- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
18. роденден на СДСМ
Заев вели дека опозициската партија од салонска ќе стане партија блиска до народот
Торта и коктел во седиштето на „Бихаќка“. Социјалдемократите го одбележаа 18-тиот роденден, непосредно по седницата на ЦО каде одлучија конгресот на кој Црвенковски се враќа на чело на партијата, да се одржи на 24 мај.
„Има грешки на коишто се вадевме дека не бевме полнолетни, се шалам, сакам да ве известам и да ја искористам приликата дека денеска ЦО донесе одлуки“, рече Зоран Заев.
Иако многумина го очекуваа присуството на Црвенковски и Глигоров, и двајцата не се појавија меѓу гостите, но затоа на партискиот роденден дојде нивниот претседателски кандидат Фрчкоски.
Заев иако смета дека СДСМ на последните избори направил чекор напред, самокритичен дека се досега тие не понудиле решенија со кои ќе допрат до граѓаните.
Торта и коктел во седиштето на „Бихаќка“
Верува дека опозициската партија по конгресот од салонска ќе стане партија блиска до народот.
„Некаде почетокот на летото да бидеме интензивни со нудење на пакет на економски мерки, вистински решенија во врвот на партијата, вистински активности на терен со нашите активисти и со граѓаните, поголема присутност, одбегнување на салонската политика, којашто беше наше минато - такви некои примери мораме во иднина да ги анулираме“, рече Заев.
На партискиот конгрес во мај ќе се гласа и доверба на Централниот и надзорниот одбор, но за кадровските решенија и новиот тим со кој ќе биде опкружен староновиот претседател, засега молк.
В.д. лидерот потврди дека тој ќе се најде меѓу луѓето од најблиското опкружување на Црвенковски, не знае дали покрај него ќе има место и за Шеќеринска и Бучковски, но вели на СДСМ му требаат сите на купче.
А1...
Ај честито полнолетството и памет у глава ....