример „шпански грип“ (1918/19 година) или „азиски грип“ (1957/58 година). Затоа логично е оваа болест да се вика „северноамерикански грип“, објаснува меѓународната организација.

Таа уверува дека нема никакви докази вирусот да се пренесува преку храната и ги осуди трговските забрани, поставени од некои земји како Кина.

Израелскиот заменик министр за здравство Јаков Лицман денеска го смени името на оваа потенцијално смртоносна болест, со цел да не го спомнува името на животното чие месо не смеат да го конзумираат еврејските верници.

- Ќе го користиме терминот „мексикански грип“ за да не мораме да го изговараме зборот „свиња“, истакна Лицман.

Организацијата повика брзо да бидат извршени научни истражувања за да се определи отпорноста на животните кон новиот вирус.

- Ако тој предизвика заболување на животните, неговото проширување може да доведе до влошување на општественото здравје на светско ниво, предупредува организацијата.

Вируисот A/H1N1 на свинскиот грип е комбинација на човечки, свински и птичји грип, соопштуваат американски вирусолози од Центарот за контрола и прифилактика на заболувањата. Модифицираниот грип се пренесува од човек на човек дури и кога болниот се уште не покажува никакви симптоми на болеста. Дијагностицирањето на грипот дополнително се отежнува од фактот што неговите симптоми се карактеристични и за многу други обични настинки - висока температура, главоболка, сува кашлица, болки во мускулите и истоштеност.

Затоа за да се утврди болеста е потребна ДНК експертиза, сметаат специјалистите. Друга карактеристика на вирусот е што тој најмногу ги напаѓа младите луѓе.


Знае ли некој дали има смртни случаеви во друга држава освен Мексико??
Засега нема податоци за смртни случаи во Европа, но сега прочитав дека покрај Шпанија, регистрирани се два случаи со симптоми на свински грип во Чешка.
 
Епа читај од мојот пост на претходната страна, вакцините се откриени во Чешка!!!

Истата фирма која продала на Чешка, има продадено вакцини на 18 европски земји.

А јас колку што се сеќавам, Словенија донираше вакцини против заушки на Македонија и Словенија има купено вакцини од истата фирма.
 
Нема потреба од паника и страв, колку што дојде до кај нас птичјиот грип, тплку и ова ќе дојде
Без страв, може и свинско месо да се конзумира. а можам да замислам која паника владее во Америка и Мексико
 
Ај некој нека ми дефинира поблага в.с. појак тип на истиот вирус. Значи допрва е мутиран према кажувањата, а веќе има две варијанти?
И онаа потешката само мексиканци напаѓа, а оваа полеснава европејци и американци.

Абе ајде?!

И башка, смртни случаеви само во Мексико. Тоо weird.
 
ЛЕЛЕ! На моите од работа пред Велигден им дадоа од работа јагнешко и свинско. Јагнешкото го изедовме, ама пак свинското остана во фрижидерот. Дали ако одам сега во кујна да се напијам вода, а треба да поминам покрај фрижидер ќе настинам од грипот?
 
ЛЕЛЕ! На моите од работа пред Велигден им дадоа од работа јагнешко и свинско. Јагнешкото го изедовме, ама свинското пак остана во фрижидерот. Дали ако одам сега во кујна да се напијам вода, а треба да поминам покрај фрижидер ќе настинам од грипот?
Be afraid, be very afrad JovedolnacrtaBt!

А што е финтава со свинскиот грип?
Некој сака да направи паричка од продавање вакцини.
 
Aман. Пари да правеле, внимание од економската криза..

100 000 како шо прочитав од шпанскиот грип починати, и некој ќе си игра Господ?
Што е тука е, искрено јас сум загрижен од читање податоци, шпекулации и предвидувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom