- Член од
- 29 април 2005
- Мислења
- 383
- Поени од реакции
- 35
Еј ги ди!!! Амандманска расправа на форум!Значи овој амандман ,
AMANDMAN IV
1. Gra|anite na Republika Makedonija, Makedonskiot narod, kako i gra|anite koi `iveat vo nejzinite granici koi se del od albanskiot narod, turskiot narod, vla{kiot narod, srpskiot narod, romskiot narod, bo{wa~kiot narod i drugite, prezemaj}i ja odgovornosta za sega{nosta i idninata na nivnata tatkovina, svesni i blagodarni na svoite predci za `rtvite i posvetenosta vo nivnite zalo`bi i borba za sozdavawe samostojna i suverena dr`ava Makedonija ....
треба повторно да се смени и тоа според тебе треба да гласи-
Граѓаните на Република Македонија, македонците,албанците,турците,власите,србите,ромите,бошњаците преземајќи ја одговороста за сегашноста и иднината на нивната татковина.
Тука имаш проблем, дали македонците се македонци и дали албанците се македонци или би се чувствувале како македонци а тоа те води кон поделба па затоа...

Прифаќам!!!
Одговорот е: Згрешка си!!!:smir:
Според логиката, здравиот разум и резон, веќе глобално потврдената формула за успешен модел на уредување на држава, па и мене тој амандман треба да гласи вака:
Македонија КАКО национална држава на Македонскиот народ суверенитетот го носат сите нејзини правно регулирани граѓани кои живеат во нејзините граници...
Продолжувањето би одело или вака (полабава дефиниција):
а се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите
или вака (поцврста дефиниција):
со потекло од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите
...преземајќи ја одговороста за сегашноста и иднината на нивната татковина, почитувајќи ги културното и јазичното наследство на нивните предци...
Ова повеќе би го дефинирал како намерно оставен простор заради постоењето на можноста за етничко манипулирање со населението. Со цел концентрацијата да биде повеќе на „етничките“ отколку на вистинските вредности кои го сочинуваат благодетниот живот.1.Со сегашната преамбула албанците,турците,власите,србите,ромите имаат уставна основа за формирање покраина.
Идејата на г. Руфи Османи е да искористи веќе постоечка состојба за стекнување на што повеќе симпатизери и членови. Со мојот предлог нема потреба од „дигање на повисоко ниво“ бидејки сите жители се носители на суверенитетот. Нема „порамноправни и понерамноправни“ и затоа нема потреба од етничко манипулирање.2.Идејата на Руфи Османи ги подига албанците на повисоко ниво,државотворно,рамноправно со македонците оставајќи ги во позадина другите малцински народи.
Ова води кон можност за создавање на две федерални држави.
Патем, не постои повисоко ниво во една национална (Германија, Франција, Данска и др.) и мулткултурна држава (Австралија, Канада, САД и др.) од граѓанин, жител, носител на сувереноста, освен ако некој има неблагородни (благо речено), намери. Тогаш што и да кажеш нема да чини.
Се согласувам со твојот предлог, одличен е, но сепак тука не се земаат во вид, да ги речеме, благо речено, специфичните услови кои ги имаме!!!3. Јас сум за граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговороста за сегашноста и иднината на нивната татковина, почитувајќи ги културното и јазичното наследство на нивните предци ...
Ова води кон рамноправна држава на сите граѓани без разлика на нивната етничка,верска припадност па кој сака, како си сака нека се чувствува и нека си ја чува културата,јазикот,традицијата итн.
Тие „специфични услови“ директно негативно и тоа мошне сериозно влијаат врз две третини од нашето население. Тоа, мора да признаеш, е сериозна бројка од нашето население кое има проблем што генерира многу други проблеми исто така преку тој проблем се кочат и други поволни процеси и мора да се реши доколку се има барем грам здрав разум и искрени намери.
Со прогласување на Македонија како национална држава на македонскиот народ се решава проблемот на македонците, а со граѓанскиот концепт на уредување (сите се носители на сувереноста) се спречуваат можностите за „етничко“ манипулирање со населението заради туѓи интереси. Се запира или во најмала рака многу се отежнува одржувањето на оваа контролирана нестабилност која ја имаме што ни ги спречува вишите (реалните) цели.