Владата го усвои ребалансот на Буџетот

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Македонската Влада на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот кој ќе се намали за околу девет проценти од актуелниот.

Премиерот Никола Груевски најави дека ќе бидат пролонгирани повеќе проекти како што се купување] амбасади, автобуси, проекти во МВР, во Министерството за одбрана, како и проекти на Агенцијата за млади и спорт, меѓу кои и изградбата на источната и западната трибина на стадионот во Скопје и други.

Тој нагласи дека засега не е предвидено вклучување аранжман со ММФ за владините мерки, јави МИА.

„Ребалансот на Буџетот вклучува намалување и на приходната и на расходната страна во просек од околу девет проценти. Сметаме дека врз основа на сегашните анализи и врз основа на резултатите за април, ова намалување ќе биде сосема доволно за да не се надмине проектираниот дефицит на Буџетот од 2,8 проценти“, нагласи вицепремиерот Зоран Ставревски.

Ставревски потенцира дека Владата цврсто се обврзува оти ќе го одбрани овој дефицит најмногу до 2,8 проценти кој, како што рече, претставува јасен сигнал дека ќе се задржи макроекономската стабилност и на девизниот курс на денарот за што и е направен ребалансот на Буџетот со такви значителни заштеди.

Извор

Ова беа најважни и најголеми планирани инвестиции на владава. Најпосакувани ми беа купувањето на автобуси и градењето на трибините на градскиот стадион. Ама тоа е. Имаме шмизли барем.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Кај се прави ребаланс на буџет бе за време на светска криза..:tapp:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Кај се прави ребаланс на буџет бе за време на светска криза..:tapp:
A кога треба да се прави? :toe:
Реорганизација се прави кога работите не одат по планот...а планиран беше мегаломански буџет кој нема од каде да се полни по планираното, па мора да се ребалансира...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Некој решил да се спушти од облаците!
.....видливоста била за нигде!
 
P

Princ

Гостин
Некој решил да се спушти од облаците!
.....видливоста била за нигде!
И тоа е многу фино, само сега нема да се остварат многу поважни проекти (барем за мене) како што се автобусите и градбата на трибините на градски, на сметка на шмизлата од 8 милиони евра и црквата на плоштад од незнам-колку милиони евра. Приоритетиве им се... ај ќе ќутам.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
супер
ние имаме и неколку џамии и една црква на плоштад шо значи барем стадионот нека го средат ако не друго :vozbud:


Битола за главен град !!! :baeh:
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
A кога треба да се прави? :toe:
Реорганизација се прави кога работите не одат по планот...а планиран беше мегаломански буџет кој нема од каде да се полни по планираното, па мора да се ребалансира...

Јас кога читкарав политика прочитав дека ризично е да се прави ребаланс на буџет за време на светска економска криза бидејќи постои ризик државата да пропадне во поголема криза..:)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Некој решил да се спушти од облаците!
Пратениците си го чуваат џебот

Пратениците не се расположени да се откажат од дел од платата и на тој начин скромно да му помогнат на државниот буџет, но и да покажат дека не се бесчувствителни на последиците од глобалната криза, која ја тресе и Македонија. Нема ни подготвеност да се отвори прашањето како избраните и именуваните функционери преку стегање на сопствениот ремен ќе придонесат во борбата против економската криза.За разлика од нашите парламентарци, веќе извесно време нивните колеги од Словенија и од Грција се со намалени плати. Како последица на кризата, која никого не заобиколува, во Србија со предлог-закон се предвидува кастрење на примањата на народните избраници. Хрватска за почеток ги замрзна собраниските плати.Македонските пратеници слушнале за овие потези на своите колеги, но велат дека не треба да се очекува од нив иста таква постапка, бидејќи не земаат високи плати како парламентарците од регионот.

- Платите ни се мали. Не треба да се гледа како постапуваат во регионот бидејќи тамошните пратеници земаат многу повеќе. Со кратење на нашите плати не се решава кризата. Каде би оделе тие пари што би ги издвоиле? Нема такви ставки во буџетот - дециден е пратеникот Рафиз Алити од ДУИ.Нето-платата на еден народен избраник во Македонија е околу 63.000 денари. Претседателите на собраниските комисии и потпретседателите земаат неколку илјади денари повеќе, а претседателот на парламентот секој месец на своето конто добива 89.500 денари. Ако се спореди со просечната македонска плата, пратеничката е три и пол пати поголема, а на претседателот на Собранието речиси пет пати.

- Јас си ја одработувам платата. Нека ни се крати платата кога и ние ќе земаме плати како во Србија и во другите земји во регионот. Но, таму платите на пратениците се далеку повисоки. Ако треба да се штеди, нека се прави тоа преку казни на пратениците што не си заработуваат ниту половина од платата - вели Роза Топузовска пратеник од ЛДП.Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи така како што ќе одлучат мнозинството пратеници.

- Ќе ги следам колегите. Инаку јас веќе одвојувам мал дел од платата за децата на загинатите бранители - објаснува таа. Нејзин партиски колега, кој сака да биде анонимен, вели дека жали што нема самоиницијативност кај пратениците од мнозинството и дека на кризата се' уште се гледа како на нешто далечно.

- Собранието е значајна институција и од нас треба да почне иницијативата што ќе ја следат сите избрани и именувани функционери во државава. Многумина се во разни управни одбори, регулаторни тела и комисии и земаат големи пари. Сега е време да им се скратат тие преголеми приливи - вели тој.Во тој правец со предлог-закон веќе реагира соседна Србија и сите екстра-бонуси на функционерите ќе се укинуваат до крајот на оваа година. Се намалуваат и платите на сите во администрацијата што имаат примања поголеми од 400 евра. Владо Бучковски од СДСМ во намалувањето на собраниската администрација го гледа примерот што треба да го даде парламентот во борба со кризата.

- Нека ги отпуштат штотуку вработените партиски војници во парламентот. На другите од администрацијата да им се замрзнат платите и потоа подготвен сум да прифатам откажување од дел од платата поради кризата - вели Бучковски.Други пратеници оставаат за ова прашање да одлучи Владата. Но, засега од таму нема такви најави. Дури останува и заложбата на Владата и овој септември да ја покачи платата на администрацијата, како и на пратениците, за 10 отсто, како што правеше и во изминатите две години. За тоа се предвидени пари во државниот буџет.
За плати на пратениците во Македонија годишно се издвојуваат околу 2,5 милиона евра.Грчките пратеници самите си поставиле „солидарен данок“ од 5 отсто, кој ќе се користи како помош за сиромашните, а ги замрзнале и платите до крајот на годинава. Словенечките пратеници веќе примаат намалени плати, а тоа се однесува и на сите други функционери. Хрватска ги замрзна платите за целата државна администрација.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=00336E4F5A2A0A43839294C4CA25A041

НАЗДРАВЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :nesvest::nesvest::nesvest:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Јас кога читкарав политика прочитав дека ризично е да се прави ребаланс на буџет за време на светска економска криза бидејќи постои ризик државата да пропадне во поголема криза..:)

Citkaraj poopshrino....:helou:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Пратениците си го чуваат џебот

Пратениците не се расположени да се откажат од дел од платата и на тој начин скромно да..........
:pos2::pos2:Немој не ме смеј..... ја се чудам како се уште не си ги корегирале платите во согласност со зголемените животни трошоци:vozbud::vozbud::pos2::pos2:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Со ребалансот буџетот се намалува за 9% или 173 милиони евра. Растот годинава ќе изнесува 1%, на исто толку е проектирана и инфлацијата. Ќе се одложи септемвриското покачување на платите за административците, се замрзнуваат и вработувањата во јавниот сектор,а ќе се кратат и сите останати трошоци.


Преку ЕИБ обезбедени се 100 милиони евра за поддршка на кредитирањето за микро, мали и средни претпријатија. Половина од парите за овие програми ќе одат преку МБПР половина преку комерцијалните банки од земјата. Основен услов за добивање кредит е да се задржи постојниот број на вработени.
Во таканаречените други мерки се вклучени намалување на трошоците за надоместоци за разни дозволи, потоа за транспортерите, за царинење, поедноставување на процедурите, итн. Владата одлучи да ги скрати парите за капитални инвестиции за некои нестопански проекти, но оние кои беа планирани во програмата за 2009 ќе бидат реализирани, меѓу нив и изградбата на црквата на плоштад. Предвидено е побрзо да оди раздолжувањето на државата кон фирмите, ДДВ да се плаќа на рати.

Буџетскиот дефицит и натаму останува 2,8%, а ќе се финансира преку задолжување кон комерцијални банки, издавање на евро обврзница или други начини кои ќе бидат утврдени деновиве. Важно е дека ќе се намали обемот на аукции со државни записи.

Овие мерки владата ги усвои во консултација со сите комори и експертската јавност.


http://www.sitel.com.mk/?ItemID=B94284723CFDEC4FAD2981DCC96498D8
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
И тоа е многу фино, само сега нема да се остварат многу поважни проекти (барем за мене) како што се автобусите и градбата на трибините на градски, на сметка на шмизлата од 8 милиони евра и црквата на плоштад од незнам-колку милиони евра. Приоритетиве им се... ај ќе ќутам.
Aman be....mamata!

Rebalans, a??!!!!


Crkvi i Shmizli....mamataaaa!!

Со ребалансот буџетот се намалува за 9% или 173 милиони евра. Растот годинава ќе изнесува 1%, на исто толку е проектирана и инфлацијата. Ќе се одложи септемвриското покачување на платите за административците, се замрзнуваат и вработувањата во јавниот сектор,а ќе се кратат и сите останати трошоци.


Преку ЕИБ обезбедени се 100 милиони евра за поддршка на кредитирањето за микро, мали и средни претпријатија. Половина од парите за овие програми ќе одат преку МБПР половина преку комерцијалните банки од земјата. Основен услов за добивање кредит е да се задржи постојниот број на вработени.
Во таканаречените други мерки се вклучени намалување на трошоците за надоместоци за разни дозволи, потоа за транспортерите, за царинење, поедноставување на процедурите, итн. Владата одлучи да ги скрати парите за капитални инвестиции за некои нестопански проекти, но оние кои беа планирани во програмата за 2009 ќе бидат реализирани, меѓу нив и изградбата на црквата на плоштад. Предвидено е побрзо да оди раздолжувањето на државата кон фирмите, ДДВ да се плаќа на рати.

Буџетскиот дефицит и натаму останува 2,8%, а ќе се финансира преку задолжување кон комерцијални банки, издавање на евро обврзница или други начини кои ќе бидат утврдени деновиве. Важно е дека ќе се намали обемот на аукции со државни записи.

Овие мерки владата ги усвои во консултација со сите комори и експертската јавност.


http://www.sitel.com.mk/?ItemID=B94284723CFDEC4FAD2981DCC96498D8
Sho kur be zamrznuvanje na 10 posto pokacuvanje...od sto ke ziveam ja be???

neka skratat plati na onie neproduktivnine debili u Sobranie i neka odlozat gradenje na crkvi i shmizli mamu im jebem.
 
P

Princ

Гостин
Мислам дека и оваа вест спаѓа за во темава.

Владата ја одложи задолжителната вакцинација против ХПВ за девојчиња од 12 години, наместо од септември за идната година.

Причина за ваквиот потег била економската криза. Владата се правда и со фактот дека Македонија е меѓу првите четири земји во светот која ја вовела во редовната вакцинација. Без ветената вакцина останаа и 10 илјади девојчиња на возраст од 9 до 26 години кои чекаа вакцините да бидат купени.

„Третата ревакцинација ќе си биде завршена и за тоа се обезбедени средства. Само задолжителното ќе биде одложено за следната година“, изјави Никола Груевски.

Министерот за здравство, Османи, вели дека ние не сме единствените кои го одлагаат овој проект. Неодамна Османи тврдеше дека нема ниту еден од крупните зафати во здравство нема да трпи поради кризата.

„Инаку, деновиве и Република Ирска го најави истото, поради економската криза, и тие го одложуваат воведувањето на ХПВ за идната година, така да тоа е во рамки на таа политика“, вели Бујар Османи, министер за здравство

А1 уште пред шест месеци објави дека виси владиниот проект за ХПВ вакцинацијата. Владата призна дека преамбициозно влетала во проектот, но категорично тврдеше дека во ниту еден момент нема да се откаже.

Проектот за ХПВ беше најавен помпезно со голема медиумска кампања, а и интересот кај граѓаните беше огромен бидејќи станува збор за вирус кој предизвикува рак на грлото на матката. Владата за овој проект требаше да издвои 3,5 милиони евра колку што чини вакцинирањето на една генерација девојчиња.
Извор
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во целава калакурница околу буџетот ако сме нормална држава (што е сомнително) прва жртва треба да биде Трајчето, да не чека никого и сам да си даде оставка...буџетот беше негов проект и тој од петни жили се бореше да се донесе како таков, што еве само за месец два се покажа и докажа како нереален...едно се желбите а сосем друго се можностите...ЈБГ..коњи се потковуваат а не жаби.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom