P
Princ
Гостин
Македонската Влада на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот кој ќе се намали за околу девет проценти од актуелниот.
Премиерот Никола Груевски најави дека ќе бидат пролонгирани повеќе проекти како што се купување] амбасади, автобуси, проекти во МВР, во Министерството за одбрана, како и проекти на Агенцијата за млади и спорт, меѓу кои и изградбата на источната и западната трибина на стадионот во Скопје и други.
Тој нагласи дека засега не е предвидено вклучување аранжман со ММФ за владините мерки, јави МИА.
„Ребалансот на Буџетот вклучува намалување и на приходната и на расходната страна во просек од околу девет проценти. Сметаме дека врз основа на сегашните анализи и врз основа на резултатите за април, ова намалување ќе биде сосема доволно за да не се надмине проектираниот дефицит на Буџетот од 2,8 проценти“, нагласи вицепремиерот Зоран Ставревски.
Ставревски потенцира дека Владата цврсто се обврзува оти ќе го одбрани овој дефицит најмногу до 2,8 проценти кој, како што рече, претставува јасен сигнал дека ќе се задржи макроекономската стабилност и на девизниот курс на денарот за што и е направен ребалансот на Буџетот со такви значителни заштеди.
Извор
Ова беа најважни и најголеми планирани инвестиции на владава. Најпосакувани ми беа купувањето на автобуси и градењето на трибините на градскиот стадион. Ама тоа е. Имаме шмизли барем.